Прејди на содржината

Аеродром Амстердам

Координати: 52°18′00″N 4°45′54″E / 52.3000° СГШ; 4.7650° ИГД / 52.3000; 4.7650
Од Википедија — слободната енциклопедија
Аеродром Амстердам

Luchthaven Schiphol
Aerial view of the airport
Општо
ТипPublic
Сопственик/ОператорRoyal Schiphol Group
Опслужуван градGreater Amsterdam
МестоположбаHaarlemmermeer, Netherlands
Отворен16 септември 1916; пред 108 години (1916-09-16)
Јазол за
Operating base for
Надморска височина−11 ft / −3 м
Координати52°18′00″N 4°45′54″E / 52.3000° СГШ; 4.7650° ИГД / 52.3000; 4.7650
Мрежно местоschiphol.nl
Карта
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Netherlands Amsterdam Greater" does not exist
Карта
Писти
Правец Должина Површина
m ft
18R/36L[б 1] 3.800 12,467 Asphalt
06/24[б 2] 3.500 11,483 Asphalt
09/27[б 3] 3.453 11,329 Asphalt
18L/36R[б 4] 3.400 11,155 Asphalt
18C/36C[б 5] 3.300 10,827 Asphalt
04/22[б 6] 2.014 6,608 Asphalt
Статистика (2023)
Патници61,889,586
Aircraft movements441,969
Freight (tonnes)1,378,042
Economic impact (2016)$27.3 billion[2]
Land area2,787 ha[3]

Меѓународниот аеродром во Амстердам или „Схипхол“ (IATA: AMS, ICAO: EHAM) — еден од најголемите аеродроми на светот. Официјалното име на аеродромот е „Амстердам Схипхол“. Схипхол е еден од најфрекфентните аеродроми во Европа, заедно со аеродромите во Лондон, Франкфурт и Париз Де Гол. Во 2007 година, преку аеродромот беа превезени 47,793,602 патници, што го прави петти најзафатен аеродром во Европа, после Лондон, Париз, Франкфурт и Мадрид. Аеродромот е изграден како еден голем терминал кој е поделен во три хали за заминување. Третата хала беше проширена во 2007 година со уште еден дел наречен терминал 4. Поради презафатеност на аеродромот и поради високите такси кои се плаќаат за услуги на аеродромот, некои од ниско буџетните авиокомпании се одлучија своите летови да ги пренасочат кон помали аеродроми, како што се аеродромите во Ајндховен и Ротердам. Амстердам Схипхол аеродромот е база на КЛМ, Трансавиа и Мартин Ер, како и Northwest Airlines од САД во соработка со КЛМ.

KLM флота на Амстердам Схипхол

Историја

[уреди | уреди извор]

Амстердам Схипхол аеродромот започна со работа на 16 септември 1916 година, како воена база. Кога цивилното воздухопловство започна да го користи аеродромот, базата беше наречена Schiphol-les-bains. Аеродромот има добиено преку 120 награди за успешност. Во 1980, 1981, 1984, 1985, 1986, 1990 и 2003 беше прогласен за најдобар аеродром во глобални рамки.

Инциденти

[уреди | уреди извор]

14 Ноември, 1946 - Даглас Ц-47 опериран од КЛМ на доаѓање од Лондон, во лоши временски услови, по две откажувања за слетување, на третиот пат, пилотот реализира дека не е наместен во согласност со насоката на пистата и прави остар лев круг, но поради тоа што бил премногу блиску до земјата, авионот со едното крило ја допира земјата при што се урива и 26 патници се прогласени за загинати. 4 октомври 1992 - Боинг 747 Карго верзија на Израелската авиокомпанија Ел Ал, веднаш по полетувањето ги губи двата авиона на десното крило и се урива во населена населба во близина на аеродромот, вкупно 47 патници умираат.

Инфраструктура

[уреди | уреди извор]
Влез на аеродромот

Амстердам Схипхол аеродромот има оставено голем простор за продавници, како извор на профит како и забава за патниците. Схипхол Плаза е трговски центар пред чекирање, така што покрај патнициите, може да биде користен и од луѓе кои не користат никакви аеродромски услуги. Постои супермаркет, ресторани кои се отворени до полноќ секој ден во неделата. Исто така постои и голема тераса за набљудување на авионите.

Терминали и одредишта

[уреди | уреди извор]

Како што рековме, аеродромот има еден терминал и тој терминал е поделен на три оддели.

Контролната Кула на аеродромот во Амстердам
  • Cathay Pacific (Хонгконг)
  • China Southern Airlines (Пекинг, Гвангжу)
  • EVA Air (Бангкок, Тајпеј)
  • Japan Airlines (Токио)
  • KLM (Абу Даби, Абуџа, Акра, Адис Абеба, Алма Ати, Аруба, Атланта, Бангкок, Пекинг, Бонаире, Каиро, Кејптаун, Ченгду, Чикаго, Куракао, Далас, Дамаскус, Дамам, Дар ес Салам, Делхи, Детроит, Доха, Дубаи, Ентебе, Гвајакили, Хонгконг, Хјустон, Хајдерабад, Џакарта, Јоханесбург, Кано, Карачи, Картум, Килиманџаро, Куала Лумпур, Кувајт, Лагос, Лима, Лос Анџелес, Манила, Мексико Сити, Монтреал, Мускат, Мумбаи, Најроби, Пудунг, Сингапур, Ст. Маартен, Сурабаја, Њујорк, Осака, Панама, Парамарибо, Кито, Сан Франциско, Саун Пауло, Сеул, Шангај, Сингапур, Тајпеј, Техеран, Тел Авив, Токио, Торонто, Триполи, Ванкувер, Вашингтон)
    • оперирано од PrivatAir (Хјустон)
Northwest флота
  • transavia.com (најголемиот дел од летовите заминуваат од крило Д) Агадир, Аликанте, Алжир, Анталија, Банџул, Барселона, Бергерац, Берлин Тегел, Бодрум, Крф, Даламан, Џерба, Дубровник, Фаро, Фуертевентура, Фунчал, Ираклион, Измир, Кефалонија, Кос, Китира, Ла Палма, Лас Палмас, Лезбос, Лисабон, Малага, Маракеш, Милано Орио, Монастир, Монтпеље, Ница, Охрид, Пиринеј, Пиза, Превеза, Реус, Тел Авив, Тенерифе, Тревизо, Валенсија, Закинтос)
  • easyJet (Белфаст, Бристол, Единбург, Ливерпул, Лондон Гетвик, Лондон Лутон, Лондон Станстед)
  • bmibaby (Бирмингем, Кардиф, Источен Мидлендс)
  • Flybe (Ексетер, Саутемптон)
  • Jet2.com (Лидс Брадфорд)
  • Sky Airlines (Анталија)

Карго авиокомпании

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 „Major Europe Airports“.
  2. „Amsterdam airport – Economic and social impact“. Ecquants. Архивирано од изворникот на 29 October 2013. Посетено на 7 September 2013.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име landArea.
  4. „CBS StatLine – Luchtvaart; maandcijfers Nederlandse luchthavens van nationaal belang“. Архивирано од изворникот 26 December 2014. Посетено на 26 December 2014.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Tr23.
  6. Предлошка:AIP NL
  7. http://www.ftnnews.com/content/view/2231/33/lang,english/[мртва врска]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.