Петрологија
Петрологија (од старогрчки: πέτρος „карпа“ и -λογία „наука“) — гранка на геологијата која ги изучува карпите и условите во кои тие се образуваат. Поделена е на три полиња: магматска, метаморфна и седиментна. Магматската и метаморфната петрологија се изучуваат заедно бидејќи обете во голема мера вклучуваат примена на хемија, хемиски методи и фазни дијаграми. Седиментната петрологија, од друга страна, често се изучува заедно со стратиграфијата бидејќи се занимаваат со таложните процеси кои образуваат седиментна карпа.[1]
Литологијата порано била синоминма на петрографијата, но денес литологијата се задржува на опишување на поголеми парчиња или цели изданоци, а петрографијата се занимава со микроскопските поединости.
Во нафтената индустрија, литологија и длабинските испитувања се вршат дупчење на извадоци за да се добие графичка слика за геолошките образби. Кога исечоците се вадат со сврдла од дупнатината, се земаат примероци, истите се испитуваат (обично под 10× микроскоп) и по потреба хемиски се третираат.
Методологија
[уреди | уреди извор]Петрологијата се служи со минералогијата, петрографијата, оптичката минералогија и хемиска анализа за да го опише составот и текстурата на карпите. Петролозите ги вклучуваат и начелата на геохемијата и геофизиката во изучувањето на геохемиските трендови и циклуси, како и термодинамички податоци и опити за да добијат увид во потеклото на карпите.
Гранки
[уреди | уреди извор]Постојат три гранки на петрологијата за секој од трите вида карпи: магматски, метаморфни и седиментни. Има и четврта гранка која се занимава со опитни техники:
- Магматска петрологја се задржува на составот и текстурата на магматски карпи (како гранитот или базалтот кои се кристализирале од стопени карпи или магма). Во магматските карпи спаѓаат вулканските и плутонски.
- Седиментната петрологија се задржува на составот и текстурата на седументни карпи (како што се песочникот, шркилецот и варовникот кои се состојат од парчиња или парченца добиени од други карпи или од биолошки или хемиски наслаги, и обично се сврзани во матрица или пофин материјал).
- Метаморфната петрологија се задржува на составот и текстурата на метаморфни карпи (како аргилошистот, мермерот, гнајсот или шкрилците кои почнале како седиментни или магматски карпи, но претрпеле хемиски, минералошки или текстурни промени под дејство на крајно големи притисоци, температура или обете)
- Опитната петрологија корисити апаратура со висок притисок и висока температура за да ги истражи геохемијата и фазните односи на природните или вештачките материјали при зголемини притисоци и температури. Опитите се особено корисни за истражување на карпи во долната кора и горниот плашт кои ретко опстануваат на патот до површината во недопрена состојба. Тие се меѓу главните извори на информации за целосно недостапни карпи како оние водолниот плашт на Земјата и плаштовите на други земјовидни планети и Месечината. Со оваа работа, опитните петролози ја имаат поставено основата врз која е изградено современото на магматските и метаморфните процеси.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Frost, B. R.; Frost, C. D. (2014). Essentials of Igneous and Metamorphic Petrology. Cambridge University Press.
Извори
[уреди | уреди извор]- Best, Myron G. (2002), Igneous and Metamorphic Petrology (Blackwell Publishing) ISBN 1-4051-0588-7.
- Blatt, Harvey; Tracy, Robert J.; Owens, Brent (2005), Petrology: igneous, sedimentary, and metamorphic (W. H. Freeman) ISBN 978-0-7167-3743-8.
- Boggs, S. Jr. (2009), Petrology of Sedimentary Rocks, Cambridge University Press
- Dietrich, Richard Vincent; Skinner, Brian J. (2009), Gems, Granites, and Gravels: knowing and using rocks and minerals (Cambridge University Press) ISBN 978-0-521-10722-8
- Fei, Yingwei; Bertka, Constance M.; Mysen, Bjorn O. (eds.) (1999), Mantle Petrology: field observations and high-pressure experimentation (Houston TX: Geochemical Society) ISBN 0-941809-05-6.
- Philpotts, Anthony; Ague, Jay (2009), Principles of Igneous and Metamorphic Petrology (Cambridge University Press) ISBN 978-0-521-88006-0
- Robb, L. (2005). Introduction to Ore-Forming Processes (Blackwell Science) ISBN 978-0-632-06378-9
- Tucker, M. E. (2001), Sedimentary Petrology, Blackwell Science
- Yardley, B. W. D.; Warren, Clare (2021). An introduction to metamorphic petrology (2. изд.). Cambridge. ISBN 978-1-108-65955-0. OCLC 1226719524.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Петрологија“ на Ризницата ? |
- Основи на петрологијата (стр. 40-83) во „Инженерска геологија“ на Милорад Јовановски и др. (македонски)
- Атлас на магнатските и метаморфните карпи, минерали и текстури — Геолошко одделение, Универзитет на Северна Каролина (англиски)
|
|