Западноевропско време
сино | Западноевропско време (UTC+0) Западноевропско летно време (UTC+1) |
светлосино | Западноевропско време (UTC+0) |
црвено | Средноевропско време (UTC+1) Средноевропско летно време (UTC+2) |
беж | Источноевропско време (UTC+2) Источноевропско летно време (UTC+3) |
жолто | Калининградско време (UTC+2) |
зелено | Московско време (UTC+3) |
Западноевропското време (крат. WET од англиски: Western European Time; UTC±00:00) — часовен појас што опфаќа делови од западна и северозападна Европа. Појасот го користат следниве земји и региони:
- Североисточен Гренланд (Данмарксхавн и околината)
- Ирска, од 1916 г, освен во 1968–71 г.
- Исланд, од 1968 г.
- Канарски Острови, од 1922 г.[1] (остатокот од Шпанија користи CET, т.е. UTC+1)
- Обединето Кралство и териториите Каналски Острови и Ман, каде правно се нарекува Средно време по Гринич (GMT) и служи како стандардно време во Англија, Шкотска и Велс уште од 1847 г, и во Северна Ирска од 1916 г.
- Португалија, од 1911 г, со извесни паузи (освен Азорите, UTC-1)[2]
- Фарски Острови, од 1908 г.
Сите горенаведени земји освен Исланд применуваат летно сметање на времето, што значи дека се префрлаат на западноевропско летно време (WEST, UTC+1), кое е еден час понапред. Во Британија ова се нарекува „британско летно време“.
Појасот во теорија се протега од 7,5° ИГД до 7,5° ЗГД (0° ± 7,5°), но WET не се применува во Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Гибралтар и Шпанија, кои користат средноевропско време (CET), иако сите тие се целосно (освен дел од Франција) западно 7,5° ИГД. Обратен случај се Исланд и Источен Гренланд, кои се вклучени во WET иако обете се западно од 7,5° ЗГД.
Во минатото
[уреди | уреди извор]Западноевропското време во минатото се користело и во други европски земји, земајќи го тогашниот Париски меридијан како појдовна линија:
- Андора (1901-46)
- Белгија (1892-1914 и 1919–1940)
- Гибралтар (1880-1957)
- Луксембург (1918-40)
- Монако (1911-45)
- Франција (1911-40 и 1944–45)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Еден час помалку во Канарија: Историско-правен осврт“. Универзитет на Лас Палмас де Гран Канарија. 2006. Архивирано од изворникот на 2013-06-08. Посетено на 7 декември 2012. (шпански)
- ↑ „Часовни појаси во Португалија“. Statoids. Посетено на 18 октомври 2011. (англиски)