Прејди на содржината

Реге

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боб Марли

Реге музиката е музички жанр првпат развиен во Јамајка во доцните 1960-ти. Иако понекогаш се користи во поширока смисла на зборот и се однесува на повеќето типови на музика во Јамајка, терминот реге посоодветно означува одреден музички стил кој потекнува следејќи го развојот на Ска и Рокстеди музиката.

Реге музиката се заснова на ритмички стил карактеризиран со акценти на Оф-битот, познат како Сканк. Реге ритамот е нормално побавен од ска и рокстеди ритмите. Реге музиката обично ги акцентира вториот и четвртиот удар во секој такт, со ритам гитара, или нагласувајќи го третиот удар или држејќи го акордот на вториот удар, додека се свири четвртиот. Главно поради овој "трет удар", неговата брзина и употребата на комплексни бас линии, се диференцира реге од рокстеди музиката, иако подоцни стилови ги споија овие иновации одделно.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Во изданието на Речникот на Јамајка од 1967 година, зборот реге е запишан како "неодамна основан Sp. за реге", како и во реге- реге, збор кој може да значи и "партали, парталава облека" или "караница, ред. Реге како музички термин првпат се појавува во печат во 1968 година со рокстеди хитот "Do the Reggay" од The Maytals, но веќе беше употребуван во Кингстон, Јамајка, како име на еден побавен танц и стил на Рокстеди. Реге артистот Дерик Морган изјави:

Нас не ни се допадна името Рокстеди, па се обидов со поинаква верзија на "Дебел Човек". Тоа повторно го смени ритамот, го користи органот да лази. На производителот, Bunny Lee, му се допаѓаше тоа. Тој го создаде звукот со органо и ритам гитара. Тоа звучеше како „реге, реге“ и името едноставно си го зема местото. Bunny Lee започна да го користи светскиот [sic], и наскоро сите музичари велеа „реге, реге, реге“.

Реге историчарот Стив Бароу го одобрува Кленси Еклс за менување на Јамајкајканскиот Жаргонски збор streggae (распуштена жена), во реге. Како и да е, Тутс Хиберт кажа:

Има еден збор што го употребувавме во Јамајка наречен „streggae ". Ако една девојка се шета и момчињата гледаат во неа и да кажуваат "човеку, таа е streggae" тоа значи дека таа не се облекува добро, изгледа парталаво. Девојките би го кажале истото и за мажите. Едно утро јас и моите двајца пријатели игравме и јас кажав, „Во ред човеку, ајде да направиме reggay. " Тоа едноставно излезе од мојата уста. Па така почнавме да си пееме "Do the reggay, Do the reggay 'и создадовме еден ритам. Луѓето подоцна ми кажаа дека ние му го дадовме името на тој звук. Пред тоа луѓето го нарекуваа плав- удар и на секаков друг начин. Сега е во Гинисовата книга на рекорди.

Боб Марли се вели дека тврдел дека зборот реге е дојден од шпанскиот поим „Кралска музика". Главните белешки на една компилација од Христијанско Госпел реге, За Кралот, укажуваат на тоа дека зборот реге е изведен од латинското REGI значење на терминот „за кралот".

Претходници

[уреди | уреди извор]

Иако под влијание на традиционалниот африкански, американски џез и старо-временски ритам и блуз, реге музиката ги должи своите директни корени од прогресивниот развој на „ска“ и „рокстеди“ музиката во 1960-тите години на Јамајка. Еден од главните лица кои го напреднаа овој жанр е Грофот Ози. Ска музиката настана во студиото на Јамајка околу 1959 година; се разви од претходниот „менто“ жанр. Ска музиката се одликува со движечка бас линија, акцентирана гитара или пијано ритми на оф-удар, а понекогаш и џез рифови со труба. Во продолжение на масовната популарност со јамајската супкултура „руд бој“, има добиено голем број обожаватели помеѓу „модс“ во Велика Британија од 1964 година.

