Дон Жуан
Дон Жуан (или Дон Џовани/Дон Хуан) е легендарен заводник, фиктивен лик чија приказна е раскажувана голем број пати од многу различни автори. Првата пишана верзија за легендата на Дон Жуан е Измамникот од Севиља и гробниот камен (El burlador de Sevilla y convidado de piedra), претстава од Тирсо де Молина, издадена во Шпанија околу 1630, чие дејство е поставено во 14 век. Другото поголемо дело во шпанската литература за овој лик е Дон Жуан Тенорио, драма напишана во 1844 од Хосе Зорила.
Името често се користи фигуративно, како синоним за „женкар“, особено во шпанскиот јазик.
Легендата за Дон Жуан
[уреди | уреди извор]Во легендата, Дон Жуан е слободен развратник кој ужива во заведувањето и (во повеќето верзии) борба со нивните шампиони/свршеници. Главното дејство во легендата се одвива околу силувањето или заведувањето на млада девојка од благородничко семејство и убивањето на нејзиниот татко. Подоцна, тој ја среќава статуата на нејзиниот татко на гробишта и ѓаволски ја поканува на вечера, на што статуата ја прифаќа поканата. Духот на таткото пристигнува за вечерата и го поканува Дон Жуан да вечера со него на гробиштата. Дон Жуан прифаќа и оди на гробот каде статуата бара да се ракува со него. Кога Дон Жуан ја подава својата рака, статуата го грабнува и го одвлекува во Пеколот.[1]
Карактер
[уреди | уреди извор]Повеќето експерти тврдат дека првата забележана приказна за Дон Жуан е Измамникот од Севиља и гробниот камен од Тирсо де Молина. Нејзината публикација варира меѓу 1620 и 1625, зависно од изворите, иако во Шпанија се појавува порано, во 1615. Дон Жуан е женскар кој ги заведува жените или преку маскирање како нивните љубовници или преку ветување брак. Тој зад себе остава трага од скршени срца, лути сопрузи и навредени татковци; сè додека не убива извесен Дон Гонсало. Подоцна, откако е повикан од духот на Дон Гонсало за вечера во катедралата, Дон Жуан ја прифаќа понудата, не сакајќи да се покаже како кукавица, што доведува до неговиот крај.
Зависно од различните толкувања на легендата, карактерот на Дон Жуан се гледа преку една од овие две перспективи: едноставен, страсен женкар и суров заведувач кој добива секс кога ќе може, или како маж кој навистина се вљубува во секоја жена која ќе ја заведе, со дарбата да ја види вистинската убавина и уникатноста на секоја жена. Раните верзии на легендата секогаш го портретираат во според второто гледиште.
Друга литература за Дон Жуан
[уреди | уреди извор]Изговор
[уреди | уреди извор]Според шпанскиот јазик, Дон Жуан е Дон Хуан. Во нашиот и во повеќе други јазици ликот е познат само како Дон Жуан.
Дон Жуан како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Дон Жуан се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Дон Жуановото детство“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.[2]
- Драма на Тирсо де Молина од 1630 година.
- Драма на Паоло Зехентнер од 1643 година.
- Дон Жуан (Молиер) - комедија на Молиер од 1665 година.
- 1736: Карло Голдони драма
- 1813: „Дон Жуан“ - расказ на Ернст Теодор Хофман[3]
- 1821: Бајрон поема „Дон Жуан“
- 1830: Пушкин драма Гостин од камен
- 1831: дело на Александар Дима
- 1834: Проспер Мериме новела
- 1841: Франц Лист дело
- 1861: Шарл Бодлер поема
- 1862: Толстој драма во стихови Дон Жуан
- 1888: Ричард Штраус симфониска поема
- 1903: Џорџ Бернард Шо драма
- 1910–12: Александар Блок дело
- 1949: Авантурите на Дон Жуан, филм со Ерол Флин
- 1955: Ингмар Бергман драма Дон Жуан
- 1960: Ингмар Бергман филм
- 1988: Пет Шоп Бојс песна „Дон Жуан“
- 1995: Дон Жуан де Марко, филм со Џони Деп во улога на Дон Жуан, и Марлон Брандо
- 2004: Петер Хандке, Дон Жуан: Неговата сопствена верзија - новела.[4]
- 2005: Џим Џармуш, филм Скршени цвеќиња.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Legend of Don Juan Архивирано на 5 јули 2007 г., Театарски уметности при Инстутутот за технологија во Калифорнија, САД.
- ↑ Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 97.
- ↑ Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002, стр. 30-44.
- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 16.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Dom Juan de Molière : Plot overview Архивирано на 9 октомври 2006 г. (на француски)
- Encyclopædia Britannica article about Don Juan (на англиски)
|