Се известуваат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека во периодот 10 февруари до 9 март 2025 година ќе се одржи уредувачки натпревар на тема „Хемиски елементи и изотопи“. Прочитајте ги правилата и вклучете се!
Се известуваат членовите на Вики Клубовите дека во периодот од 1 до 28 февруари 2025 година се одржува уредувачки натпревар „Запознајте ја Словенија“. Приклучете се и освојте една од наградите!
Во тек е гласање по предлозите за користењето извори од отоманскиот период.
Композитна сателитска снимка на Антарктикот (2002)
Антарктик — најјужниот и најмалку населен континент на Земјата, кој го опкружува ЗемјиниотЈужен Пол. Антарктикот е петти по големина континент, речиси двојно поголем од Австралија и поголем од Европа и има површина од 14.200.000 км2. Поголемиот дел од Антарктикот е покриен со мраз, со просечна дебелина од 1,9 километри.
Антарктикот е во просек најстудениот, најсувиот и најветровитиот од континентите и има најголема просечна надморска височина. Континентот главно претставува поларна пустина, со годишни врнежи од над 200 мм покрај брегот и многу помалку во внатрешноста. Околу 70% од светските резерви на слатка вода се замрзнати на Антарктикот, кои доколку се стопат ќе го подигнат глобалното ниво на морињата за речиси 60 метри. Антарктикот го држи рекордот за најниска измерена температура на Земјата, −89.2 °C (−128.6 °F). Крајбрежните региони можат да достигнат температури над 10 °C (50 °F) во лето. Домородните видови на животни вклучуваат грини, цевчести црви, пингвини, фоки и тардигради. Онаму каде што се јавува вегетација, таа е претежно во форма на лишаи или мов.
... дека пред да стапи во римската војска, царот Максимин во младоста бил тракиски овчар и разбојник?
... дека во 1000 г. Охридската патријаршија излегувала на 4 мориња (Егејско, Јонско, Јадранско и Црно)?
...дека скопската Саат-кула е првата саат-кула во Османлиското Царство, а нејзиниот часовник е донесен во XVI век од новоосвоениот град Сигет во Унгарија?
... дека според месното предание, Ѓаволскиот Ѕид настанал кога Ѓаволот неуспешно се обложил со Господ дека може да ја прегради Брегалница и за една ноќ да го потопи цело Овче Поле?