Rude boys ненамерно почнаа да играат на нивните ска плочи на пола брзина, претпочитајќи да танцуваат побавно како дел од нивниот тврд изглед. До средината на 1960-тите, многу музичари почнаа да го свират темпото на ска музиката побавно, истакнувајќи го движечкиот бас и „оф- ударот“. Побавниот звук беше наречен рокстеди, по една трака од Алтон Елис. Оваа фаза на јамајската музика трае само до 1968 година, кога музичарите повторно почнаа да го забрзуваат темпото на музиката, додавајќи уште повеќе ефекти. Ова доведе до создавање на реге музиката.

Историја

[уреди | уреди извор]

Реге музиката е развиена од рокстеди музиката во 1960-тите години. Преминот од рокстеди до реге беше илустриран со ритамот „шафл“, пронајден од Бани Ли, и беше прикажан во преодниот сингл "Say what You’re Saying" (1967 година) од Кленси Еклс, и "People Funny Boy" (1968 година) од Ли "Скреч" Пери. Траката на „The Pioneers" од 1967 година, „Long Shot Bus Me Bet“, е идентификувана како најраниот сниман пример на новиот ритам звук кој стана познат како реге.

На почеток на 1968 година беа пуштени првите оригинални реге снимки: "Nanny Goat" од Лери Маршал и "No More Heartaches" од The Beltones. Хитот од 1968 година на музичарот Џони Неш "Hold me tight", е обележан како прва реге песна влезена на американските топ листи. Во тоа време, почнаа да се јавуваат влијанија од реге музиката во рок-музиката. Еден пример на рок песна во која се истакнува реге ритам е песната "Ob-la-Di, Ob-la-Da" од "The Beatles" од 1968 година.

The Wailers, бенд склопен од Боб Марли, Питер Тош и Бани Вејлер во 1963 година, е веројатно најпрепознатливиот бенд, кој помина низ сите три фази на транзицијата на раната јамајска популарна музика: ска, рокстеди и реге. Други значајни реге предводници се Принц Бастер, Дезмонд Декер и Џеки Мито.

Значајни јамајски артисти, исто така влијателни во развојот на ска, реге и рокстеди музиката се: Коксон Дод, Ли "Скреч" Пери, Лесли Конг, Дјук Рид, Џој Гибс и Кинг Таби. Крис Блеквел, кој ја основал Island Records во Јамајка во 1960 година, се пресели во Англија во 1962 година, каде што продолжи да ја промовира музиката од Јамајка. Тој формираше партнерство со „Trojan Records“, организација основана од страна на Ли Гоптал во 1968 година. „Trojan“ објавуваше снимки од реге музичари во Обединетото Кралство сè до 1974 година, кога Saga ја купи издавачката куќа.

Филмот од 1972 година „The harder they come“, во кој игра Џими Клиф, предизвика значителен интерес и популарност за реге музиката во САД, а за да се донесе реге музиката на главната сцена, помогна и преработката на Ерик Клептон од 1974 година на песната од Боб Марли "I shot the Sheriff". До средината на 1970-тите години, реге музиката почна да се пушта на радио во Велика Британија во радио емисијата на Џон Пил и тој продолжи да пушта реге во неговата емисија во текот на целата неговата кариера. Она што се нарекува "Златното доба на регето" се совпаѓа приближно со врвот на Roots Reggae музиката.

Во втората половина на 1970-тите, почна да се формира панк рок сцената во Велика Британија, и реге музиката беше забележливо влијание. Некои панк диџеи пуштаа реге песни за време на нивните сетови, а некои панк бендови има влијае од реге музиката и во нивната музика. Во исто време, реге музиката почна да оживува во Велика Британија, која продолжи и во 1980-тите години, со групи како Steel Pulse, Aswad, UB40, и Musical Youth. Други реге музичари кои уживаа меѓународно обраќање во раните 1980-ти се: Third World, Black Uhuru и Sugar Minott. „The Grammy Awаrds“ во 1985 година воведоа категорија „Најдобар Реге Албум“.

Музички одлики

[уреди | уреди извор]

Реге музиката најчесто се свири или во 4/4-ски ритам или во свинг ритам, бидејќи симетричниот ритмички модел не се позајмува на други ритми како ¾-ски такт. Хармонички, музиката често е многу едноставна, а понекогаш и цела песна нема повеќе од еден или два акорди. Овие едноставни повторувачки акордни структури понекогаш додаваат во регето хипнотички ефекти.

