Прејди на содржината

Георг Зимел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Георг Зимел

Георг Зимел (германски: Georg Simmel; Берлин, 1 март 1858Стразбур, 28 септември 1918) бил германски филозоф и еден од првите германски социолози. Тој е еден од најважните класични теоретичари на општеството воопшто, а особено влијаел врз создавањето на раната американска социолошка традиција. Познат е по својот атипичен стил, а се интересирал за многу различни сегменти од општеството.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во Берлин како најмлад од седумте деца, во семејство со комплексна позадина конфесионална позадина. И мајка му и татко му отпрво биле Евреи, но татко му подоцна преминал во католицизам, а мајка му лутеранство. Заради своите еврејски корени и „израелитската“ физиономија подоцна имал проблеми заради се' поизразеното антисемитистичко окружување.

Студирал различни предмети на Универзитетот во Берлин, за да во 1881 година го одбрани докторатот по филозофија. Останал на универзитет како неплатен наставник кој зависел од студентските уплати, но заради одличните предавачки способности сепак добро прошол, привлекувајќи голем број на студенти. Заради врвните предавања, на кои доаѓале не само студенти и кои станале јавни настани, Зимел го ширел своето академско влијание во Германија, а 1900 година добил и службено признание — насловно звање на берлинскиот универзитет. Редовна академска положба је стекнал во 1914 година на помалку важен Универзитет во Стразбур. Одвоен од својата публика на берлински интелектуалаци и студенати који го симпатизирале, се чувствувал отуѓено, изолирано и депресивно. Иста година почнала Првата светска војна: студентите су отишле на бојишта, слушалните биле преуредени во болници, а Зимел останал маргинален лик на академската сцена, па може дас е каже дека никогас немал нормална академска кариера, затоа што непосредо пред завршетокот на војната умрел од рак на црниот дроб.

И покрај тоа, неговото влијание на развојот на социологијата е огромен, а највидлив е во развојот на раната американски социолошки мисли, особено во чикашката школа, каде што бил најпреведувам и најцитиран германски социолог (додека Карл Маркс и Макс Вебер уште многу години останале игнорирани.

Поим за социологија

[уреди | уреди извор]

Зимеловите социолошки гледишта не е можно да се разберат без увид во неговите филозофски гледишта. Тој тежнеел Кантовата теорија на создавање на основна категорија априори примени на општеството. Ја истакнал големата поврзаност на филозофијата со социологијата, а општеството го сметал за нешто што е за човекот априорно, тврдел дека суштината на општеството моше да ја спознае само филозофијата.

Остро го критикувал историскиот материјализам, тврдејќи историјата не може да биде објективно сфатена. Материјалистичката теорија за историјата е метафизичка и субјективистичка, па се сведува на економски фактор. Иако ја уважувал реалностѕа на тој феномен, Зимел рекол дека историската реалност испреплетена со разновидни интереси и нагони, па за увид во правата слика на историјата мораме да имаме увид во сите фактори. Иако за историскиот материјализам рекао дека ја зема претпоставката како објаснување на нештата претпоставката како објаснување со кое ништо не се објаснува, и го признавал неговото значење во вид на откривање на нови причинско последични врски помеѓу настаните и за поврзаноста сите историски фактори.

Кога станува збор за социологија, истакнал дека нејзин предмет мора да биде самото општество општество, разгледувано како една единствена целина на сите битни црти, а не делумно како во некои други наука. Општеството е дефинирано како меѓуделување на поединци; одреден број луѓе го прават општеството дури кога одредена животна содржина ќе добие облик на меѓувлијание, кога постои делување едно на друго или со посредство на трет. Прав предмет на социологијата е да утврди постоење на чисти облици, да ја објасни нивната психичка основа и да го изложи нивниот историски развој. На тај начин социологијата се разликува од останатите општествени науки кои ја проучаваат содржината на општествените облици. Социологијата не го одликува нејзиниот предмет, туку начинот на кој таа го посматра својот предмет, намерното апстрахирање кое таа го врши.

Големина на општествените збирови

[уреди | уреди извор]

Зимел ја проучувал бројноста на збировите као чинител на одредени општествени облици. Од бројот на членовите на одреден општествен збир многу зависи обликот кој ќе го добие, као и начинот на кој дадениот облик ќе се остварува. Зимел расправа за масата, сфаќајќи ја како голем збир, и за разликата помеѓу неа и малите збирови. Најинтересни му се разгледувањата на малите, двочлении трочлени збира (дијади и тријади) и за положбата на поединец во нив.

Двоен збир е толку поврзан за членовите за да не може да се издигне над нив ништо како нешто страно. Односите помеѓу членовите се многу блиски, затоа што се одредени како незаменливи членовиличности. Во двочлениот збир се развива јака солидарност, затоа што двата члена се свесни дека само од него и неговиот партнер зависи опстанокот на збирот.

Наспроти двочлениот, трочлен збир подразбира а преодепреод кон издигање на една особа над другите членови. Третиот член може да има: (1) положба на посредник кој ги смирува мегусебно замерените други двојица или (2) положба која ја искористува од спротивностите на другите двајца да осигура свој интерес или (3) положба во која самиот поттикнува судири или несогласувања за себеси да си осигура повластена положа.

Значи, бројот претставува значаен чинител на обликот на општествените облици на општествени збирови, но тешко е да се каже нешто повеќе за општите законитости на поединечните облици, затоа што тие зависат од конкретните околности и од особините на членовите па да се обрне поголемо внимание на поединецот. интеракцијата, затоа што поединците се тие кои ги прават поголемите општествени творби.