Гојас
Главен град | Гојанија |
Најголем град | Гојанија |
Службен јазик | Португалски |
- Управник | Алсидес Родригес Фиљо |
- Подуправник | Адемир Менезес |
Површина | |
- Вкупно | 340,086 км² ({{{површина поредок}}}.) |
- Вода (%) | {{{вода}}}% |
Население | |
- 2007 | 5,647,035 ({{{население поредок}}}.) |
- Густина | 16.9/km² ({{{густина поредок}}}.) |
БДП (ПКС) | 2005 приб. |
- Вкупно | 50,536,000,000 ({{{БДП поредок}}}.) |
- По глава на жител | 8,992 ({{{БДП поредок по глава на жител}}}.) |
ИЧР (2005) | 0.800 ({{{ИЧР поредок}}}.) – висок |
Валута | |
Часовен појас | UTC {{{часовен појас}}} |
НДД | [[]] |
Повикувачки број | +
|
Гојас (португалски: Goiás) — бразилска држава, сместена во центарот на земјата. Најнаселена во регионот Гојас се одликува со пејзаж chapadões (рамнини). Преку сувата сезона, ретките дождови ја намалуваат водата во реката Арагуја откривајки скоро двокилометрови плажи, правејќи ги главна атракција во државата. Се граничи со (по стрелка на часовикот од север) Токантинс, Баија, Минаш Жераис, Федералниот округ, Јужно Мато Гросо и Мато Гросо.
Географија
[уреди | уреди извор]Гојас лежи целосно во бразилските висорамнини, сместени во центарот на земјата. Површината лежи помеѓу 750 и 900 м нмв.
Највисока точка на државата е врвот Поусо Алто, со 1676 метри.
Земјата е покриена со савана позната во Бразил како серадо, и има тропски шуми околу реките. Климата е тропска. Просечните месечни температури се движат помеѓу 26 °C (78.8 °F) во најтоплиот и 22 °C (71.6 °F) во најстудениот ден. Годината е поделена на врнежлива сезона (октомври-март) и сува сезона (април-септември).
Историја
[уреди | уреди извор]Првите европејци во овој дел од Бразил биле експедициите од Саун Пауло во 17 век. Било пронајдено злато покрај реката Арагуаја од експлораторот Бартоломеу Буено де Силва во 168-ра. близу местото основал населба и ја нарекол Санта Ана, која прераснала во колонијалниот град Гојас Вељо, поранешната престолнина. Во 1774-та од пространата внатрешна територија сѐ уште неистражена од европејците била направена капетанијата Општа капетанијаl, и во 1822-ра станала провинција на Бразилската империја. станала држава во 1889-та. Бразилскиот устав од 1891-ва ја преместил националната престолнина во Бразилските висорамнини, и во 1956-та Гојас била избрана како земја од која ќе се создаде федералниот округ, Бразилија. Официјално националната престолнина била преместена во Бразилија 1960-та.
Гојанија, најголемиот град бил предвиден за изградба во 1933 и за преместување на седиштето на државата таму, 110 км северозападно од старата престолнина Гојас, која била тешко достапна. Во 1937-ма престолнината била преместена. Гојанија бил еден од најбрзо растечките градови во Бразил. [се бара извор]
Поради големата површина на земјата, преку 600,000 км2., комуникацијата била отежнета. Северниот делсе шуствувал изолиран за разлика од јужниот и започнал движење за отцепување.Во 1989 северната половина од Гојас станала отделна држава наречена Токантинс.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според БИГС, 2007, државата има 5,750,000 жители. со густина 16,9 ж/км2.
