Мај Зетерлинг
Мај Зетерлинг | |
---|---|
Роден(а) | Мај Елизабет Зетерлинг 24 мај 1925 Вестерос, Шведска |
Починал(а) | 17 март 1994 Лондон | (возр. 68)
Занимање | Глумица, Режисер |
Сопружник | Туте Лемков (в. 1944; раз. 1953) Давид Хјуз (в. 1958; раз. 1979) |
Деца | Д-р Луис Лемков-Зетерлинг, Етјен Лемков-Зетерлинг |
Мај Елизабет Зетерлинг (швед. изг. [ˈmajː ˈsɛ̂tːɛˌɭɪŋ]; 24 мај 1925 година - 17 март 1994 година)[1] била шведска глумица и филмска режисерка.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Зетерлинг е родена во Вастерос, Шведска, во семејство на работничка класа.[2] Својата кариера како глумица ја започнала на 17-годишна возраст во Драметен, шведскиот национален театар, појавувајќи се во филмови од ерата на војната.
Кариера
[уреди | уреди извор]Зетерлинг се појавила во филмски и телевизиски продукции во период од шест децении од 40-тите до 90-тите години на минатиот век. Нејзиниот пробив го доживеала во филмот „Маки“ напишан од Ингмар Бергман во 1944 година, во кој таа игра контроверзна улога како измачена продавачка. Набргу потоа се преселила во Англија и таму постигнала непосреден успех со нејзината главна улогата во „Фрида“ (1947) на Василиј Деарден, играјќи покрај Давид Фарар. По краткото враќање во Шведска во која повторно соработувала со Бергман во неговиот филм „Музика во темнина“ (1948), таа се вратила во Велика Британија и глумела во голем број филмови, играјќи заедно со водечките глумци како Тајрон Пауер, Дирк Богард, Ричард Видмарк, Лоренс Харви, Питер Селерс, Херберт Лом, Ричард Атенборо, Кинан Вин, Стенли Бејкер и Денис Прајс.
Некои од нејзините забележителни филмови како глумица ги вклучуваат „Квартет“ (1948), филм заснован на некои раскази на В. Сомерсет Могам, „Романтичното доба“ (1949) во режија на Едмонд Т. Гривил, „Само двајца можат да играат“ (1962) заедно со Питер Селерс, а во режија на Сидни Гилијат, и „Вештерки“ (1990), адаптација на книгата на Роалд Дал во режија на Николас Рог. Имајќи репутација како секс симбол во драмите и трилерите, таа била подеднакво ефикасна и во комедиите, а исто така била многу активна и во британската телевизија во текот на 50-тите и 60-тите години од минатиот век.
Таа започнала да режира во раните 1960-ти, почнувајќи со политички документарни филмови и краток филм наречен „Воена игра“ (1962), кој бил номиниран за награда БАФТА, и освоил Сребрен лав на Венеција. Нејзиниот прв игран филм „Älskande par“ (1964, „Прекрасни парови“), заснован на романите на Агнес фон Крузенштерна, бил забранет на Канскиот филмски фестивал заради сексуална експлицитност и голотија. Кенет Тинан од „Обсервер“ подоцна го нарекол како „едно од најамбициозните филмски дебија уште од „Граѓанинот Кејн“. Тој не бил единствениот филм што го снимила и што предизвикал контроверзии за неговата искрена сексуалност.
Кога критичарите ја разгледувале нејзината дебитантска одлика, реле дека „Мај Зетерлинг режира како маж,“[3] таа започнала да ги истражува феминистичките теми појасно во нејзината работа. „Девојките“ е филм снимен само со шведски глумци, вклучувајќи ги Биби Андерсон и Хариет Андерсон, во кој се разговара за слободата на жените (или недостатокот) во општество контролирано од мажите, бидејќи протагонистите ги споредуваат своите животи со ликовите во претставата „Лисистрата“ и откриваат дека работите не напредувале многу за жените уште од античко време.
