Прејди на содржината

Мери Шели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портретот на Мери Шели од Ричард Ротвел бил изложен во Кралската Академија во 1840, со стихови од „Бунтот на исламот“ на Перси Шели, кои ја нарекуваат „дете на љубовта и светлината“.[1]

Мери Шели (англиски: Mary Shelley; мом. Мери Волстонкрафт Годвин, англиски: Mary Wollstonecraft Godwin) (30 август 17971 февруари 1851) била британска писателка на романи, приказни, драми, есеи, биографии и патописка, најдобро позната по готскиот романФранкенштајн“ (1818).

Животопис

[уреди | уреди извор]

Татко на Мери Шели е англискиот филозоф Вилијам Годвин, а мајка, филозофот и феминистката Мери Волстонкрафт.

Бат и Марлоу

[уреди | уреди извор]

По нивното враќање во Англија во септември, Мери и Перси се преселија - со Клер Келрмонт, која нашла сместување во близина на Бат, каде тие се надеваа да ја задржат во тајност бременоста на Клер. Во Кологнија, Мери Годвин добила две писма од нејзината полу сестра, Фани Ималу, која алудира на нејзиниот „несреќен живот“; на 9 октомври, Фани пишува „предупредувачко писмо“ од Бристол до Перси Шери но без успех.

Утрото на 10 октомври, Фани Иамалу беше пронајдена мртва во соба во гостилницата Свансена, заедно со порака за самоубиство и шише.

На 10 октомври, сопругата на Перси Шели, беше пронајдена удавена во Серпентин, езеро во Хајд Парк, Лондон. И двете самоубиства беа премолчени.

Семејството на Хариет пречеше во напорите на Перси Шели-коишто беа поддржани од Мери Годвин -за надзор на неговите две деца со Хариет.

Неговите адвокати го советуваа да го подобри својот случај со тоа што ќе се ожени; па тој и Мери, која беше повторно бремена, се венчаа на 30 декември 1816 година во црквата Св. Милдред, Бреад Стреет, Лондон. Г-дин и г-ѓа Годвин присуствувале на венчавката која воедно им ставила крај на семејните несогласувања.

Во март истата година, судот донесе пресуда дека Перси Шели е морално неспособен за чување на деца, а подоцна децата беа сместени во фамилија на свештеник. Исто така во март, фамилијата Шели се пресели со Клер и Алба кај Клер Клермонт која роди бебе на 13 јануари и најпрво го нарече Алба, а подоцна Алегра.

Куката Албион на Марлов, Бекинигемшир, голема зграда кај реката Темза. Таму Мери Шери го родила нејзиното трето дете, Клара, на 2 септември. Во Марлоу, тие ги забавуваа нивните нови пријатели Маријана и Ли Хант, кои работеа напорно во своето пишување, и често дискутираа за политика.

Во почетокот на летото 1817 година, Мери Шели ја заврши Франкенштајн, која беше објавена анонимно во јануари 1818 година. Рецензентите и читателите претпоставуваа дека Перси Шели е автор бидејќи книгата беше објавена со неговиот предговор и посветена на неговиот политички херој Вилијам Годвин. Во Марлов, Мери го издаде весникот „Континентално патување“ 1814, додавајќи и материјали напишани во Швајцарија во 1816, заедно со поемата на Перси „Монблан“. Резултатот беше „Историја на шестнеделна турнеја“ објавена во ноември 1817 година.

Есента, Перси Шели често живееше далеку од дома бегајки од кредиторите. На заканите од затвор на должникот во комбинација со неговото лошо здравје и стравувањето од губење на старателство врз децата придонело двојката да ја напушти Англија и да замине за Италија на 12 март 1818, година земајќи ги Клер Клермонт и Алба со нив. Тие немаа намера да се вратат.

Една од првите задачи по пристигнувањето во Италија беше да се чува Алба во Близина на Бајрон, кој живее во Венеција. Тој се согласил да ја одгледа додека Клер нема да има ништо со неа. Фамилијата Шели водеше скитничка егзистенција, никогаш не остануваа на едно место за долго. Со тек на време, тие натрупуваа круг на пријатели и познаници кои шесто се селеа со нив. Двојката се посвети пишување, читање, учење, разгледување и социјализирање. Италјанската авантура на Мери Шери сепак беше, попречена со смртта на двете нејзини деца- Клара во септември 1818 година во Венеција и Вилијам во јуни 1819 година во Рим. Овие загуби ја ставиле во длабока депресија која ја изолирало од Перси Шели, кој во својата тетратка напишал:

Моја најдрага Мери, каде отиде,
Оставајки ме сам во овај мрачен свет?
Твојата појава е тука-и е навистина убава-
Но ти вешто, избега од жалосниот пат
Тоа води кон тага и нејаснотии
Поради своја причина не можам да те следам тебе
Дали ти се врати за мене.