Урбанизација: 88.6% (2006); Прираст: 2.5% (1991-2000); Домаќинства: 1,749,000 (2006).[1]
Национална структура: 2,903,750 Пардо (50.5%), 2,530,000 Бели Бразилци (44.0%), 304,000 Афро-бразилци (5.3%), 11,000 Азијати или Домородци (0.2%).[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Сервисот за услуги е најголем од БДП со 43.9%, следен од индустрискиот сектор со 35.4%. Земјоделието 20.7%, (2004). Гојас извезува: соја 49.2%, говедско месо 10.5%, злато 9.1%, други меснтати производи 7.5%, железо 7.4%, кожа 4% (2002).
Удел во Бразилската економија: 2.4% (2005).
Гојас е водач во Бразил по одгледување културни растенија. Бројот говеда во 2000-та надминал 18 милиони, по четири на жител. Гојанија и Апаресида де Гојанија се центри на прехранбената индустрија, Анаполис е центар фармацефтиката.
Тривијалност
[уреди | уреди извор]Возила: 1,610,972 (март/2007); Мобилни телефони 3,6 милиони (април/2007); Телефони: 1,3 милиони (април/2007); Градови: 246 (2007).[3]
Образование
[уреди | уреди извор]Португалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.
Образовни институции
[уреди | уреди извор]- Сојузен универзитет Гојас (UFG);
- Федерален Технички Образовен Центар Гојас (CEFET-GO);
- Универзитет Рио Верде Архивирано на 4 февруари 2009 г.;
- и други.
Инфраструктура
[уреди | уреди извор]Национален аеродром
[уреди | уреди извор]Модернизација на Аеродром Гојанија ќе биде извршена наскоро. Со новиот терминал капацитетот од 940.000 патници годишно ќе биде 2 милиони годишно.
Автопати
[уреди | уреди извор]BR-020, BR-040, BR-050, BR-060, BR-070, BR-080, BR-153, BR-158, BR-251, BR-364, BR-414, BR-452.
Позначајни места
[уреди | уреди извор]- Чапада дос Веадејрос
Е еколошки национален парк познат по диверзитетниот пејзаж и богатата флора и фауна. It is an ecological national park famous for the diversity of its landscape and the richness of its fauna and flora.
- Градот Гојас
Градот е важен по своето историско значење.
- Parque Nacional das Emas
- Пиренополис
Е доста сликовит град во внатрешноста на Гојас, познат по природните убавини, со зачувана архитектура од колонијално време.
Градови
[уреди | уреди извор]Види: Список на општини во Гојас.
15 најголеми градови според населението (проценка: 01/07/2005, БИГС):
- Гојанија (1.201.006)
- Апаресида де Гојанија (435.234)
- Анаполис (313.412)
- Лузијанија (180.227)
- Агуаш Линдас деж Гојас (159.294)
- Рио Верде (133.231)
- Валпараисо де Гојас (119.493)
- Тринидад (95.300)
- Планалтина де Гојас (94.717)
- Ново Гама (93.081)
- Формоза (90.247)
- Итумбјара (85.724)
- Жатаи (76.100)
- Сенадор Канеџо (71.399)
- Каталао (70.574)
- Градови од туристчки интерес
Име | Население |
---|---|
Калдаш Новас | 65,637 |
Кристалина | 39,867 |
Ипамери | 22,600 |
пиренополис | 21,241 |
Гојас | 14,173 |
Парауња | 10,900 |
Корумба де Гојас | 9,915 |
Аруања | 5,212 |
Наводи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Повеќе за Goiás на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- (англиски) Бразил
- (португалски) Официјална страница
- (англиски) Бразилски туристички портал Архивирано на 12 декември 2007 г.
- (англиски) Goiânia accident
- (португалски) Иториски места во Гојас Архивирано на 2 март 2006 г.
- (англиски) карта на Гојас Архивирано на 27 септември 2007 г.
|
|
|
- ↑ Извор: БИГС.
- ↑ Síntese de Indicadores Sociais 2007 (PDF) (португалски). Goiás, Brazil: IBGE. 2007. ISBN 85-240-3919-1. Посетено на 2007-07-18.
- ↑ Извор: БИГС.