Во 1966 година, се појавила како раскажувач на детската програма на Би-Би-Си „Џаканори“, а во пет епизоди била раскажувач во „Шапката на Магионичарот“ на Тове Јонсон.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Зетерлинг била во брак со норвешкиот глумец Туте Лемков од 1944 до 1953 година. Тие ги добиле ќерката Етјен и синот Луис, кој е професор по еколошка социологија на Автономниот универзитет во Барселона. Во нејзината автобиографија, „Сите оние утрешнини“,[4] објавена во 1985 година, Зетерлинг детално раскажува за љубовните афери со глумецот Херберт Лом, а подоцна и со Тајрон Пауер, со кого живеела од 1956 година до почетокот на 1958 година. Од 1958 до 1976 година била во брак со британскиот автор Дејвид Хјуз, кој соработувал со неа на нејзините први филмови како режисер. Двојката била пријател со композиторот Мајкл Хурд, кој ги напишал музичките партитури за „Фликорна“ и „Скраберс“.
Документите во Националниот архив во Лондон покажуваат дека, како член на холивудската левица, британските агенти за безбедност ја гледале како осомничен комунист. Сепак, Велика Британија никогаш немала систем како американската холивудска црна листа.
Во 1994 година, една година по нејзината последна улога на телевизија, таа починала од рак, на возраст од 68 години, во нејзиниот дом во Лондон.[2]
Избрана филмографија
[уреди | уреди извор]- Делумна филмографија како режисер
- Воената игра (1962)
- Прекрасни парови (Älskande par, 1964)
- Ноќни игри (Nattlek, 1966)
- Доктор Глас (1968)
- Девојките (Flickorna, 1968) - феминистичка рецензија на Аристофановата класична антивоена претстава Лизистрата, со Биби Андерсон, Хариет Андерсон и Гинел Линдблом.
- Осум привиди (1973) - сегмент Најсилниот.
- Месечината е зелено сирење (Månen är en grön ost, 1977)
- Љубов (1982) - сегменти Лубовта од пазарот, Црна мачка во црни чорапи од глувче, и Џулиа.
- Чистачи (1983)
- Амороса (1986)
- Неделна брканица (1990)
Глумица
- Јас убив (Jag dräpte, 1943)
- Принцот Густав (1944)
- Мака (1944)
- Сонцето го следи дождот (1946)
- Ирис и поручникот (1946)
- Фрида (1947)
- Животот почнува сега (1948)
- Музика во темнина (1948)
- Портрет од животот (1948)
- Квартет (1948)
- Романтичното доба (1949)
- Лошиот Лорд Бајрон (1949)
- Изгубените луѓе (1949)
- Уценувани (1951)
- Пеколот е распородаден (1951)
- Ѕвоначот (1952)
- Очаен миг (1953)
- Чукни во дрво (1954)
- Високите наслови (1954)
- Играј, мала дамо (1954)
- Златна награда (1955)
- Куќа за кукли (1956 филм) (Ett Dockhem, 1956)
- Седум бранови подалеку (1957)
- Вистината за жените (1957)
- Главниот Масон (1958)
- Џет бура (1959)
- Лица во мракот (1960)
- Трета станица Пикадили (1960)
- Оф-такт (1961)
- Ѓаволот внатре (1961)
- Само двајца можат да играат (1962)
- Главна атракција (1962)
- Операција Сирена (1963)
- Човекот кој конечно умре (1963)
- Мостот со лозница (1965)
- Скриени намери (1990)
- Вештерките (1990)
- Патувањето на Дедо (1993)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ DEATHS - The Washington Post - HighBeam Research
- ↑ 2,0 2,1 Collins, Glenn (March 19, 1994). „Mai Zetterling, 68, Film Actress With a Second Career in Directing“. The New York Times. Посетено на May 12, 2010.
- ↑ http://www.tcm.com/tcmdb/participant.jsp?spid=212401
- ↑ Mai Zetterling (1985). All Those Tomorrows. London: Cape. ISBN 0-224-01841-8. New York: Grove, 1986. ISBN 0-394-55602-X.