Средно време по Гринич
сино | Западноевропско време (UTC+0) Западноевропско летно време (UTC+1) |
светлосино | Западноевропско време (UTC+0) |
црвено | Средноевропско време (UTC+1) Средноевропско летно време (UTC+2) |
беж | Источноевропско време (UTC+2) Источноевропско летно време (UTC+3) |
жолто | Калининградско време (UTC+2) |
зелено | Московско време (UTC+3) |
летно сметање на времето
Средното време по Гринич (крат. GMT, од англ. Greenwich Mean Time) — поим што првично го означувал средно сончево време на Кралската опсерваторија во Гринич, Лондон. Може да се рече дека ова време е истоветно на координираното универзално време (UTC) и кога се смета за часовен појас, името „средно време по Гринич“ наоѓа особена примена во организациите поврзани со Велика Британија како што се Светската служба на Би-Би-Си,[1] Кралската морнарица, Метеролошката служба на Британија и други.
Пред воведувањето на UTC на 1 јануари 1972, средното време по Гринич (наречено и „зулу-време“) било исто со универзалното време (UT), што претставува стандарден астрономски концепт кој наоѓа примена во голем број на технички полиња. Астрономите повеќе не го користат поимот „средно време по Гринич“.
Во Британија GMT важи само во текот на зимата. Лете важи британското летно време. GMT е исто со западноевропското време.
Пладнето според средното време по Гринич не е секогаш моментот кога пладневното сонце го преминува гриничкиот меридијан. Ова се должи на нерамномерната брзина на Земјата во елиптичната орбита и нејзиниот осен наклон. Самиот физички настан може временски да се разликува за (највеќе) цели 16 минути од пладнето по GMT (недоследност позната како часовна равенка). Ова измислено средно сонце претставува годишен просек на нерамномерното движење на вистинското Сонце, што е причината за зборот „средно“ во средното време по Гринич.
Историски, поимот GMT се однесувал на два начина на сметање на времето, зависно од тоа дали денот почнува од полноќ или пладне. Поимите UT и UTC се недвосмислени бидејќи кај нив нултиот час отсекогаш бил на полноќ.
Историја
[уреди | уреди извор]Кога Британија станала напредна поморска сила, секој британски брод имал барен по еден времемерач (хронометар) наместен на GMT за да може да ја пресмета неговата географска должина во однос на гриничкиот меридијан, кој договорно се смета за нулти меридијан (прифатено ширум светот во 1884). GMT не се однесувало на времето на самиот брод, кое и понатаму било сончево време. Поради големиот морепловен сообраќај и врски на Британија, GMT било прифатено ширум светот како упатно време, независно од местоположбата. Највеќето часовни појаси се изразувале во часови и половини часови „понапред од GMT“ или „поназад од GMT“.
Средното време по Гринич во е првпат усвоено од Железничката управа на Велика Британија во 1847, и следната година прифатено од речиси сите железнички превозници. Постепено низ годините GMT наоѓало разни други примени, но во 1858 е досудено дека службено време мора да биде „локалното средно време“. Ситуацијата се изменила во 1880, кога GMT станало законски пропишано време низ сета Велика Британија. GMT was adopted on островот Ман во 1883, Џерси во 1898 и Гернзи во 1913. Ирска го усвоила GMT во 1916, укинувајќи го даблинското средно време.[2] На 5 февруари 1924 започнало емитувањето на часовни сигнали од Гриничката опсерваторија, со тоа исфрлајќи ја од употреба часовната топка.
Вртењето на земјата во текот на едно деноноќие е помалку неправилно и полека забавува. Затоа се користат атомски часовник кои се многу постабилни. На 1 јануари 1972, GMT е заменет како меѓународно упатно време со координираното универзално време (UTM), кое се одржува со низа атомаски часовници на разни места во светот. Универзалното време (UT), a term introduced in 1928, initially го означувало средното време во Гринич утврдено по традиционален пат, во склад со првично определениот универзален ден. На 1 јануари 1956 (по одлука на IAU) овој „сиров“ облик на UT ја добил ознаката UT0 и потоа бил практично заменет со повточнетите облици UT1 (UT0 прилагодено на ефектите од поместувањето на половите[3]) и UT2 (UT1 прилагодено на сезонските варијации во вртењето на Земјата). Денес при одредувањето на UTC се одзема или додава престапни секунди, така одржувајќи го во опсег од 0,9 секунди од UT1.
Часовен појас
[уреди | уреди извор]Земјите означени со темносина боја на картата го користат западноевропско летно време и лете го поместуваат часовникот за еден час понапред. Во Британија ова време се нарекува британско летно време (BST); во Ирска се нарекува ирско стандардно време (IST)[4] — и се менува во GMT зиме. Земјите означени со светлосина боја користат UTC/GMT/WET преку целата година.
