Грклан
Изглед
Грклан | |
---|---|
![]() Анатомија на гркланот, антеролатерален поглед | |
![]() Слика на грклан кај човек добиена со ендоскопија | |
Назнаки | |
TA | A06.2.01.001 |
FMA | FMA:55097 |

Грклан[1][2] (лат. larynx) — цевчест орган за дишење и создавање на гласот. Изграден е од ‘рскавични елементи, од кои најголема е штитовидната ‘рскавица - Адамово јаболко, парната лажичеста, прстенестата ‘рскавица, како и мажлецот (епиглотис). Гркланот е постојано отворен, освен при голтање, кога се затвора со мажлецот. Со тоа се спречува влегување на храна во душникот.
Слузокожата што го обложува гркланот формира парни набори - гласни жици. Гласот се генерира преку вибрациите на гласните жици кога воздухот струи низ нив. Артикулацијата на гласот се контролира преку движењето на јазикот, забите и усните.
Наводи
[уреди | уреди извор]
|