Кабул (персиски: کابل) е главен град на Авганистан. Има околу 2,5 до 4 милиони жители. Тој е економски и културен центар, стратешки сместен во тесна долина на реката Кабул, високо во планините пред преминот Кајбер. Кабул е поврзан со тунел под планината Хиндукуш со Таџикистан. Лежи околу 1.800 mнадморска висина. Континуираната војна од 1979 година го ограничи производството на градот. Кабул останува еден од најминираните градови во светот. Населението на Кабул е мултикултурно и мултиетничко, што ја рефлектира историјата на Авганистан. Така, можат да се сретнат Паштуни, Таџици и Хазари. Кабул е сѐ уште во процес на повторна изградба по декадите со војни и уништувања, па затоа не може со сигурност да се одреди бројот на жителите на градот.