Прејди на содржината

Јакоруда

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јакоруда — град во Општина Јакоруда, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.

Јакоруда,
Бугарија Бугарија

Јакоруда

Област

Благоевградска

Општина

Јакоруда

Население

5.480
(според 2015)

Регистарска ознака

E (BG)
Градоначалник Нуредин Кафелов
Надморска височина 888 м
Портал Нема
Координати: С, И

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Јакоруда се наоѓа во Благоевградската област, 30 километри североисточно од Мехомија, по горното течение на реката Места, на родопски рид Бунтишка. На југ и исток е заграден од планината Родопи, а на север и запад – од Рила.

Историја

[уреди | уреди извор]

Антички период

[уреди | уреди извор]

Урнатините на тракиското светилиште кај врвот Бабечка Чука сведочи за постоењето на населба во регионот околу Јакоруда во тракискиот период. Овој регион е една од точките низ кои поминувал римски пат што го поврзувал Филиполис и долината на Марица со еден од главните патишта на Римското Царство.

Во градот се пронајдени се остатоци од црква со некропола од крајот на V век, уништена во крајот на VI и VII век и повторно изградена во XIII и XIV век.[1]

Отомански период

[уреди | уреди извор]

Во османлиската власт Јакоруда е дел од вакафот на големиот везир Кара Мустафа и од 1508 година е ослободена од некои даноци според привилегиите, давани на вакафските села. Кон средината на XVII век Јакоруда е најголемото село во Разлошко.

Во 1835 година е изградена црквата „Свети Никола“, која наводно била разрушена во поплавата во 1927 година.[2]

Црквата „Свети Кирил и Методиј“

Јакоруда започнува да оживува од отоманските пагроми во првите децении на 19 век. Подемот на животот на бугарскиот народ за време на Преродбата се рефлектира и во развојот на населбата. Покрај сточарството, за многу децении земјоделството со катран обезбедува средства за егзистенција за голем дел од населението. Контактот со надворешниот свет, со луѓе од целата земја е фактор што придонесува за подемот на процесот на преродба во Јакоруда. Во 1835 година била изградена црквата Свети Никола, која, сепак, била уништена од поплава во 1927 година.

Во втората половина на XIX век, Јакоруда е дел од Неврокопската каза во Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон краjот на ХІХ век, во граотдот имало 4.490 жители, од кои 4.400 Македонци (2.500 христијани и 1.900 муслимани)[3] и 90 Роми.[4]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јакоруда имало 2.920 Македонци[3] егзархисти, 104 Македонци[3] протестанти и 78 Роми.[5]

Бугарија

[уреди | уреди извор]

По завршувањето на Балканските војни во 1913 година, Јакоруда влегува во составот на Бугарија.

Со закон од 9 септември 1964 година, Јакоруда е прогласена за град.[6]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Демографија

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2011 година, во Јакоруда живееле 5.792 житела.[7]

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот:[7]

етничка група број %
Бугари 2.531 43,6
Турци 1.714 29,5
Роми 421 7,26
други 35 0,60
не одговориле 98 1,69
Вкупно 4799 100
Табла на влезот на Јакоруда

Во градот и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.

На табелата е прикажан бројот на населението во Влахи за периодот 1934-2011:[8]

година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011
жители 4.572 5.291 5.507 5.891 6.633 6.395 6.455 6.192 5.792

Последниве години Јакоруда бележи пад на бројот на населението и од 1975 до 2011 година, бројот на жители е намален за 14,5 %.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Димитров, Димитър (2013). Християнските храмове по българските земи I-IX век. София: Фондация „Покров Богородичен“. стр. 175. ISBN 978-954-2972-17-4.
  2. Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 453. ISBN 954-90006-2-1.
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 192. ISBN 954430424X.
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 108 – 109.
  6. Закон за обявяване на села и селища за градове и селища от градски тип, Обн., ДВ, бр. 73 от 15.09.1964 г.
  7. 7,0 7,1 "&"Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и самоопределение по етническа принадлежност към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2012-04-22. Посетено на 2012-03-18.
  8. „Справка за населението на гр. Якоруда, общ. Якоруда, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2022-06-06. Посетено на 2018-02-04.