Прејди на содржината

Бил Еванс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бил Еванс
Бил Еванс во 1961
Животописни податоци
Родено имеВилијам Џон Еванс
Роден(а)16 август 1929(1929-08-16)
Плејнфилд, Њу Џерси, САД
Починал(а)15 септември 1980(1980-09-15) (возр. 51)
Њујорк, САД
Жанрови
Занимања
  • Музичар
  • композитор
  • аранжер
  • диригент
ИнструментиПијано
Период на активност1950s–1980[1]
Издавачи

Вилијам Џон Еванс (англ. William John Evans; 16 август 1929 – 15 септември 1980) ― американски џез-пијанист и композитор кој првенствено работел како водач на неговото трио.[2] Неговата употреба на импресионистичка хармонија, блок-акорди, иновативни гласовни акорди и ритмичките независни „пејачки“ мелодиски линии до ден-денес влијаат врз џез-пијанистите.

Роден бил во Плејнфилд во Њу Џерси и учел класична музика на колеџот во Југоисточна Луизијана и во музичкото училиште „Манес“ во Њујорк, каде што дипломирал по композиција и добил диплома за уметник. Во 1955 година се преселил во Њујорк, каде што работел со водачот на бенд и теоретичар Џорџ Расел. Во 1958 година, Еванс станал член на секстетот од Мајлс Дејвис, кој во 1959 година го снимил Kind of Blue, најпродаваниот џез-албум на сите времиња.[3]

Кон крајот на 1959 година, Еванс го напуштил бендот од Мајлс Дејвис и започнал кариера како водач на бенд преку основање на трио со басистот Скот Лафаро и тапанарот Пол Мотијан, група која денес се смета за класичен пример на модерно џез-трио. Во 1961 година, за време на ангажманот во џез-клубот Village Vanguard во Њујорк, тие снимиле два албума: Sunday at the Village Vanguard и Waltz for Debby; комплетен сет од нивните снимки во Vanguard на три ЦД-а бил издаден неколку децении подоцна. Сепак, десет дена по завршувањето на ангажманот, Лафаро загинал во сообраќајна несреќа. По неколку месеци без јавни настапи, Еванс повторно се појавил со ново трио, овој пат со Чак Израелс на бас. Во 1963 година, Еванс го снимил Conversations with Myself, соло-албум продуциран со технологија на предсинхронизација. Во 1966 година се запознал басистот Еди Гомез со кого соработувал во следните 11 години. Во средината на 1970-тите, Еванс соработувал со пејачот Тони Бенет на два албуми пофалени од критиката: The Tony Bennett/Bill Evans Album (1975) и Together Again (1977).

Многу негови композиции, како: „Waltz for Debby“ и „Time Remembered“, станале џез-стандарди, изведувани од многу музичари. Еванс добил 31 номинација за Греми и освоил седум награди. Бил примен во Куќата на славните на џезот од DownBeat списанието.[4] Во 1994 година, Бил Еванс постхумно добил Греми награда за животно дело како признание за неговиот придонес во светската музичка култура.

Еванс бил зависник од хероин и од кокаин.[5] Починал на 15 септември 1980 година.[5] Причина за смртта била комбинација од чир на желудникот, цироза, бронхијална пневмонија и нелекуван хепатитис.[6] Пријателот на Еванс, Џин Лис, ја опишал борбата на Еванс со дрогата како „најдолгото самоубиство во историјата“.[7]

  1. Ginell, Richard. „Bill Evans“. AllMusic. Посетено на April 9, 2012.
  2. Cook, Richard; Morton, Brian (2008). The Penguin Guide to Jazz Recordings 9th edition. Penguin. ISBN 978-0-14-103401-0.
  3. Празен навод (help)
  4. „1981 Down Beat Critics Poll“. Down Beat. August 31, 1983. Посетено на November 12, 2012.
  5. 5,0 5,1 Verchomin, Laurie (2010). The Big Love, Life and Death with Bill Evans. Laurie Verchomin. ISBN 978-1-4565-6309-7.
  6. Pettinger 2002[се бара страница]
  7. Pettinger 2002[се бара страница]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]