Милош Форман
Милош Форман | |
---|---|
Форман во 2009 | |
Роден(а) | Јан Томаш Форман 18 февруари 1932 Часлав, Чехословачка |
Починал(а) | 13 април 2018 Данбери, Конектикат, САД | (возр. 86)
Националност |
|
Занимање |
|
Активен период | 1953–2011 |
Сопружник |
|
Деца | 4 |
Роднини |
|
Потпис |
Јан Томаш Форман (чеш. Jan Tomáš Forman; 18 февруари 1932 – 13 април 2018) попознат како Милош Форман (чешки: Miloš Forman) ― чешки и американски филмски режисер, сценарист, актер и професор, кој се прославил во својата родна Чехословачка пред да емигрира во Соединетите држави во 1968 година.
Во текот на својата кариера на Форман освоил две награди Оскар, три награди Златен глобус, Гран-при на Канскиот филмски фестивал, Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал, награда на Британската филмска академија, награда Цезар, награда Давид ди Донатело и Чешки лав.[2]
Живот и дело
[уреди | уреди извор]Милош Форман рано ги загубил неговите родители. Неговата мајка, Ана Форманова, била убиена во 1943 година во концентрациониот логор Аушвиц, а неговиот татко Рудолф Форман во концентрациониот логор Мителбау-Дора во 1944 година.[3] Го воспитале блиски роднини и пријатели на неговите родители. По завршувањето на гимназија, по крајот на војната отишол во интернат во Подебради; соученици му биле Вацлав Хавел и Јержи Сколимовски.[4] Подоцна студирал сценографија на Академијата за музички уметности во Прага.
Форман режирал два чешки филма во Чехословачка (Семафор и Аудиција) [5] и неколку комедии. Црн Петар (1964) е еден од првите и најрепрезентативните филмови на чехословачкиот нов бран. Ја освоил наградата Златен леопард на Меѓународниот филмски фестивал во Локарно. Љубовта на една русокоса (1965) е еден од најпознатите филмови од чехословачкиот Нов бран, а освоил награди на филмските фестивали во Венеција и во Локарно. Бил номиниран и за Оскар за најдобар странски филм во 1967 година. [6] Филмот „Балот на пожарникарот“ исто така бил номиниран за Оскар за најдобар странски филм.[7] За време на Прашката пролет (1968) бил на преговари во Париз за продукција на неговиот прв американски филм. [8] Неговиот работодавец, чешко студио, го отпуштил, па решил да се пресели во САД.[9] Тој се преселил во Њујорк, каде во 1978 година станал професор по филм на Универзитетот Колумбија и копретседавач (со неговиот поранешен учител Франтишек Даниел) на филмскиот оддел.[10] Еден од неговите штитеници беше идниот режисер Џејмс Манголд, кого го менторираше во Колумбија. [11]
1970-ти
[уреди | уреди извор]Полетување (1971)
Првиот филм на Форман снимен во СAD, „Полетување“ освоиl Гран при на Канскиот филмски фестивал во 1971 година.Филмот добил остри критики и на Форман му било тешко да најде работа. [12]
Лет над кукавичкото гнездо (1975)
И покрај неуспехот на „Полетување“, продуцентите Мајкл Даглас и Саул Заенц го најмиле да ја режира адаптацијата на култниот роман од Кен Кеси „Лет над кукавичкото гнездо“ со Џек Николсон и Луиз Флечер во главните улоги. Филмот имал голема заработка а бил пофален и од критиката. Освоил Оскар во петте најважни категории: најдобар режисер, најдобар актер, најдобра актерка, најдобар филм и најдобра сценска адаптација. Тој е еден од вкупно трите филма во историјата кому му успеало тоа (заедно со Се случи една вечер и Кога јагнињата ќе стивнат), и силно ја издигнал репутацијата на Форман.[13]
Коса (1979)
Успехот на Лет над кукавичкото гнездо му овозможил на Форман да ја режира својата долго планирана филмска верзија на Коса во 1979 година. Тој иако добил позитивни критики, финансиски не поминал најдобро.[9]
1980-ти
[уреди | уреди извор]Рагтајм (1981)
Американски драмски филм од 1981 година, во режија на Милош Форман, заснован на историскиот роман Рагтајм од 1975 година на Е.Л. Доктороу.
