Прејди на содржината

Георг Тракл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георг Тракл
Роден/а3 февруари 1887(1887-02-03)
Салцбург, Војводство Салцбург, Австроунгарија
Починат/а3 ноември 1914(1914-11-03) (возр. 27)
Краков, Австроунгарија (денес Полска)
ЗанимањеПоет, фармацевт, писател
ДржавјанствоАвстроунгарец
Апсолвент наУниверзитет во Виена (фармацевт)
Книжевно движењеЕкспресионизам
Песна на Тракл испишана на надгробната мермерна плоча Градина Мирабел, Салцбург.

Георг Тракл (германски: Georg Trakl), (роден на 3 февруари 1887, во Салцбург – починат на 3 ноември 1914, во Краков) — еден од најистакнатите австриски поети - експресионисти.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тракл е роден во Салцбург, каде што и ги поминал првите 18 години од животот. Учел во католичко основно училиште (иако неговите родители биле протестанти). Во гимназијата во Салцбург студирал латински, старогрчки, математика, а на 17-годишна возраст започнал да пишува поезија.

Во 1908 година, Тракл се преселил во Виена за да студира фармакологија, посветувајќи поголемо внимание на поезијата. Откако го завршил универзитетот, Тракл се запишал во армијата. После една година, тој се вратил во Салцбург, работејќи во аптека, но набргу бил ангажиран како воен фармацевт во гарнизонската болница во Инсбрук.

Со избувнувањето на Првата светска војна, Тракл бил мобилизиран во австроунгарската војска, служел во теренската болница во Галиција. Како фармацевт и лекар, постојано бил ангажиран околу ранетите, во овој период и во овие околности, заболел од депресија, а нешто малку подоцна се обидел да се самоубие поради што бил пренесен во Краков и хоспитализиран. На 3 ноември 1914 година, Тракл се самоубил во болничкото одделение земајќи смртоносна доза кокаин[1].

Творештво

[уреди | уреди извор]

Поетското наследство на Тракл е мало по обем, но со исклучително значење и влијание врз развојот на поезијата на германски јазик и поетското творештво, воопшто во светски рамки. Неговиот однос кон животот е трагичен, а изразот во поезијата му е преку симболи, сложени слики, емотивно богатство, силна ритмика, снажен израз. Еден е од основоположниците на современата светска литература од почетокот на дваесеттиот век. Иако некои се обидуваат неговиот израз и стил да го поистоветат со експресионизмот, сепак, се работи за автенtично, субјективно, оригинално творечко изразување кое тешко може да биде потполно дефинирано и ставено во одредени познати концепти[2].

Теми и мотиви

[уреди | уреди извор]

Во раните свои песни Тракл, се изразувал со филозофски јазик, херметички, без голема заинтересираност за реалниот свет. Тоа биле песни посветени на вечерните часови или главен мотив им била ноќта. Подоцнежните се своевидни поеми посветени на тишината, смртта, молчењето на оние што починале. Есента, синилото, затемнетите ентериери, густината на доживувањата и на густата атмосфера во која бавно се движи времето на смртта[3].

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Песни, 1913 година
  • Сонувањата на Себастијан или Светата ноќ, 1915 година
  • Есента на осамениот, 1920 година
  • Песната на починатиот, 1933 година[4].

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Georg Trakl
  2. „Twenty Poems of Georg Trakl“ (PDF). Архивирано од изворникот на 2019-08-19. Посетено на 2019-09-05.
  3. Georg Trakl: A Visionary Poet in Europe
  4. Georg Trakl Poems