Прејди на содржината

Ѓуле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шкотската бомбарда Монс Мег (изработена во 1449) со камени ѓулиња со калибар 386 фунти (510 мм).

Ѓуле[1][2] — вид на артилериски топчест проектил во ерата на мазната артилерија (од средината на 14 до средината на 19 век), која, за разлика од исто така сферичната, но шуплива бомба или граната, била масивна (полна).[3]

Во почетокот ѓулињата биле изработувани од камен, кон крајот на 14 и во 15 век и од железо, а подоцна само од железо. По својата тежина, обично во фунти (1 фунта = 0,453 кг), од 16 век бил изразен калибарот на повеќето оружја (на пр. хаубица од 12 фунти, топ од 12 фунти итн.). Во Русија, тежината на ѓуле од леано железо со пречник од два дјујма (1 дјујм= 25,4 мм) била наречена артилериска фунта. Со нека исто така се изразувал и калибарот на оружјето (на пр. пиштол од 24 артилериски фунти бил со калибар од 6 дјујма или 152 мм).[3]

Употреба

[уреди | уреди извор]

Ѓулето дејствувало со непосреден удар. Служело, во прв ред, за уривање на фортификациски објекти и уништување на артилериските оружја, а потоа и за тепање жива сила на поголеми растојанија (под поволен агол на пад, можело неколку пати да отскокнува од земјата, исфрлајќи неколку пешадинци или коњаници вон стројот). За поефекасно дејство, железните ѓулиња понекогаш се вежштувале, а камените се вкрстено биле оковани со железни обрачи за да не се распаѓаат кога ќе удрат во ѕидините на тврдината.[3]

  1. „ѓуле“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „ѓуле“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. 3,0 3,1 3,2 Никола Гажевић, Војна енциклопедија (књига 2), Војноиздавачки завод, Београд (1971), стр.610