Вил Смит
Вил Смит Will Smith | |
---|---|
Смит во мај 2010 година | |
Роден(а) | Вилард Кристофер "Вил" Смит Џуниор 25 септември 1968 Западна Филаделфија, Пенсилванија, САД |
Други имиња | The Fresh Prince |
Занимање | глумец, рапер, филмски продуцент, телевизиски продуцент |
Активен | 1985–денес |
Мреж. место | http://www.willsmith.com/ |
Вилард Кристофер "Вил" Смит Џуниор (роден на 25 септември 1968)[1] - американски актер, филмски продуцент и поп рапер.
Животопис
[уреди | уреди извор]Кариера
[уреди | уреди извор]Во доцните 1980-ти, Смит постигнал слава како дел од хип-хоп дуото „Диџеј Џези Џеф енд д Фреш Принс“, по што снимил и телевизиска хумористична серија со наслов „Фреш Принс од Бел-ер“. Во светот на филмот, Смит влегол играјќи во акциски комедии од типот на „Лоши момци“, „Ден на независноста“ и „Луѓе во црно“. Во 2001 година, на изненадување на филмската јавност, тој го играл ликот на Мухамед Али во филмот „Али“ и за таа улога бил номиниран за наградата „Оскар“. Во 2007 година, тој повторно бил номиниран за „Окскар“, овојпат за улогата во драмата „Потрага по среќа“ во кој играл самохран татко-бездомник.[2]
Во април 2007 година, „Њусвик“ го нарекол како еден од најмоќните глумци на планетата. Тој е единствениот глумец во историјата кој имал осум последователни филмови чиј буџет изнесувал над 100 милиони долари.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ankeny, Jason. „Will Smith > Overview“. Allmusic. Посетено на June 30, 2010.
- ↑ Наташа Спирова-Серафимова, „Голдберг блесна како малтретирана жена, а Фокс како Реј Чарлс“, Антена, број 899, 18.9.2015, стр. 10-11.
|