Прејди на содржината

Граница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Граничен камен

Границалинија која во географијата претставува линија помеѓу две политички сушности, како што се држави, области, територии, општини. Границите се поставуваат преку согласност меѓу политичките сушности што ги контролираат односните региони, а создавањето на ваквата согласност се нарекува гранична делимитација.

Некои граници, како меѓуопштинските и границите меѓу регионите во рамките на една држава, се најчесто отворени, и сосема неконтролирани. Други граници се делумно или сосема контролирани, и може да се преминат на граничен премин. Границите може да имаат тампон-зона.

Видови граници

[уреди | уреди извор]
Целта на Кинескиот Ѕид била да ги запре луѓето и војските од преминување на северната граница на Кина

Според општите одлики, границите може да се:

На државно ниво границите се поделени на:

  • „државни“ (помеѓу земји)
  • „републички“ (помеѓу република)
  • „провинциски“ (помеѓу автономни покраини и други субобјекти)
  • „регионални“ (помеѓу повеќе региони)
  • „опкружувачки“ (помеѓу области)
  • „општински“ (помеѓу општините}))

Во минатото многу граници не биле со јасно определени линии, што денес не е случај. Со цел проверка на границата, како гранични премини се сметаат аеродромите и пристаништата. Повеќето земји имаат своја гранична контрола заради регулирање или забрана на движењето на луѓето, животните и добрата во и надвор од земјата. Според меѓунароните закони, на секоја земја ѝ е дозволено да донесе свои закони и прописи кои треба да се почитуваат за да се помине границата.

На некои гранични премини потребни се документи како пасош и виза, или друг вид на документ, на пример лична карта, за да можат луѓето да ја преминат границата. За пренос на добра преку границата често е потребно да се плати акциза, а за животните што ги пренесуваат луѓето, може да биде побарано да се стават во карантин поради заштита од ширење на заразни болести. Во повеќето земји, забрането е да се внесе нелегална дрога или загрозени животни. Пренесување на добра, животни или луѓе на нелегален начин преку граница се смета за криумчарење. Ако границата се преминува со возило, се проверува осигурувањето и други формалности поврзани со возилото.

На места каде криумчарењето и миграцијата се проблем, се поставуваат огради на границата. Границите меѓу земјите што припаѓаат на Шенген-зоната како и селските делови од канадско-американската граница, речиси да не се обележани.

Поврзано

[уреди | уреди извор]