Алби
- За градот во Калабрија, Италија, види Алби, Италија.
Алби | ||
---|---|---|
| ||
Координати: 43°55′44″N 2°08′47″E / 43.928889° СГШ; 2.146389° ИГД | ||
Земја | Франција | |
Регион | Југ-Пиринеи | |
Департман | Тарн | |
Округ | Алби | |
Општ. заедница | Албијци | |
Управа | ||
• Градоначалник (2008–2014) | Филип Бонкарер (од 2001) | |
Површина1 | 44,26 км2 (1,709 ми2) | |
Население (2007)2 | 51.302 | |
• Густина | 12/км2 (30/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 81004 / 81000 | |
Надм. висина | 130 м (прос. 169 м) | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Алби (француски: Albi) — општина во јужна Франција. Тоа е главен град на департманот Тарн. Се наоѓа на реката Тарн, 80 км северно од градот Тулуза. Епископскиот град во центарот на денешниот град, околу градската катедрала, е ставен под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство во 2010.[1]
Администрација
[уреди | уреди извор]Алби е седиште на 6 кантони, кои покриваат 18 општини, со број на жители: 67,729.
Историја
[уреди | уреди извор]Првата човечка населба датира од бронзено време.
По римското освојување на Галија во 51 п.н.е., градот станал "Civitas Albigensium", територија на Албигејците, "Albiga". Според археолошките наоѓалишта, Алби бил скромен римски град.
Во 1040, Алби минува низ период на експанзија со градењето на Стариот Мост (Pont Vieux). Биле изградени нови населби и градот почнал да расте.
Во 1208, Папата и францускиот крал ги соединиле силите за да се борат против Катарите, кои развиле своја верзија на христијанство (опасен ерес за доминантната христијанска црква).
Од 1450 до 1560, Алби почнал трговски да се развива а се развивала и архитектурата.
Главни обележја
[уреди | уреди извор]Алби е изграден околу оригиналната катедрала и групација на други зданија кои зафаќаат 63 хектари површина. Црвените плочки и цигли се главното обележје на овие зданија.
Заедно со Тулуза и Монтобан, Алби е еден од поголемите градови изградени во Лангдок.
Споменик на градот е катедралата Сент-Сесил. Овој споменик е ремек-дело на јужниот готски стил.
Постара од Папската Палата во Авињон, Бизбиевата Палата, поранешната бискупска палата на Алби, сега Музеј на Анри де Тулуз-Лотрек, е еден од најстарите и најдобро сочуваните замоци во Франција. Оваа импозантна тврдина била завршена на крајот на XIII век. Нејзиното име потекнува од окситанскиот збор Bisbia, што значи Палата на бискупите.
Стариот Мост (Pont Vieux) се користи и денес после скоро илјада години постоење. Оригинално изграден од камен (во 1035), потоа обложен со цигли, стои на 8 свода и е долг 151 метри. Во XIV век, бил појачан.
Алби е дом на Музејот на Тулуз Лотрек. Повеќе од 1000 дела, вклучувајќи и 31 познат постер, се чуваат меѓу овие ѕидини. Оваа колекција е најголемата јавна колекција на светот посветена на Анри де Тулуз-Лотрек.
Географија
[уреди | уреди извор]Клима
[уреди | уреди извор]Алби има океанска клима. Како речиси цела југозападна Франција, летата се со тенденција да бидат потопли а зимите благи. Поради повремените летни дождови неговата клима не е класифицирана како средоземна.
Клима на {{{Место}}} | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек |
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Во Алби има две железнички станици на линии од Тулуза до Родез:
Автопатот A68 го поврзува Алби со Тулуза (и Лион N88 , идниот автопат).
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Алби е збратимен со:
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Биро за туризам на Алби Архивирано на 12 февруари 2006 г.
- Официјално мрежно место на Алби на англиски јазик Архивирано на 4 октомври 2002 г.
- Официјалната страна на Алби на француски јазик
- Посетете го Алби (на англиски)
- Алби со фотографии,историја итн. Архивирано на 8 октомври 2007 г. (на англиски)
Наводи
[уреди | уреди извор]
|
|