Дина (роман)
- Оваа статија е за книгата „Дина“; за други значења, види Дина (појаснување).
Дина (англиски Dune), Песочната Планета, првата книга од серијалот „Дина“.
Култно прозно дело напишано од американскиот научно-фантастичен писател Френк Херберт во 1964 година.
Во книгата се работи за Пол Атреид, син на војводата, и иден наследник на Големата Куќа Атреиди кој заедно со целата негова фамилија е префрлен на планетата Аракис, на која што треба да живеат и да го спроведуваат добавувањето на зачинот наречен Меланж, кој претставува супстанца која го продолжува животот. Притоа, куќата Атреиди е соочена со нивните смртни непријатели, Харконените, кои се обидуваат да им ја одземат власта од Аракис, а и воедно да ги уништат Пол и татко му, Лето. Но Пол открива дека поседува посебни, натчовечки моќи со кои може да ја види иднината. Тој подоцна го зема името Муад`Диб (Muad'Dib) од Слободниците (Fremen), кои се нативни жители на Песочната Планета.
Оваа книга ја има добиено Американската „Небула“ награда за книга на годината, и уште неколку други награди меѓу кои и „Книга на деценијата“ итн.
Френк Херберт има напишано шест книги од серијалот на „Дина“, како што се:
- „Дина“
- „Динин Месија“
- „Децата на Дина“
- „Бог-император на Дина“
- „Кривоверците на Дина“
- „Динина собирна куќа“
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место за Дина
- Интернет група на обожаватели на Дина Архивирано на 3 април 2006 г.
|