По некое време Мери Шели најде утеха само во пишувањето. Со раѓањето на нејзиното четврто дете, Перси Флоренс на 12 ноември 1819 година конечно го поткрена нејзиниот дух, иако споменот за нејзините изгубени деца го негуваше до крајот на животот.

Италија условно ги ослободи фамилиите Шели, Бајрон како и други прогонети со политичка слобода, недостижна за дома. И покрај личната загуба Италија стана за Мери Шели „земја чии спомени се насликани како рај“. Годините поминати во Италија беа период на интензивни интелектуални и креативни активности за двајцата. Додека Перси составуваше серија на големи песни Мери ги пишуваше автобиографскиот роман „Матилда“ историскиот роман Велперга и игрите Просерпин и Мида. Мери ја напиша „Велперга“ за да помогне во ублажување на финансиските тешкотии на нејзиниот татко иако Перси одби да му помогне понатаму. таа често физички беше болна и склона кон депресии и исто така мораше да се справи со интересот на Перси за други жени како: Софија, Стејси, Емилија Вивијани, Јана Вилманс.

Бидејќи мери Шели ги делеше неговите верувања во неексклузивноста на бракот, таа формираше емоционална врска почнувајќи од самата себе и помеѓу мажите и жените од нивниот круг. Таа стана посебно приврзана за грчкиот револуционерен Принц Александар Маврокордато, Гејн и Едвард Вилијамс.

Во декември 1818, Шелиеви отпатуваа на југ со Клер Клермонт и нивните слуги во Наполи, каде преостанаа 3 месеци, при што ги посетуваше само докторот. Во 1820, се соочија со обвиненија и закани од страна за Паоло и Елиса Фоги, поранешни слуги, кои Перси Шели ги беше отпуштил во Наполи набргу по венчавката на Фогиеви. Парот открил дека на 27 февруари 1819 година во Наполи, Перси Шели и Мери регистрирале дво месечно бебе како нивно по име Елена Аделида Шели.

Фогиеви исто така тврдеа дека Клер Клермонт е мајка на детето. Биограферите понудија различни толкувања за овие настани: Како Перси Шели одлучил да посвои некое од локалните деца, дека бебето било на Елис, Клара или на некоја непозната жена, или дека била на Елис и Бајрон. Мери Шели инсистираше на тоа дека би знаела кога Клара би била бремена но нејасно е колку таа навистина знае. Настаните во Наполи, градот кој Мери Шели подоцна го нарекуваше рај населен од ѓаволи, единствено сигурно беше дека таа не беше мајка на детето. Елена Адлоид Шели почина во Наполи на 9 јуни 1820 година.

Летото 1822, бремената Мери со Перси, Клери, Едвард и Џејн Вилијамс се преселија во изолираната Вила Магни, На брегот на морето во близина на „Хамлет“ на Сан Торенцо на заливот на Лерици. Откако се населија, Перси ги рашири „лошите вести“ на Клер дека нејзината ќерка Алегра починала од тифус во манастирот на Боњакавало.

Мери Шели беше расеана и несреќна во тесната и далечна Вила Магни, која ја сметаше за затвор. На 16 јуни, абортираше, изгуби толку многу крв што за малку ја избегна смртта. Наместо да го чека докторот, Перси ја седна во бања со мраз за да го сопре крварењето, докторот подоцна му кажа дека со тоа и го спасил животот. Ништо не беше добро помеѓу паровите тоа лето, и Перси поминуваше повеќе време со Џејн Вилијамс отколку со својата депресивна жена. Повеќето од кратките песни коишто Шели ги напиша во Сан Торенцо беа повеќе за Џејн отколку за Мери.

