Историски, Татарите се едно од монголските племиња и зборуваат на монголски јазик. Покорени од Џингис Хан, подоцна се вклучуваат во монголските напади врз Азија и Европа. Името ,,Татари" средновековните писатели го изведуваат од името на Тартар, грчки бог на подземниот свет, како поврзување со бруталноста на татаро-монголските орди во Европа. Така името ,,Татари" е употребувано за опис на сите народи кои прегазиле делови од Азија и Европа под водство на Монголците во 13 век. Подоцна под истото име се подразбираат речиси сите номадски освојувачи од Азија, независно дали се од Монголија или од крајните западни делови на Азија. До почетокот на 20 век, Русите со името ,,Татари" именуваат бројни народи, почнувајќи од Азерите до сибирскитеплемиња.
Денешните Татари потекнуваат од населението на наjзападниот дел на монголската држава — Златна Орда, која опфаќа делови од денешна Украина, Русија и Казахстан. Таму Татаро-Монголците биле малуброjни и се измешале со локалното кипчачко (куманско население), како и со други постари народи како Прабугарите. Кипчачкиоттуркиски јазик се наложил како доминантен и се зборува во различни дијалекти од денешните Татари. Подоцна Златната Орда се разделила на неколку делови, меѓу кои се и Казањското, Астраханското и Кримското Ханство.