Прејди на содржината

Сакара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на некрополата во Сакара, вклучувајќи ја скалестата Џозерова пирамида

Сакара (арап. سقارة) е местото на древни гробишта во Египет, каде се наоѓа најстарата скалеста пирамида во светот (29°52′17″N 31°12′59″E / 29.871264° СГШ; 31.216381° ИГД / 29.871264; 31.216381). Се наоѓа на околу 30 километри јужно од денешен Каиро и зафаќа површина од 7 х 1,5 км.

Додека Мемфис бил главен град на древниот Египет, Сакара била негова некропола. Иако ја засениле кралските гробови во Гиза, а подоцна и во долината на кралевите во Теба, Сакара останала важна комплекс за помали погреби и церемонии на различни култови над 3.000 години, сè до птоломејските и римските времиња.

Скалестата пирамида во Сакара била изградена од Имхотеп за фараонот Џосер (околу 2667-2648 г. п.н.е.). Тоа е најстарата целосно сочувана камена зграда.

Музејотот на Имхотеп неодамна беше отворен на оваа локација (2006 година).

Ран династички период

[уреди | уреди извор]
Карта на Сакара

Иако најстарите гробови на благородништвото во Сакара датираат од времето на Првата династија, сепак првите кралеви кои таму биле закопани биле од Втората династија, меѓу кои Хотепсехемви и Нинечер.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]