Прејди на содржината

Сеул

Координати: 37°33′59.53″N 126°58′40.69″E / 37.5665361° СГШ; 126.9779694° ИГД / 37.5665361; 126.9779694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сеул
서울
Специјален град
Лого на Сеул
Амблем на Сеул
Сеул во рамките на Јужна Кореја
Сеул во рамките на Јужна Кореја
Координати: 37°33′59.53″N 126°58′40.69″E / 37.5665361° СГШ; 126.9779694° ИГД / 37.5665361; 126.9779694
Земја Јужна Кореја
РегионПрестолнинско подрачје Сеул
Реони
Управа
 • ВидГрадска управа
Градоначалник-совет
 • Градоначалникв.д.
 • СоветГрадски совет на Сеул
Површина[1]
 • Специјален град605,21[1] км2 (Formatting error: invalid input when rounding ми2)
Население (2011[2])
 • Специјален град10,581,728
 • Метро23.616.000
 • ДемонимСеулци
 • Дијалектсеулски
Птицакорејска страчка
Бојасеулска црвена[3]
Цветфорситија
ИзвориХан и Намсан
МаскотаХечи
Крилатица함께 만드는 서울, 함께 누리는 서울 („Сеул заедно го создадаваме, Сеул заедно го уживаме“)
Песна서울의 빛 („Светлата на Сеул“)
Treeгинкго
Мреж. местоseoul.go.kr
Светскиот трговски центар.

Сеул (корејски: 서울) — главен град на Јужна Кореја, сместен во северозападниот дел на државата. Се наоѓа на реката Хан и има население околу 9 748 000 жители (2005). Зазема површина од 605,39 км2.

Особености

[уреди | уреди извор]

Сеул е разделен од широката близу километар река Хан. Градот е изграден околу Јужната планина. Во моментот, градот е преоптоварен и нема место каде да се шири. Сеул е нов град. На практика главниот град на Јужна Кореја е разрушен во време на јапонската окупација и довршен за време на Корејската војна, кога Северот го презема Југот пред да се замешат американците.

Самиот град се наоѓа на дометна артилерија од страна на Северна Кореја, па ова е и причината поради која се смислува план од страна на јужнокорејската влада за преместување на владините институции. Сеул е еден од најстарите градови во Кореја. Дел од архитектурата на градот е зачуван, кој датира од 14 век. Династијата Горјео ја изградила палатата во Сеул која била наименувана “Јужна престолнина“. Во 1988 година во Сеул се одржале Олимписките игри. Во 2002 година исто така таму се одиграле некои натпревари од Светското првенство во фудбал.

Улица во Сеул

Историја

[уреди | уреди извор]

Историјата на Сеул може да биде проследена уште кога била установена како колонија во Баекје. Се смета дека некогашниот Вириесеонг се наоѓал на местото на денешен Сеул. Тој од тогаш е бил главна метропола на династијата Чосен. Во време кога Јапонија го зазела градот, многу делови биле разрушени по нивната колонизација во текот на XX век. Во време на Корејската војна градот билскоро цел разрушен и економски и инфраструктурно. Но агресивната економска политика во шеесеттите години помогнале градот одново да биде изграден и тоа многу брзо. Во текот на деведесеттите години не се направени никакви позначајни историски можности.

Заедно со остатокот на државата, Сеул има умерено континентална клима и покрај тоа што Јужна Кореја е опкружена од три страни со вода. Летата се обично жешки и влажни, кое трае од јуни до септември. Температурата достигнува од 22 С до 30С. Исто така, и зимите се доста застапени и ладни при кое температурите се движат од 0-10С.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Скоро сите жители на Сеул се корејци, со некои мали кинески или јапонски малцинства. Брзо зголемување на населението на мегународните жители претставува близу 2 проценти од целото население. Во Сеул се застапени главно две религии: будизмот и христијанството. И покрај тоа што има повеќе христијани, сепак будистичките храмови се повеќебројни.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Статистики за Сеул (површина)“. Градска управа на Сеул. Посетено на 24 март 2010.
  2. Службен портал на Сеул: http://english.seoul.go.kr/gtk/about/fact.php Архивирано на 10 јули 2012 г.
  3. „Боја“.