Амадеус (1984)
Следниот успех Форман го имал со адаптацијата на Амадеус од Питер Шафер. Тоа е приказна за Волфганг Амадеус Моцарт и Антонио Салиери, со Том Хулс, Елизабет Бериџ и Ф. Мареј Абрахам во главните улоги. Филмот освоил осум Оскари, меѓу кои и за најдобар филм, најдобар режисер и најдобар актер (за Абрахам). [10]
Валмонт (1989)
Формановата адаптација на романот Опасни врски од Пјер Шодерло де Лакло ја имала својата премиера на 17 ноември 1989 година. Во филмот глумат Колин Фирт, Мег Тили и Анет Бенинг.[12]
1990-ти
[уреди | уреди извор]Народот против Лери Флинт (1996)
Биографскиот филм од 1996 година за порнографскиот магнат Лери Флинт на Форман му донел уште една номинација за Оскар за режија. [2] Во филмот глумат Вуди Харелсон, Кортни Лав и Едвард Нортон. Иако со позитивни критики, заработил само 20 милиони долари во бокс офисот. [10]
Човек на Месечината (1999)
Биографскиот филм за познатиот актер и авангарден цртач на стрипови Енди Кауфман (го глуми Џим Кери, кој доби Златен глобус) бил премиерно прикажан на 22 декември 1999 година. Во филмот глумат и Дени Де Вито, Кортни Лав и Пол Џамати. Во филмот се појавуваат и неколку актери од Лет над кукавичкото гнездо, меѓу кои е и ДеВито.
2000-ти
[уреди | уреди извор]Во 2000 година, Форман глумел во филмот на актерот Едвард Нортон во неговото режисерско деби, Верувај во љубовта (2000).[14]
Духовите на Гоја (2006)
Оваа биографија на шпанскиот сликар Франциско Гоја (американско-шпанска копродукција) била премиерно прикажана на 8 ноември 2006 година. Во филмот глумат Натали Портман, Хавиер Бардем, Стелан Скарсгард и Ренди Квејд.
Наводи
[уреди | уреди извор]Приказните на Милош Форман од Антонин Ј. Лием ( ISBN 978-1-138-65829-5 )
- ↑ „Formanová: Z dědových filmů mám nejradši Přelet nad kukaččím hnízdem“. iDNES.cz. 1 June 2018. Посетено на 15 January 2021.
- ↑ 2,0 2,1 List of Milos Forman nominations Архивирано на {{{2}}}..
- ↑ Eintrag Rudolf Forman im Gedenkbuch KZ Mittelbau-Dora
- ↑ Náchod to krásné město Kostelec.
- ↑ „The Story of Famed Czech Director Miloš Forman (Part II)“. CitySpy. 6 September 2017. Архивирано од изворникот на 2020-08-04. Посетено на 14 April 2018.
- ↑ „The 39th Academy Awards (1967) Nominees and Winners“. oscars.org. Посетено на 9 November 2011.
- ↑ „The 41st Academy Awards (1969) Nominees and Winners“. oscars.org. Посетено на 15 November 2011.
- ↑ „Milos Forman, Oscar-Winning Director of 'One Flew Over the Cuckoo's Nest', Dies at 86“. The New York Times. Посетено на 14 April 2018.
- ↑ 9,0 9,1 „Milos Forman's Masterclass“. Grapevine. 6 October 2009. Посетено на 14 April 2018.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 „Milos Forman, Oscar-Winning Director of 'One Flew Over the Cuckoo's Nest', Dies at 86“. The New York Times. Посетено на 14 April 2018.
- ↑ „A Visit to James Mangold's Office“. Criterion.com. Посетено на 14 April 2018.
- ↑ 12,0 12,1 „The Story of Famed Czech Director Miloš Forman (Part II)“. CitySpy. 6 September 2017. Архивирано од изворникот на 2020-08-04. Посетено на 14 April 2018.
- ↑ „The Story of Famed Czech Director Miloš Forman (Part II)“. CitySpy. 6 September 2017. Архивирано од изворникот на 2020-08-04. Посетено на 14 April 2018.
- ↑ Празен навод (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Милош Форман на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Милош Форман на Find a Grave (англиски)
- Гостувања на C-SPAN
- Bibliography of books and articles about Forman via UC Berkeley Media Resources Center
- Interview with Milos Forman: Defender of the Artist and the Common Man
- Miloš Forman profile