Документ
Изглед
Документ е ограничена физичка или дигитална репрезентација на тело од информации, создадени со можност за комуникација и повторна употреба. Документот може да мaнифестира симболичка, диjаграмска или сензорски добиена информација.
Архивски документ
[уреди | уреди извор]Документ/запис во архивистиката е забележана информација создадена или примена во текот на покренувањето, извршувањето или завршувањето на активност на одреден орган, правно или физичко лице и ги опфаќа во доволна мера содржината, контекстот и структурата, така што без оглед на обликот или носачот на записот, дава доказ за таа активност.
Основни одлики на документот/записот се автентичност, веродостојност, целовитост и употребливост:
- автентичен е оној документ за кого може да се докаже дека е тоа што во него се тврди дека е, дека го создал или испратил оној за кое се тврди дека го создал или испратил и дека е создаден или испратен во времето во кое се тврди дека е создаден или испратен;
- веродостоен е оној документ на чија содржина може да и се верува дека потполно и точно ги изразува активностите или фактите кои ја сочинуваат таа содржина;
- целовит е оној документ кој е потполн и неизменет и
- употреблив е оној документ кој овозможува да се распознае, пронајде, пребара, претстави и толкува.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|