На брегот, на Перси Шели и Едвард Вилијамс им се понуди шанса да уживаат со нивната „совршена играчка во лето„, нов брод. Бродот беше дизајниран од Даниел Робертс и Едвард Трилни, обожавател на Бајрон, кој се приклучи на забавата во јануари 1822. На 1 јули 1822 Перси Шели, Едвард Вилијамс и капетан Даниел Робертс пловеа јужно по крајбрежјето на Ливорно. Таму Пери Шели, Бајрон и Лајт Хант разговараа за лансирањето на радикалното списание „The Liberal“. На 8 јули, тој и Едвард Вилијамс излегоа на ново патување до Лирици со нивното 18-годишно „бродско момче“, Чарлс Вивијан. Никогаш не ја достигнаа целта. Писмо пристигна до вилата Магни „Ве молиме пишете ни како се вративте дома, бидејќи велат имало невреме по вашето исполовување во понеделникот и ние сме вознемирени. „Хартијата ми падна", Мери подоцна им кажа на пријателите „целата се тресев“. Таа и Џејн Вилијамс побрзаа очајнички до Ливорно па до Пиза, со бледа надеж дека нивните мажи се сѐ уште живи. Десет дена по бурата, три тела се појавија на брегот во близина на Вијареџо помеѓу Лаоворно и Лереци. Трелани, Бајрон и Хант, и трупот на Перси Шели на плажата на Вијареџо.

Враќање во Англија и писателска кариера

[уреди | уреди извор]

„,Франкенштајн' е најубавата работа напишана на 20 годишна возраст за којашто сум слушнал. Вие сега имате 25 години. За среќа имате водич во текот на читањето кој го култивира вашиот ум на завидно ниво, адаптиран да ве направи добар и успешен автор. Ако вие не можете да бидете независни, кој би можел?“

Вилијам Годвин до Мери Шели[2]

По смртта на нејзиниот сопруг, Мери Шели живееше една година со Хант и неговото семејство во Џенова каде што често го гледаше Бајрон и ги транскрибираше неговите поеми. Таа реши да живее покрај нејзиното пенкало и за нејзиниот син, Но нејзината финансиска состојба беше несигурна. На 23 јули 1823, таа ја напушти Џенова за Англија и остана со нејзиниот татко и маќеа во Стренд додека мала аконтација од татко ѝ во законот не ѝ овозможи чекор напред. Сер Тимоти Шели прв се согласи да го подржи неговиот внук, Перси Флоренс, само ако му беше предадено старателството Мери веднаш ја одби таа идеја. Наместо тоа таа успеа да извлече годишен надоместок од Сер Тимоти кој требаше да го наследи имотот, но до крајот на неговите денови одбиваше да се гледа со неа лично, комуницираа само преку адвокати. Мери Шели се зафати со уредување на поемите од нејзиниот сопруг, меѓу другите книжевни зафати, но загрижена за нејзиниот син ги ограничи своите опции. Сер Тиомоти се закани дека ако некоја биографија се објави за поетот ќе престане со надоместокот. Во 1826 година Перси Флоренс стана правен наследник на имотот Шели по смртта на Чарлс Шели, син на неговиот татко и Хариет Шили. Сер Тимоти го покачи надоместокот за Мери од 100 фунти на 250, но финансиската состојба остана лоша. Мери Шели уживаше во стимулирачкото општество во кругот на Влијамс Годвин, сиромаштијата ја спречуваше да се дружи со кого сака. Исто така се почувствува избегнувана од страна на оние, како Господин Тимоти кои сѐ уште не ја одобруваше нејзината врска со Перси Буше Шели.

Во летото 1824 година, Мери Шели се преселила во Кентиш Таун во северен Лондон за да биде во близина на Џејн Вилиамс. Според зборовите на нејзиниот биограф Мјуриел Спарк, таа била „малку заљубена„ во Џејн. Џејн подоцна ја разочарала Мери, озборувајќи дека Перси повеќе ја претпочитал неа од Мери. Во тоа време Мери Шели работела на својот нов роман „The Last Man“ (1826), но исто така им помагала на неколку пријатели кои пишувале мемоари за Бајрон и Перси Шели -Ова биле и нејзините први обиди да го направи бесмртнен нејзиниот сопруг. Мери тогаш ги сретнала америкианскиот глумец Џош Хауард Пејн и американскиот писател Вашингтон Ирвинг, кој ја заинтригирал. Пејн се заљубил во Мери и во 1826 година ја побарал за жена. Таа го одбила велејќи дека откако еднаш била мажена за генијалец, можела повторно само за таков да се омажи. Пејн го прифатил одбивањето и пробал да го наговори и неговиот пријател Ирвинг да ја побара за жена, но безуспешно. Мери била свесна за планот на Пејн, но колку сериозно го сфатила не е јасно.