Тапани и други ударни инструменти

[уреди | уреди извор]

Во реге музиката обично се користат стандарден комплет тапани, но барабанот, најчесто е вклучен многу високо за да го произведе тој кубански -тип на звук. Некои реге тапанари користат дополнителни кубански или високо -наместен барабан за да се добие овој звук. На барабанот најчесто се користи техниката cross stick, и Том-Том тапаните најчесто се приклучени во самиот ритам.

Реге ритамот се дели на три главни категории: One drop, Rockers и Steppers стил. Кај One drop стилот, акцентот е целосно на третиот удар на тактот (обично на барабанот, или како rim shot во комбинација со бас тапан). Првиот удар е сосема празен, што е невообичаено во популарната музика. Има некои полемики околу тоа дали реге музиката треба да се смета така што овој удар паѓа на три, односно дали треба да се смета за пола од брзината, така што да паѓа на два и четири. Лерој "Horsemouth" Валас го нарекува тој удар „комбинација 2-4". Многу луѓе го сметаат Карлтон Барет од „The Wailers“ како заслужен творец на овој стил. Еден пример изведен од Барет може да се слушне во песната "One Drop" од Боб Марли и The Wailers. Барет често користи необичен триплет крос- ритам на фус чинелите, кој може да се слушне на многу снимки од Боб Марли и The Wailers, како што е песната "Running Away" на албумот „Kaya“.

Акцент на третиот удар има во сите реге ритми, но кај Rockers ритамот, акцентот е исто така на удар еден (обично на бас тапани). Овој удар произлезе од Sly and Robbie, кои подоцна помогнаа во создавање на "Rab-a-Dub" звукот што имаше влијание на денсхол музиката во голема мера. Прототипичен пример за овој стил можеме да најдеме кај удирањето на тапани на Слај Данбар на песната "Right Time" од „The Mighty Dimonds“. Ударот кај Rockers ритамот не е секогаш едноставен, и често се вклучени разни синкопи во ритамот. Еден пример за ова е песната „Sponji Reggae" на групата „Black Uhuru".

Во Steppers ритамот, бас тапанот свири четири цврсти удари во такт, давајќи му на ударот упорен тек. Пример за ова е песната "Exodus" од Боб Марли и „The Wailers“. Друго заедничко име за ударот на Steppers ритамот е "четири на под". Еден од најраните примери за ова е песната „Red, Gold and Green“ од 1975 година на групата „Burning Spear" (со Лерој Валас на тапани). Ударот на Steppers ритамот беше прифатен (со многу повисоко темпо) од страна на некои Дво-Тонски обновени ска бендови од доцните 1970-ти и раните 1980-ти години.

Една необична одлика на удирањето на тапани во реге музиката е тоа што тапанската целина најчесто не завршува со кулминациски чинел. Во реге музиката се користи широк спектар и на други ударни инструменти. Бонго тапаните често се користат за свирење на слободни, импровизирани шеми, со голема употреба на крос-ритми од афро -стил. ПРАПОРЦИТЕ, синкопите и ШЕЈКЕРИТЕ имаат тенденција за повеќе дефинирани улоги и сет шема.

Бас гитарата често има многу доминантна улога во реге музиката, а тапанот и басот често се нарекува „the riddim“ (ритам). Неколку реге музичари имаат издадено различни песни снимени во истиот ритам. Главната улога на басот се чувствува особено во Даб музиката - што им дава уште поголема улога на тапанот и бас линијата, намалувајќи ги вокалите и другите инструменти во периферна улога. Бас звукот во реге музиката е густ, тежок и изедначен, така што се отстрануваат повисоките честотите а се нагласуваат пониските. Бас линијата најчесто е едноставен дво-тактен риф кој е центриран околу својата најгуста и најтешка нота.

