Прејди на содржината

Комбинација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во математиката, комбинација претставува начин на одбирање на нешта од поголема група, и притоа распоредот на избраните нешта не е важен. Во случаи кога одбираме од множество со помал број елементи можеме да ги изброиме комбинациите. На пример, дадено е множество од три овошја: јаболко, портокал и круша. Доколку избираме два елементи од ова множество можни се три комбинации: јаболко и портокал, јаболко и круша или портокал и круша. Бројот на комбинации кои се содржат од к-елементи на множеството М (кое содржи n елементи) е еднаков на:

кое може да се запише со користење на факториели: