Лу Бега
Лу Бега | |
---|---|
Лу Бега во 2018 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Давид Лубега Балемеци |
Роден(а) | 13 април 1975 Минхен, Баварија, Западна Германија (денес Германија) |
Жанрови | поп, латино хип-хоп, латино-поп, мамбо, ска |
Занимања | пејач |
Период на активност | 1988–денес |
Издавачи | Lautstark, BMG, RCA, Condon Musical Enterprise, Unicade, DA, Big, Matthew B. Jarvis-Benson Phillips |
Мреж. место | lou-bega.com |
Давид Лубега Балемеци, (германски: David Lubega Balemezi; роден на 13 април 1975 година) познат по неговото уметничко име Лу Бега (герм. Lou Bega) ― германски пејач. Неговата песна од 1999 година „Mambo No. 5“, преработка на инструменталното дело од Перез Прадо од 1949 година, се искачила на прво место на топ-листите во многу европски земји и била предложена за Греми-награда.
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Давид Лубега Балемеци е роден на 13 април 1975 година во Минхен, тогаш во Западна Германија, од мајка Италијанка, која потекнувала од Сицилија, и татко од Уганда.[1] Татко му дошол во Западна Германија во 1972 година за да студира биологија на Универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен.[2] До шестгодишна возраст, Бега поголемиот дел од детството го поминувал со мајка му во Италија, а потоа трајно се преселиле во Минхен, каде што Бега се запишал во основно училиште. Како тинејџер, тој живеел година и пол во Мајами, каде што ја нашол инспирацијата за неговиот хит сингл „Mambo No. 5“.[1] Тој исто така шест месеци живеел во Уганда.[3]
Бега музичката кариера ја започнал како рапер. На 13-годишна возраст, тој со двајца пријатели основал хип-хоп-група, а две години подоцна (во 1990 година) издале ЦД.[2] Додека живеел во Мајами, се запознал со латиноамериканската музика. По враќањето во Минхен, Бега потпишал договор за снимање со издавачката куќа Lautstark.[4]
Неговиот прв сингл „Mambo No. 5" станал светски хит во 1999 година, заземајќи го првото место во повеќето европски земји, вклучувајќи ги Германија, Велика Британија, Франција и трето место во САД.[5][6][7][8] Во Франција, „Mambo No. 5“ поминала дваесет недели на прво место.[7]
На 19 јули 1999 година, Лу Бега го издал албумот A Little Bit of Mambo, кој се искачил на трето место во Германија и во САД.[8][9] На топ-листата во Обединетото Кралство, албумот стигнал само до 50-то место, но се искачил на врвот на топ-листите во: Австрија, Канада, Финска, Унгарија и Швајцарија.[8][10][11]
Неговиот вториот студиски албум, Ladies and Gentlemen, бил издаден на 28 мај 2001 година. Албумот не бил успешен како неговиот претходен албум. Се искачил до 54-то место во Германија,[9] и 23-то место на швајцарската топ-листа за албуми.[12]
Во 2002 година, Бега објавил компилација под наслов King of Mambo, а две години подоцна уште една компилација, The best of Lou Bega,[13] со која делумно ја вратил популарноста.
Бега го издал неговиот трет студиски албум Lounatic на 10 мај 2005 година, но албумот не успеал да се пласира на топ-листите.[14]
На 21 мај 2010 година, Бега го издал неговиот четврти албум насловен како Free Again, кој исто така не бил многу успешен на топ-листите.[14]
Петтиот студиски албум на Бега A Little Bit of 80s бил издаден на 28 јуни 2013 година, во Германија со издавачката куќа Ariola (Sony Music).[15] Во овој албум Бега преработил меѓународни хитови.
Во 2019 година, Бега го издал „Scatman & Hatman“. Нумерата користела вокални примероци од синглот од 1994 година „Scatman (Ski-Ba-Bop-Ba-Dop-Bop)“ од Скетмен Џон.
Награди и номинации
[уреди | уреди извор]Награда | Година | Категорија | Исход | Навод |
---|---|---|---|---|
Светски музички награди | 2001 | Музичар со најголема продажба на светот | Победник | [16] |
Германски музичар со најголема продажба на светот | Победник |
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
- A Little Bit of Mambo (1999)
- Ladies and Gentlemen (2001)
- Lounatic (2005)
- Free Again (2010)
- A Little Bit of 80s (2013)
- Walk to the River (2018) со Џениева, неговата сопруга
- 90s Cruiser (2021)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Allmusic: Lou Bega (Overview)“. Allmusic. Посетено на 1 July 2013.
- ↑ 2,0 2,1 LOU BEGA – the official website. „Lou Bega's official website“. Lou-bega.com. Архивирано од изворникот на 7 November 2011. Посетено на 31 March 2012. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Lou Bega's official website“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Interview with Lou Bega (in German)“. Planet-interview.de. 20 June 2001. Посетено на 31 March 2012.
- ↑ BMG Berlin Lautstark. „Artists under contract to Lautstark“. Lautstark.de. Архивирано од изворникот на 10 March 2012. Посетено на 31 March 2012.
- ↑ „Charts.de: Lou Bega (Singles)“. Media Control (германски). Charts.de. Архивирано од изворникот на 28 July 2014. Посетено на 1 July 2013.
- ↑ „Official Charts Company: Lou Bega“. Official Charts Company. Посетено на 1 July 2013.
- ↑ 7,0 7,1 „Lescharts.com: Lou Bega – Mambo No. 5 (A Little Bit of...)“. Lescharts.com. Посетено на 1 July 2013.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 „Allmusic: Lou Bega (Awards)“. Allmusic. Посетено на 1 July 2013. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Allmusic: Lou Bega (Awards)“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ 9,0 9,1 „Charts.de: Lou Bega (Albums)“. Media Control (германски). Charts.de. Архивирано од изворникот на 28 July 2014. Посетено на 1 July 2013. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Charts.de: Lou Bega (Albums)“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Lescharts.com: Lou Bega – Little Bit of Mambo“. Lescharts.com. Посетено на 1 July 2013.
- ↑ „Mahasz: Archívum Kereső – előadó/cím szerint“. Mahasz. Архивирано од изворникот на 15 November 2014. Посетено на 1 July 2013.
- ↑ „Lou Bega – Ladies and Gentlemen“. Schweizer Hitparade (Hung Medien). Посетено на 4 July 2013.
- ↑ Lou Bega at Todomusica.org
- ↑ 14,0 14,1 „MusicLine.de: Lou Bega – Discografie“. MusicLine.de. Посетено на 1 July 2013. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „MusicLine.de: Lou Bega - Discografie“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Amazon.de: Lou Bega – A Little Bit of 80s“. Amazone.de. Посетено на 1 July 2013.
- ↑ „Billboard“. 10 June 2000.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Лу Бега на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|