Гитарата во реге музиката обично ги свири акордите на втор и четврти такт, музичка појава позната како skank или „bang". Сканкот има многу придушен, краток и шкриплив отсечен звук, речиси како ударни инструменти. Понекогаш, кога гитарата сè уште го свири оригиналниот ритам, се користи двоен удар, но исто така ги свири и следните 8 отчукувања на грлото. Пример за тоа е воведот на песната "Stir It Up" од „The Wailers“. Артистот и продуцент Дерик Хариот вели: "Она што се случи беше вистинско распространување на музиката, но само на одреден вид на луѓе. Тоа секогаш беше нешто на подземјето, но повеќе од само слушање на музика. Опремата беше толку моќна и вибрациите што ги чувствувавме толку силни. "

Клавијатури

[уреди | уреди извор]

Од доцните 1960-ти до раните 1980-ти, пијаното во реге музиката, главно се користи за да го удвои skank ритамот на гитарата, свирејќи ги акордите во стакато стил за да се додаде јачина, и свирење на повремени екстра удари, текови и рифови. Пијано делот беше широко опфатен од синтисајзери во текот на 1980-тите, иако уште од 1970-тите, синтисајзерите се користени во периферна улога, за свирење на случајни мелодии и спротивни мелодии. Поголемите групи можат да вклучат или дополнителен клавијатурист, да ја покрие или замени трубата и мелодиската линија , или главниот клавијатурист да ги пополни овие улоги на две или повеќе клавијатури.

Реге- органото shuffle е уникатен инструмент за реге музиката. Типично, стилот на звук на Hammond-органото се користи за свирење акорди со променливо чувство. Ова е познато како the bubble. Постојат специфични прилагодувања кои се користат на Hammond конзолата за да се добие точен звук. Ова е можеби најтешкиот реге ритам на клавијатура. Осумте тактови се свират со шемата: празно–лево–десно–лево–празно–лево-десно-лево, каде што празното претставува ниски тактови кои не се свират- тоа е лево-десно-лево падови на ее-и-а.

Во реге музиката често се користат делови со труба, притоа имајќи го воведниот дел и контра- мелодиите. Инструменти вклучени во типичниот дел за дувачки инструменти во една реге композиција се саксофон, труба или тромбон. Во поново време, во реге музиката, трубите понекогаш се заменуваат со синтисајзери или снимени мостри. Делот за труби најчесто се подготвува околу првата труба, свирејќи едноставна мелодија или контра мелодија. Првата труба обично е придружена од страна на втората, свирејќи ја истата мелодиска фраза во склад, една октава повисоко. Третата труба обично ја свири мелодијата една октава повисоко и една петтина од првата труба. Трубите главно се свират прилично меко, што обично резултира со смирувачки звуци. Сепак, понекогаш впечатливите, погласни фрази се свират за побрзо -темпо и агресивен звук.

Вокалите во реге музиката се помалку дефинирачка одлика на овој жанр за разлика од инструментацијата и ритамот, како речиси секоја песна да може да се изведе во реге стил. Сепак, за реге музиката е општо позната појавата да се пее со јамајски жаргон, Јамајски англиски, и Луарик дијалекти. Често се користат вокални хармониски делови, или во текот на мелодијата (кај бендови како што се The Mighty Diamonds), или како контрапункт на главната вокална линија (како кај групата I-Threes). Британскиот реге бенд Steel Pulse користи особено сложени придружни вокали. Необичен аспект на реге пеењето е тоа што многу пејачи користат тремоло (волумна осцилација) наместо вибрато (звучна осцилација). Значајни репрезенти на оваа техника се Денис Браун и Хорас Енди. Вокалниот стил Toasting е уникатен за реге музиката, настанувајќи додека Диџеите импровизираа врз Даб песни, и генерално се смета за претходник на рап музиката. Се разликува од рап музика главно по тоа што е генерално мелодична, додека рапот е обично повеќе говорна форма без мелодична содржина.

Стиховни содржини
[уреди | уреди извор]

Реге музиката е позната по својата традиција на социјална критика во своите стихови, иако многу реге песни обработуваат полесни, лични нешта, како што се љубов и дружење. Многу почетни реге бендови преработувале Motown или Atlantic соул и фанк песни. Во некои реге стихови имало обиди за подигнување на политичката свест на публиката, како критикување на материјализмот, или преку информирање на слушателот во врска со контроверзните теми, како Апартхејдот. Многу реге песни ја промовираат употребата на канабис (исто така познат како тревка, ганџа, или sensimilia), сметајќи ја за света тајна во Растафаријанското движење. Има многу музичари кои користат религиозни теми во нивната музика - без разлика дали станува збор за одредена верска тема, или едноставно славење на Бога (Џа). Други вообичаени социо -политички теми во реге песните се црн национализам, анти- расизам, анти- колонијализам, анти- капитализам и критики на политичките системи и "Вавилон".

