Талдикорган
Талдикорган Кугалы | ||
---|---|---|
Поглед кон споменикот на Кадир Али-бег | ||
| ||
Место во Казахстан | ||
Координати: 45°01′0″N 78°22′0″E / 45.01667° СГШ; 78.36667° ИГД | ||
Земја | Казахстан | |
Покраина | Алмати | |
Основан | 1868 | |
Станус на град | 1944 | |
Управа | ||
• Аким (градоначалник) | Јермек Алписов | |
Површина | ||
• Градска | 74 км2 (29 ми2) | |
Надм. вис. | 600 м | |
Население (2013) | ||
• Градско | 29,960 | |
• Густина | 1,184/км2 (3,070/ми2) | |
• Метро | 146,844 | |
Час. појас | Источна (UTC+6) | |
Поштенски код | 040000 - 040012 | |
Повик. бр. | 72822 | |
Рег. таб. | B, V, 05 | |
Мреж. место | taldykorgan.gov.kz |
Талдикорган (казашки: Талдықорған / Taldıqorğan / تالدىقورعان), порано познат како Талди-Курган (руски: 'Талды-Курган', сè до 1993), е административниот центар на покраината Алмати, Казахстан. Население:
123,038 жители (2009);[1] 97,996 жители (1999).[1] Поголемиот дел од населението се казаци.
Образование
[уреди | уреди извор]Талдикорган има сеопфатен образовен систем, Вклучувајќи универзитет, институти, институции, технички колеџи, средни школи и градинки. Постојат 27 јавни здравствени установи, театар, забавни паркови, библиотеки, градско кино, стадион, спортски комплекс и базени за пливање. Сите овие установи не се одржувани како што треба од нивната изградба во времето на СССР.[2]
Демографија
[уреди | уреди извор]Етничкиот состав на населението во Талдикорган според пописот од 2010 година е следниот :[3][4]
- казаци - 93,156 (64.96%)
- руси - 36,532 (25.47%)
- корејци - 5,172 (3.61%)
- татари - 2,783 (1.94%)
- германци - 1,581 (1.10%)
- украинци - 1,071 (0.75%)
- ујгури - 962 (0.67%)
- чеченци - 354 (0.25%)
- узбеки - 302 (0.21%)
- белоруси - 177 (0.12%)
- азербејџанци - 130 (0.09%)
- полјаци - 123 (0.09%)
- киргизи - 102 (0.07%)
- други - 962 people (0.67%)
Превоз
[уреди | уреди извор]Талдикорган поседува аеродром кои ги услужува поголемиот дел од казахстанските и руски градови, додека пак со воз е поврзан со Централен Казахстан, Средна Азија, Русија, балтичките држави и со Народна Република Кина.
Спорт
[уреди | уреди извор]Градот има футбалски клуб, ФК Жетису Талдикорган.[5][6]
Забележителни граѓани
[уреди | уреди извор]- Андреј Кивилев (1973 - 2003) - професионален велосипедист.
- Сергеј Водопјанов (роден 1987) - Руски аматерски боксер, добитник на злато во категорија банта на светското аматерскo боксерско првенство во 2007 година.
- Алибек Булешев(роден 1981) - фудбалер.
- Готлиб Владимир (роден 1942) - Проф. д-р. институтот Лвив на за физичко образование (Украина), магистратурант на спорт (пливање). Моментално живее во Германија.
- Мират Сарсембаев (роден 1986) - ааматерскi боксер, познат по освојувањето на бронза во категорија мува на светскoтo аматерскo боксерско првенство во 2005 година.
- Виктор Сидоренко (роден 1953) - сликар, куратор, наставник, автор на дела и фотокомпозиции како и на научни трудови, член и замаеник претседател на Украинската академија за уметностите.
- Маријан Хандверкер (роден 1944) режисер
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Население Республики Казахстан“. Департамент социальной и демографической статистики. Посетено на 8 December 2013. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „kz2009Census“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ http://www.advantour.com/kazakhstan/almaty/taldykorgan.htm retrieved 2007-07-27
- ↑ „Агентство Республики Казахстан по статистике. Численность населения Республики Казахстан по областям, городам и районам, полу и отдельным возрастным группам, отдельным этносам на начало 2010 года“. Архивирано од изворникот на 2012-06-27. Посетено на 2014-10-11.
- ↑ Национальный состав населения Казахстана по переписи 2009
- ↑ http://www.brandsoftheworld.com/countries/kz/121815.html Архивирано на 30 септември 2007 г. retrieved 2007-07-27
- ↑ http://www.soccerway.com/match/super-league/fc-zhetysu-taldykorgan/fc-irtysh-pavlodar/450289/ retrieved2007-07-27
Литература
[уреди | уреди извор]- Bozdaqtar. Taldyqorghan oblysy, 1995, ISBN 5-89800-067-4
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Taldykorgan Архивирано на 15 јануари 2008 г.
- Portal of Taldykorgan Архивирано на 27 јуни 2007 г.
- 2007 Soccer team[мртва врска]
|
|