Телепатија
Телепатија (грчки τηλε, теле значи „далечина“, а патија значи „влијаење“) се однесува на пренос на инфомрации преку мисли или чувства меѓу индивидуалци, на поинаков начин, а не со користењето на петте класични сетила.[1] За човекот кој е способен да користи телепатија се вели дека е способен да ги чита мислите на другите луѓе. Телепатијата заедно со психокинезата спаѓа во главната гранка на истражувања на парапсихологијата. Напишани се бројни студии во обид да се истражи и да се разбере телепатијата.
Телепатијата е честа тема во научната фантастика, каде суперхероите ја имаат оваа способност.
Телепатијата во парапсихологијата
[уреди | уреди извор]Во рамките на парапсихологијата, телепатијата се смета за облик на вонсетилно восприемање (ESP). Често се става во категорија со прекогницијата и јасновидост.[2] Користени се различни експерименти за да се тестираат телепатските способности. Меѓу најпознатите е употребата на Зенерови карти и Ганцфелдски експеримент.
Зенеровите карти се карти обележани со пет различни симболи. Се користат во пар, каде едниот учесник е „испраќач“ на информацијата, а другиот „примач“. Испраќачот по случаен избор зема една карта и го визуелизира симболот на неа, а примачот треба да ја погоди картата. Статистички, 20% од шпилот карти можат да се погодат сосема случајно, па според тоа за да се сфати како способност за телепатија треба да бидат погодени повеќе од 20% од картите.[3]
Видови на телепатија
[уреди | уреди извор]Парапсихологијата опишува неколку различни форми на телепатија, меѓу кои спаѓаат латентната, скриена телепатија и прекогнитивната телепатија.[1]
Латентната телепатија, е опишана како трансфер на податоци преку „пси“ за време на преносот.[4]
Прекогнитивната телепатија е опишана како трансфер на податоци преку „пси“ за идната состојба на умот на поединецот.[1]
Скептицизам и контроверзност
[уреди | уреди извор]Полето кое ги проучува паранормалните феномени како што е телепатијата се нарекува парапсихологија. Постои општа согласност меѓу парапсихолозите дека некои случаи на телепатија се реални.[5][6] Скептиците, пак, велат дека случаите на очигледна телепатија се резултат на измама или лажење на себеси, и дека телепатијата не постои како паранормална способност.[7]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Парапсихолошки термини - Телепатија Архивирано на 27 септември 2006 г. — Parapsychological Association, Retrieved 19 декември 2006
- ↑ Glossary of Parapsychological terms - ESP Архивирано на 11 јануари 2011 г., Parapsychological Association, Retrieved 19 декември 2006
- ↑ Carroll, Robert (2006-02-17). „Zener ESP Cards“. The Skeptic's Dictionary. Посетено на 2006-07-18.
- ↑ Rennie, John (1845), "Test for Telepathy", Scientific American,V3#1 (1847-09-25)
- ↑ „Што е парапсихологија?“ Архивирано на 8 март 2009 г. From the FAQ of the website of the Parapsychological Association, Retrieved 3 февруари 2007
- ↑ "What is the state-of-the-evidence for psi?" Архивирано на 26 февруари 2009 г. From the FAQ of the website of the Parapsychological Association, Retrieved 3 февруари 2007
- ↑ Skepdic.com on ESP, Retrieved 22 февруари 2007
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Развивање на телепатијата Архивирано на 15 јуни 2006 г. (англиски)
- Калифорниски институт за технологија Архивирано на 2 април 2007 г. статија за употреба на имплантирани електроди
- Статија за природата на Невронауката Архивирано на 5 февруари 2009 г.
- Физичарот Ник Херберт размислува за моментална комуникација Архивирано на 14 мај 2006 г. (англиски)
- Примарниот квантен модел за телепатија (PDF) Архивирано на 18 март 2006 г.
- Експериментот на Соул-Голдни - критика на експериментот
- Сонот и телепатијата Архивирано на 1 октомври 2011 г. (англиски)
|