Критикување на денсхол и рага стихови
[уреди | уреди извор]

Некои денсхол и рага музичари беа критикувани за хомофобија, вклучувајќи и закани за насилство. Песната на Бују Бантон, "Boom Bye-bye" ги наведува хомосексуалците како "половично мртви". Други значајни денсхол музичари обвинети за хомофобија се Elephant Man, Bounty Killer и Beenie Man. Контроверзијата во врска со анти-геј стиховите доведе до откажување на турите на Beenie Man и Sizzla во Велика Британија. Торонто, Канада, исто така видоа откажување на концертите, поради тоа што музичари како Elephant Man и Sizzla одбија да се согласат на слични цензурни притисоци.

По лобирање од страна на коалицијата Stop Murder Music, денсхол музичката индустрија во 2005 година се согласи да се запре издавањето на песни кои промовираат омраза и насилство врз хомосексуалците. Во јуни 2007 година, Beenie Man, Sizzla и Capleton го потпишаа Reggae Compassionate Act, , во договор со посредство на најпознатите денсхол промотери и Stop Murder Music активисти. Тие се откажаа од хомофобија и се согласија да "не даваат изјави или да изведуваат песни кои поттикнуваат омраза или насилство против некој од било која заедница". Пет музичари, Elephant Man, TOK, Bounty Killa, Vybz Kartel и Buju Banton кои беа мета на кампањата за анти- хомофобија, не потпишаа договор.

Поджанрови

[уреди | уреди извор]

Главна статија: Реге жанрови

Реге на почетоците

[уреди | уреди извор]

Раното реге, понекогаш наречено и "скинхед реге" поради својата популарност меѓу работничката класна субкултура во Велика Британија, започнува во доцните 1960-ти, како што влијанието на фанк музиката од американските дискографски куќи, како Стакс, почнаа да го шират свирењето на студиските музичари. Одликата што ја дефинира раната реге музика од рокстеди музиката е "bubbling" органото, претходен стил на свирење, што ја донесе осмата нотна единица поблиску во рамките на ритамот. Гитарските "skanks" ритми на втората и четвртата нота од тактот биле многу почесто дуплирани во студио со користење на електронски ленти(уреди) со ехо ефекти, на тој начин дополнувајќи го двојното чувство на органот bubble. Генерално, беше ставен поголем акцент на ритамот на музиката; растечкиот тренд на снимање на "верзија" на Б-страната на песната, произведе безброј инструменталки, предводени од труба или органо.

Меѓу најпознатите скинхед реге музичари се вбројуваат John Holt, Toots & The Maytals, The Pioneers и Symarip. Преработки на песните на Motown, Stax и Atlantic Records соул песни беа честа појава во скинхед реге музиката, одразувајќи ја популарноста на соул музиката со скинхедси и мод движењето.

Рутс реге

[уреди | уреди извор]

Главна статија: Рутс реге

Рутс реге е духовен тип на музика, чии стихови се претежно во пофалба на Џа (Бог). Овие лирски теми кои постојано се повторуваат, вклучуваат теми како сиромаштија, отпор кон власта и расно угнетување во своите стихови. Многу песни од Боб Марли и Питер Тош можат да се наречат рутс реге. Креативниот врв на рутс реге музиката беше во доцните 1970-ти, со пејачи како Burning Spear, Gregory Isaacs, Freddie McGregor, Johnny Clarke, Horace Andy, Ijahman Levi, Barrington Levy, Big Youth, и Linval Thompson, и бендови како Culture, Israel Vibration, The Meditations, и Misty in Roots, здружувајќи се со различни студио продуценти, како Ли "Скреч" Пери и Коксон Дод. Музички гледано, на песната "Roots, Rock, Reggae" Боб Марли смислува нов стил на "оф бит" музика, каде што се свири такт од шест удари, со гитарско сканкување на четвртиот и шестиот такт. Иако целосно различен од ритамот на ска, рокстеди, реге, сканк, флаерс, рокерс и сите подоцни стилови, овој уникатен ритам се чини дека е толку тесно поврзан со Боб Марли што неколку други го усвоија.