Во 1827 година, Мери Шели била дел од планот кој и овозможил на нејзината пријателка Изабел Робинсон и љубовницата на Изабел,Мери Дијана Додс, која пишувала под псевдонимот Дејвид Линдсеи, да започнат заеднички живот во Франција како маж и жена. Со помош на Пејн, успеала да набави лажни пасоши за двојката, но деталите ги чувала во тајност од Пејн. Во 1828 година се разболела од големи сипаници додека била да ги посети во Париз. По неколку недели оздравела, немала лузни по лицето но била и без нејзината младешка убавина.

Во периодот од 1827 до 1840a година Мери Шели била зафатена и како писател и како уредник. Ги напишала романите „Перкин Ворбек“ (1830), „Лодор“ (1835) и „Фолкнер“ (1837). Исто така придонела и пет тома од „Lives“ на италијански, шпански, португалски и француски автори на „Lardner’s Cabinet Cyclopаedia“. Исто така пишувала стории и за списанија за жени. Уште помагала во издржувањето на нејзиниот татко, и меѓусебно си помагале во барањето на издавачи. Во 1830 година го продала правото за ново издание од „Frankenstein“ за 60 фунти, на Хенри Колбурн и Ричард Бентли за нивните нови Standard Novel серијали. После смртта на нејзиниот татко, во 1836 година, таа почнала да го собира неговите писма и мемоари за да ги објави, како што побарал во неговиот тестаментот, но по две години работа, таа го напуштила проектот. Низ овој период ја величела и поезијата на Перси Шели, ги промотирала неговите публикации и го цитирала во своите дела. До 1837 година, делата на Перси биле добро познати и сè повеќе се восхитувале на нив. Летото 1838 година Едвард Моксон, издавачот од Тенисон и неговиот зет Чарлс Лемб предложиле да се издадат собрани дела од Перси Шели. На Мери и биле исплатени 500 фунти за да го уреди „Poetical Works“ (1838), за кои Сер Тимоти инсистирал да биде без биографија. Мери нашла начин да ја раскаже приказната за животот на Перси, но и покрај тоа таа напишала обемни биографски белешки за неговите поеми.

Мери Шели продолжила да ги бира со претпазливост своите идни романтични партнери. Во 1828 година го сретнала и почнала да флертува со Францускиот писател Проспер Мериме, но едно нејзино зачувано писмо до него изгледало како одраз на неговата изјава на љубов. Таа била восхитена кога слушнала дека нејзин стар пријател од Италија, Едвард Трилани, се враќа во Англија, а тие во нивните писма си кажувале шеги за брак. Нивното пријателство се изменило, откако Мери го одбила да соработува за неговиот предлог да напише биографија за Перси Шели, а подоцна и реагирал агресивно на нејзиното изоставање на атеистичкиот дел на Queen Mob од поемите на Перси Шели. Неискрени наводи од нејзиниот дневник, од раните 1830-сети до раните 1840-ти, посочуваат дека Мери Шели имала чувства за радикалниот политичар Обри Боклерк, кој можеби ја разочарал двапати женејќи се за други.

Нејзина прва грижа во тоа време била благосостојбата на нејзиниот син Перси Флоренс. Таа ја испочитувала последната желба на нејзинот сопруг, неговиот син да оди во државно училиште и со недоволната помош од Сер Тимоти успеала да го образова во Хароу. За да ги избегне трошоците за интернат се преселиле во Хероу он д Хил за да може Перси да го посетува училиштето како дневен ученик. Потоа Перси отишол на Тринити Колеџот, во Кембриџ, и помалку се занимавал со политика и адвокатура, но не покажал талент како неговите родители. Бил посветен на неговата мајка и откако го напуштил универзитетот во 1841, година се преселил да живее со неговата мајка.

Последни години и смрт

[уреди | уреди извор]

Во 1840 и 1842 година, мајката и синот патувале заедно низ континентот, а тие патувања Мери Шели ги ги запишала во „Rambles in Germany and Italy in 1840, 1842 and 1843“ (1844). Во 1844 година Сер Тимоти починал. Тогаш за првпат во животот Мери Шели и нејзиниот син биле финансиски независни, иако имотот сто го имале се покажало дека вредел помалку отколку што се надевале.

За да и ги исполнат последните желби, Перси и неговата жена Џејн ги ексхумирале посмртните останки на нејзините родители и ги закопале во Борнмут.

