Прејди на содржината

Мауро Икарди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мауро Икарди
Лични податоци
Роден на 2 јули 1993(1993-19-02)(30 г.)
Роден во Росарио, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
Број 18
Младинска кариера
Весиндарио
Барселона Барселона
Сампдорија Сампдорија
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2013 Сампдорија Сампдорија 33 (11)
2013- Интер Интер 188 (111)
2019-Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 20 (12)
Репрезентација
2012-2013 Аргентина Аргентина 20 5 (3)
2013- Аргентина Аргентина 4 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Мауро Емануел Икарди Риверо (роден во Росарио, на 19 февруари 1993) — аргентински фудбалер, напаѓач на Париз Сен Жермен и репрезентацијата на Аргентина.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тоа е најстариот син на Хуан Икарди, роден во Пиемонт,[1] и Аналија Риверо, која има двојно државјанство.

Младинска кариера

[уреди | уреди извор]

Забележан на 5 годишна возраст од Клуб Инфантил Саратеа, мал тим во областа во северниот дел на Росарио. Во 2002 година, семејството Икарди се преселило во Шпанија во Канарските Острови, во градот Лас Палмас, каде што продолжил да игра фудбал во клубот Весиндарио.

Подоцна талентот на Икарди бил забележан од многу други клубови, а тој одлучил да и се приклучи на Барселона пред почетокот на сезоната 2008-09 и бил вклучен во У-17 тимот. Тој бил промовиран во У-19 тимот за следната сезона, пред да замине во Сампдорија на позајмица во јануари 2011 година. Икарди во својата изјава навел дека заминувањето од Барселона не била лоша одлука, сметајќи дека треба да се оди натаму.

Сампдорија

[уреди | уреди извор]

Тој го направил своето деби во Серија Б на 12 мај 2012 против Јуве Стабија, влегувајќи во второто полувреме како замена во 75-тата минута наместото на Бруно Форнароли, и го одбележал своето деби со постигнување на победничкиот гол за победа од 1-2, и на тој начин им овозможил осигурување на плејофот. Сампдорија ја завршува сезоната на шестото место, играјќи и освојувајќи го баражот и избориле промоција во Серија А.

На 26 септември, тој го направил своето деби во Серија А, играјќи против Рома (1-1) а во тринаесеттото коло тој бил стрелец на третиот гол во дербито на Џенова против ФК Џенова во натпревар кој завршил (3-1). На 6 јануари 2013, Икарди постигнал два гола за пресврт со кој Сампдорија го совладала Јувентус со 2-1 во Торино. Потоа тој ги одлучил натпреварите против Пескара (6-0, постигнувајќи четири гола) и Парма (1-0). На крајот на сезоната имал 10 гола во 31 првенствен настап, со што бил најдобар стрелец на Сампдорија во сезоната.

На 8 јули 2013 година, Икарди потпишал за Интер, а подоцна ова било потврдено и на официјалната страна на Сампдорија. Тој учествувал за Интер и на нивната пред-сезонска кампања, а првиот гол во тие натпревари го постигнал против Хамбургер.

Репрезентација

[уреди | уреди извор]

Икарди дебитирал за сениорската селекција на Аргентина на 16 октомври 2013, против Уругвај (3-2 за Уругвај).

Хронологија на репрезентативни настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Аргентина
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
16-10-2013 Монтевидео Уругвај Уругвај 3 – 2 Аргентина Аргентина Квал. за СП 2014 - влегол во игра 82'
Вкупно Настапи 1 Голови 0

Статистика на кариерата

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 22 декември 2013.

Сезона Клуб Лига Национален куп Континетални купови Останати купови Вкупно
Натп Наст Гол Натп Наст Гол Натп Наст Гол Натп Наст Гол Наст Гол
2012 Италија Сампдорија Б 2 1 CI 0 0 - - - - - - 2 1
2012-2013 А 31 10 CI 0 0 - - - - - - 31 10
Вкупно Сампдорија 33 11 0 0 33 11
2013-2014 Италија Интер А 8 2 CI 1 0 - - - - - - 9 2
Вкупно во кариерата 41 13 1 0 42 13
  1. inter.it, уред. (9 јули 2013). „Icardi, tra i campioni per continuare a crescere: le prime parole a inter.it“. Архивирано од изворникот на 2017-09-10. Посетено на 28 декември 2013.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]