Даб музика

[уреди | уреди извор]

Главна статија: даб музика

Даб е жанр на реге музика, произлезен во раните денови на студиските продуценти Ли "Скреч" Пери и Кинг Таби. Тоа вклучува обемен ремикс на снимен материјал, а посебен акцент се става на тапанот и басот. Користените техники резултираа со уште повеќе утробно чувство, опишано од страна на Кинг Таби дека звучи баш како вулкан во главата. "Аугустус Пабло и Мајки Дред беа двајца значајни приврзаници на овој музички стил од почетокот, што продолжува и денес.

Рокерс стилот е основан во средината на 1970-тите години од страна на Sly & Robbie. Рокерс музиката е опишана како течен, механички, и агресивен стил на свирење на реге. Една статија ја нарекува рокерската ера "Златната доба на регето".

Рок лаверс

[уреди | уреди извор]

Главна статија: рок обожаватели

Поджанрот Рок лаверс потекнува од јужен Лондон во средината на 1970-тите години. Стиховите се обично за љубовта. Овој жанр е сличен на ритам и блуз жанрот. Значајни музичари од овој жанр се: Gregory Isaacs, Freddie McGragor, Dennis Brown, Maxi Priest и Beres Hammond.

Понови и споредни стилови

[уреди | уреди извор]
Хип-хоп и рап
[уреди | уреди извор]

Дополнителни информации: Диџејство, Хип-Хоп музика и Рапување

Toasting е стил на пеење или зборување во текот на снимката, што за првпат беше употребен во 1960-тите години од страна на јамајските диџеи како Ју-рој и Денис Алкапоне. Овој стил во голема мера имал влијание врз јамајскиот диџеј Кул Херк, кој го користи овој стил во Њујорк, во доцните 1970-ти години, како пронаоѓач на хип-хоп и рап жанровите. Мешани техники применети во Даб музиката, исто така, влијаеле на хип-хоп музиката.

Главна статија: денсхол

Жанрот денсхол беше развиен околу 1980 година, со примери како Yellowman, Super Cat и Shabba Ranks. Стилот се одликува со тоа што диџејот пее и рапува или реже над чисти и брзи ритми. Рага (исто така познат како рагамафин) и реге фузија, се поджанрови на Денсхол жанрот, каде што инструменталниот дел главно се состои од електронска музика и семплирање. Значајни рага основачи се Shinehead и Buju Banton. Во февруари 2009 година, денсхол со стиховна содржина "навидум експлицитно сексуална и насилна" беше забранета од програмата за радиодифузија на Комисијата на Јамајка.

Рагамафин
[уреди | уреди извор]

Главна статија: рага

Рагамафин, обично скратено како рага, е под-жанр на реге музиката што е тесно поврзана со денсхол и даб музиката. Поимот „рагамафин“ е намерна правописна грешка на терминот ragamuffin, а терминот raggamuffin музика ја опишува музиката на јамајската „гето-младина“. Инструменталниот дел главно се состои од електронска музика. Семплирањето често има многу значајна улога. Како што рага музиката созреа, зголемен број на денсхол музичари почнаа да присвојуваат соодветни стилистички елементи од хип-хоп музиката, додека рага музиката пак, влијаеше врз сè повеќе и повеќе хип-хоп артисти. Рага музиката сега главно се користи како синоним за денсхол реге или за опишување на денсхол музиката со диџеј четинг, попрво отколку диџејување или пеење врз ритамот.

Главна статија: регетон

Регетон е еден вид на урбана музика, која најпрво станува популарна кај младите во Латинска Америка во почетокот на1990-тите години. Претходникот на Регетон музиката потекнува од Панама како реге на шпански. По постепено изложување на оваа музика во Порторико, на крајот еволуираше во регетон. Тоа ги помеша Западно-индиското реге и денсхол со латино американски жанрови како бомба, плена, салса, меренг, латино поп, кумбиа и бачата, како и хип-хоп, современ Р&Б и електронска музика. Современи регетон ритми ја следат структурата на Dem Bow Riddim, ритам создаден од јамајските продуценти Steely & Clevie во доцните 80-ти и раните 90-ти.