Недоследности помеѓу пропишаното и географското време по Гринич
[уреди | уреди извор]Покрај географските, постојат и политички и економски критериуми при утврдувањето на часовните појаси. Затоа часовните појаси не се совпаѓаат точно со меридијанските линии. Земено чисто географски, појасот „GMT“ би се протегала точно помеѓу меридијаните 7°30' ЗГД и 7°30' ИГД. Но поради претходно споменатото, постојат места во Европа чие физичко време е UTC, но всушност користат друг часовен појас (особено UTC+1). Од истите причини, има и подрачја во Европа што користат UTC, иако физички се во појасот UTC−1 (на пр. најголемиот дел од Португалија), па дури и UTC−2 (најзападниот дел на Исланд). Бидејќи појасотпојасот UTC во Европа е „поместена“ на запад, на само 1°45' ИГД, Лоустофт во Англија е најисточното населено место во Европа кајшто важи UTC. Еве список на „недоследности“:
- Земји (или делови однив) западно од of 22°30' ЗГД (физички UTC−2) што користат UTC
- Најзападниот дел на Исланд, вклучувајќи го северозападниот полуостров со најважното населено место Исафјердир, кое се наоѓа западно од 22°30' ЗГД, користи UTC. Бјаргтангар, е најзападното место каде што важи UTC.
- Земји (или делови однив) западно од 7°30' ЗГД (физички UTC−1) што користат UTC
- Канарски Острови (Шпанија)
- Најголемиот дел од Португалија, вклучувајќи ги Лисабон, Порто, Брага, Авеиро и Коимбра. (Само најзападниот дел е на исток од 7°30' ЗГД, вклучувајќи ги градовите како Браганса и Гварда). UTC се користи и на Мадејра, која е уште позападно.
- Западниот дел на Ирска, вклучувајќи ги градовите Корк, Лимерик и Голвеј.
- Најзападниот дел на Северна Ирска, вклучувајќи го административниот центар на грофовијата Фермана, Енискилен
- Крајниот западен дел од Надворешните Хебриди, западно од Шкотска.
- Микинес - најзападниот остров од групата Фарски Острови (автономен регион во рамките на Данското Кралство)
- Исланд, вклучувајќи го Рејкјавик
- Земји (претежно) помеѓу меридијаните 7°30' ЗГД и 7°30' ИГД (физички UTC) што користат UTC+1
- Шпанија (освен Канарските Острови, кои користат UTC). Делови од Галисија се впрочем западно од 7°30'ЗГД (физички UTC−1), додека пак нема шпанска територија источно од 7°30' ИГД (физички UTC+1). Шпанското време е непосреден резултат на претседателскиот указ на Франциско Франко[5] со кој се напушта гриничкото средно време (UTC) и се заменува со UTC+1 за Шпанија да биде „во чекор со времето во други европски земји“.[6][7] Причината за овој указ најверојатно е потребата земјата да усогласена со нејзините сојузници како нацистичка Германија и фашистичка Италија. Во указот стои и одредба за подоцнежно укинување на ова време[7], но тоа досега не е направено. ПОради оваа политичка одлука, Шпанија е два часа понапред од нејзиното локално средно време во текот на летото (еден час зиме).
- Најголемиот дел од Франција, вклучувајќи ги градовите Париз, Марсеј и Лион. Само мали делови од Алзас, Лорена и Прованса се наоѓаат источно од 7°30' ИГД (физички UTC+1).
- Белгија
- Холандија
- Луксембург
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Радиочасовник
- Поморски хронометар — synchronised with GMT, and used by ships to calculate their longitude
- Западноевропско летно време
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Што е тоа GMT? - Светска радиослужба на Би-Би-Си Note that all broadcasters now transmit atomic time signals.
- ↑ Myers (2007).
- ↑ UT1 - објаснување на страницата на IERS Архивирано на 14 мај 2013 г. (англиски)
- ↑ Standard Time Act, 1968.
- ↑ „BOE Orden sobre adelanto de la hora legal en 60 minutos“. Посетено на 2 декември 2008.
- ↑ „B.O.E. #68 03/08/1940 стр. 1675“. Посетено на 2 декември 2008.
- ↑ 7,0 7,1 „B.O.E. #68 03/08/1940 p.1676“. Посетено на 2 декември 2008.
Литература
[уреди | уреди извор]- Dumortier, J, Hannelore, D, & Loncke, M. (n.d.). "Legal Aspects of Trusted Time services in Europe" Архивирано на 29 јуни 2007 г.. AMANO Архивирано на 29 јуни 2007 г.. проверено на 8 July 2009.
- Howse, D. (1997). Greenwich time and the longitude. London: Philip Wilson.
- Interpretation Act, R.S.C. 1985, c. I-21. (2005). CanLII. (Canadian statute)
- Interpretation Act 1978. UK Law Statute Database. (UK statute)
- Interpretation Act 2005. British and Irish Legal Information Institute. (Irish statute)
- Маерс, Џ. (2007). Историја на пропишаноо време во Британија проверено на 4 јануари 2008 (англиски)
- Seago, J.H., & Seidelmann, P. K. (~ 2001). „Правни услови за координација со Универзалното време“ - Стив Ален од Опсерваториите на Калифорнискиот универзитет. проверено на 8 јули 2009 (англиски)
- Шесте пипкања - Вести на Би-Би-Си. проверено на 9 јули 2009 (англиски)
- Standard Time Act, 1968. Irish Statute Book. Office of the Attorney General. (Irish statute)
- Standard Time (Amendment) Act, 1971. British and Irish Legal Information Institute. (Irish statute)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Средно време по Гринич (англиски)
- Светска карта на часовните појаси со моментално време (англиски)
- NIST — Часовни скали во светот Архивирано на 29 јули 1997 г. (англиски)