Кристијан Моргенштерн
Кристијан Моргенштерн | |
---|---|
Роден(а) | Кристијан Ото Јозеф Волфганг Моргенштерн 6 мај 1871 Минхен |
Починал(а) | 31 март 1914 Унермајд (по ново Мерано) | (возр. 42)
Националност | Германец |
Занимање | Поет Автор |
Кристијан Ото Јозеф Волфганг Моргенштерн (Christian Otto Josef Wolfgang Morgenstern), е роден на 6 мај 1871 година во Минхен, починал на 31 март 1914 година во Унермајс по ново Мерано, Јужен Тирол, Италија - германски поет, писател и преведувач. Во светот е поесебно препознатлив по неговата комична поезија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Мајката на Моргенштерн починала од туберкулоза на неговата десетгодишна возраст, а тој ја наследил болеста. Големи дел од својот живот поминал патувајќи по санаториумите низ Германија, Швајцарија и Италија, при што имал можност да запознае многу истакнати книжевници и филозофи на тогашната Европа.
Книжевно творештво
[уреди | уреди извор]Познат е по преводи на исклучителни многубројни дела и автори, како; Хенрик Ибзен, Кнут Хамсун и Бјернстјерне Бјернсон и Август Стриндберг.
Најпопуларното дело на Кристијан Моргенштерн е „Песни од бесилката“ (Galgenlieder) од 1905 година.
Во своите рани години Моргенстерн напишал голем број есеи и рецензии за различни германски периодики. На неговото филозофско и митско творештво највеќе влијаеле Фридрих Ниче, Рудолф Штајнер, Фјодор Михајлович Достоевски и Лав Николаевич Толстој.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Anthony T. Wilson: Über die Galgenlieder Christian Morgensterns. Königshausen und Neumann (= Epistemata – Würzburger wissenschaftliche Schriften. Reihe Literaturwissenschaft, Bd. 448), 2003, ISBN 978-3-8260-2490-0.