Во средината на 1840-тите, Мери Шели станала мета на тројца уценувачи. Во 1845 еден италијанец со политички егзил наречем Гатесчи, кој го имала сретнато во Париз, и се заканил дека ќе ги објави писмата кои му ги пратила. Пријател на нејзиниот син подмитил полициски шеф за да ги запленат писмата од Гатесчим за потоа да бидат уништени. Малку подоцна таа купила некои писма кои таа ги напишала и Перси Буше Шели од некој човек кој се нарекувал себеси Г. Бајрон и наметнувајќи се како нелегален син на покојниот Лорд Бајрон. Исто така во 1845, братучедот на Перси Буше Шели, Томас Медвин, и пристапил тврдејќи дека има напишано многу лоша биографија за Перси Шели. Рекол дека ќе ја повлече ако му дадат 250 фунти за возврат, но Мери Шели го одбила.

Во 1848 година, Перси Флоренс се оженил со Џејн Гибсон Сент Џон. Бракот им бил среќен, а Мери и Џејн Добро се сложувале. Мери живеела со синот и снаата на Филд Плејс, Сасекс, во семејниот дом на Шели и во Честер Скуер, Лондон, и ги придружувала на сите патувања.

Последните години Мери Шели била постојано болна. Од 1838 година, страдала од главоболки и напади на парализа на делови од телото, кои некогаш ја спречувале да чита или да пишува. На 1 февруари 1851 година, на Chester Square починала на педесет и три годишна возраст. Починала од тумор на мозокот, како што се сомневал нејзиниот доктор. Според Џејн Шели, Мери Шели побарала да биде погребана со нејзините родители, но Перси и Џејн одлучиле дека гробиштата на Св. Панкрас биле премногу „ужасни“, па затоа одлучиле да ја погребаат во гробиштата на црквата Св. Петар во Борнут, во близина на нивниот нов дом во Боскомб. На годишнината од нјзината смрт, синот и снаата ја отвориле кутијата што се наоѓала на нејзината маса. Внатре нашле прамени од коса од нејзините починати деца, тетратка која ја делела со Перси Буше Шели и копоија од неговата поема „Адонис“, со една страна превиткана околу свилен дел кој содржел малку од неговата пепел и останките од неговото срце.

Феминизам

[уреди | уреди извор]

Мери го користела историскиот роман да коментира на родовите односи; на пример, Валперга е феминистичка верзија на маскунистичкиот жанр на Скот.[3] Воведувајќи жени во приказната кои не се дел од историскиот рекорд, Шели ги користи нивните приказни да ги истражи установните теолошки и политички институции.[4] Шели ја поставува компулсивната алчност за освојување на машкиот протагонист во опозиција на женската алтернатива: разум и сензибилитет.[5] Во Перкин Уарбек, друг историски роман на Шели, Лејди Гордон се залага за вредностите на пријателството и еднаквоста. Преку неа, Шели нуди женствена алтернатива на машката политика на моќ која ги уништува машките ликови.

Лодор се занимава со политички и идеолошки прашања, особено со образованието и социјалната улога на жените.[6] Таа ја разглобува патријархалната култура што ги одделува половите и ги принудува жените да зависат од мажите. Во нејзините приказни, го прикажува општественото мислење за женскиот идентитет - сврзан за краткотрајна вредност на жената во бракот, додека машкиот идентитет може да се одржи и да се трансформира преку употребата на пари.[7]

Нејзината употреба на биографијата да се унапреди историографијата на жените стана еден од нејзините највлијателни политички интервенции.[8]

  1. Seymour, 458.
  2. Qtd. in Seymour, 319.
  3. Curran, "Valperga" (CC), 106–7; Clemit, Godwinian Novel, 179; Lew, "God's Sister" (OMS), 164–65.
  4. Clemit, Godwinian Novel, 183; Bennett, "Political Philosophy", 357.
  5. Lew, "God's Sister" (OMS), 173–78.
  6. Vargo, Introduction to Lodore, 21, 32.
  7. Sussman, "Stories for The Keepsake" (CC), 167, 176; Hofkosh, "Disfiguring Economies", (OMS), 207.
  8. Kucich, "Biographer" (CC), 235; see Nora Crook, "General Editor's Introduction", Mary Shelley's Literary Lives, Vol. 1, xxv for the exact number; Tilar J. Mazzeo, "Introduction by the editor of Italian Lives", Mary Shelley's Literary Lives, Vol. 1, xli.