Реге фузија
[уреди | уреди извор]

Главна статија: Реге фузија

Реге фузија е мешавина на реге или денсхол музика со елементи на други жанрови, како хип-хоп, Р&Б, џез, рок, драм енд бејс, панк или полка. Иако музичарите ја мешаа реге музиката со други жанрови уште од раните 1970-ти, овој термин не беше скован сè до доцните 1990-ти.

Реге музика надвор од Јамајка

[уреди | уреди извор]

Реге музиката се прошири во многу земји ширум светот, често користејќи локални инструменти и спојување со други жанрови.

„Reggae en Español“ се рашири од Јужно Американските Кариби од Венецуела и Гвајана со остатокот од Јужна Америка. Нема други никакви специфични одлики, освен што се пее на шпански јазик, обично од страна на музичари од Латинско Американско потекло. Самба реге музиката потекнува од Бразил, како мешавина на Самба со јамајската реге музика.

Карипската музика во Велика Британија, вклучувајќи ја и реге музиката, е популарна од крајот на 1960-тите, и се разви во неколку поджанрови и споеви. Од почетокот на 1990-тите години, се појавија неколку италијански реге бендови, меѓу кои и Sud Sound System, Pitura Freska, Almamegretta и B.R. Stylers и европските пејачи како Alborosie (Италија), Charly B (Франција), Gentalmen (Германија), ја добиваа својата инспирација директно од Јамајка. Во Шведска, Uppsala Reggae Festival привлекува посетителите од цела Северна Европа, и се истакнуваат шведски реге бендови како што се Rootvälta и Svenska Akademien. Првите домашни Полски реге бендови почнаа да се појавуваат во 1980 година. Германскиот реге артист Gentalmen стана популарен со својот нов албум Confidence во 2004 година. Summerjam, најголемиот Европски реге фестивал, се одржува во Келн, Германија. Rototom Sunsplash, што се одржуваше во Италија, Осопо, до 2009 година, сега се одржува во Беникасим, Шпанија. Овој голем фестивал секоја година собира и до 150.000 посетители.

Реге музиката во Нигерија се разви во 1970-тите години. Во 2008 година во Етиопија, се појавија Dub Collosus, и добија широко одобрување. Во Мали, Askia Modibo го спои регето со музиката во Мали, и од страна на Last FM е опишан како "најзначајниот африкански реге музичар кој се појавува на меѓународно ниво во последните пет години". Во Малави, Black Missionaries издаваат пет албуми. Во Брегот на Слоновата Коска, Tiken Jah Fakoly го спојува регето со традиционалната музика. Алфа Блонди, од Брегот на Слоновата Коска, пее реге со религиозни текстови.

Во Јужна Африка, реге музиката одигра обединувачка улога меѓу културните групи во Кејптаун. За време на годините на апартхејдот, музиката спои луѓе од сите демографски групи. Лаки Дјуб, сними 25 албуми, спојувајќи го регето со музичкиот стил Mbaqabga. Кампот Marcus Garvey Rasta во Филипи многумина го сметаат за реге и Растафари центар на Кејптаун. Многу реге бендови свират редовно во општинските центри како Zolani центарот во Нианга.

Азија и Тихиот Океан

[уреди | уреди извор]

На Филипините, неколку бендови свират реге и Денсхол музика во стил верен на тој во Јамајка. Нивната музика се нарекува Пиноу реге. Реге во Јапонија се појавува во почетокот на 1980-тите години. Реге музиката, исто така станува се поприсутна и во Тајланд. Настрана од реге музиката и Растафари влијанието, присутни се повеќе на тајландските острови и плажи, вистинската реге суб-култура пушти корења во Тајландските градови и населби. Многу Таи артисти, како Job 2 Do, ги задржуваат живи традицијата и идеалите на реге музиката во Тајланд. До крајот на 1980-тите, локалната музичка сцена на Хаваите е доминирана од Jawaiian, локална форма на реге музиката.

Австралија

[уреди | уреди извор]

Реге музиката во Австралија потекнува од 1980-тите години. Реге музиката во Нов Зеланд се соочи со многу бендови кои произлегуваат од 2000 година, честопати мешајќи фузија со електроника. Дезерт Реге е развоен современ стил со можно потекло од централна Австралија. Стиховите најчесто се пеат на Австралиски Домородски јазици.