Прејди на содржината

Меѓник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Граничник помеѓу Канада (лево) и САД (десно)

Меѓник[1][2] или граничник[3][4] — физички знак што ги означува пределите или границите на одредена област на земја или вода. Се поставува за да се определи каде завршува еден имот или јурисдикција, а започнува друг. Овие меѓници можат да имаат различни облици, како што се камења, столбови, бандери, дрвја, па дури и природни знаменитости како реки или планини.[5] Нивната главна цел е да воспостават и одржуваат јасни разлики помеѓу различните територии, помагајќи да се спречат спорови околу сопственоста на земјиштето или јурисдикционите граници. Меѓниците се користеле низ историјата од различни култури и општества за да се разграничат и да се заштитат нивните соодветни територии.[6]

Камен што одвојува една нива, ливада од друга се нарекува синорник.[7][8]

Изградба

[уреди | уреди извор]

Меѓниците традиционално често биле направени од камен; арно ама, многу од нив подоцна биле направени со користење на бетон или разни мешавини на материјали. Овие меѓници обично се поставуваат на значајни или многу видливи места, често со натписи како што е кратенката на носителот на границата и често датата.[6]

  1. „меѓник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „меѓник“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „граничник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „граничник“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. Tarkiainen, Ü (2012). „Trees for marking boundaries of landed property in premodern Estonia“. Estonian Journal of Ecology. 61 (1): 53. doi:10.3176/eco.2012.1.06.
  6. 6,0 6,1 Porter, John (June 1990). AN HISTORICAL PERSPECTIVE – Longitude 129 degrees east, and why it is not the longest, straight line in the world. National Perspectives – 32nd Australian Surveyors Congress Technical Papers 31 March – 6 April 1990. Canberra: The Institution: Eyepiece – Official Organ of The Institution of Surveyors, Australia, W.A. Division. стр. 18–24.
  7. „синорник“Дигитален речник на македонскиот јазик
  8. „синорник“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]