PlayStation
Оваа статија е за марката "Сони Плејстејшн". За конзолата од 1994 година, погледни Плејстејшн (конзола). За други намени погледни Плејстејшн (разграничување).
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Плејстејшн (јап.: プレイステーション, изговорено „Пуреисутешон“, официјална скратеница PS, стилизирано PlayStation) е марка на конзоли за видеоигри создадена и развиена Сони Копјутер Ентертејнмент. Со конзоли во петтата, шестата, седмата и осмата генерација, марката за првпат беше претставена на трети Декември 1994 година во Јапонија. Марката се состои од вкупно три домашни конзоли,медиумско средиште,служба на интернет, ракувачки ред,две рачни конзоли и телефон,како и бројни списанија.Првата конзола во оваа низа,Плејстешн,беше првата конзола за видеоигри што испорача сто милиони примероци,што се случи девет години и шест месеци по почетното лансирање.Негиовиот наследник Плејстешн 2 е најдобро продаваната конзола до денес,со продажба на преку стошеесет милиони продадени примероци сè до 31 Јануари 2011та година.Последната конзола на Сони,Плестејшн 3 распродаде преку 70.2 милиони конзоли ширум светот сè до 30 септември 2012та година. Првата рачна играчка конзола од серијата на Плејстејшн,Плејстејшн Портабл или ПСП,распродаде вкупно 71.4 милиони примероци ширум светот сè до 14 Септември 2011та година. Нејзиниот наследник Плејстејшн Вита,лансиран во Јапонија на 17ти Декември 2011та година и во многу други големи територии во февруари 2011та распродаде повеќе од 1.2 милиони примероци с до крајот на февруари 2012 година. Друг издаден хардвер од како дел од Плејстешн серијата го вклучува ПС-ЕКС,дигитален видеорекордер којшто беше интегриран со Плејстејшн и Плејстејшн 2,иако со краток рок на употреба поради високата цена и никогаш не беше издаден надвор од Јапонија,исто како и телевизискиот сет Сони Бравија кој има интегрирана Плејстејшн 2.Главните серии на управувачи што сериите Плејстејшн ги користат е Дуалшокот,кој е линија на вибраициско повратена играшко помагало со продадени 28 милиони примероци до 28 Јуни 2008 година. Плејстешн мрежата е служба на интернет со повеќе од 69 милиони корисници ширум светот(до 25 Јануари,2011та година).Се состои од виртуелен интернет Пазар,Плејстешн Продавница,што овозможува купување и симнување на игри од интернет и други мултимедијални облици,претплатнички заснована служба на интернет позната под името Плејстешн Плус и служба за социјално мрежно играње наречена Плејстешн Хоум,што брои повеќе од 14 милиони корисници на во светски рамки.Плејстејшн Суит е претстоечка софтверска конструкција што на Плејстешн треба да му обезбеди на Плејстешнот користење од страна на повеќе компјутери,програм или уреди;моментално поддржани се само уредите Андроид[мртва врска] и Плејстејшн Вита.Содржината поставена да се издаде под конструкцијата моментално се состои само од изворните игри за Плејстејшн.Денешните производи за Плејстејшн исто така користат ЕксросМедијаБар кој е добитник на наградата за графички интерфејс за корисници.Нов интерфејс заснован на екран на допир наречен ЛајвАреа се дизајнира за Плејстејшн Вита,којшто вклучува друштвено мрежни елементи во интерфејсот.Исто така Плејстејшн и првобитните Плејстејшн 3 конзоли се одликуваат со поддржување на Линукс[мртва врска] оперативни системи,иако ова престанало.Сериите исто така се познати по бројните маркетиншки кампањи,од која во најпоследната се вклучени рекламите за "Лонг Лајв Плеј" во Обединетите Држави.Сериите исто така имаат цврст состав на стрчни сопственици поради Светскипзознатите студија на Сони Компјутер Ентертеинмент, група од петнаесет внатрешни усовршувачи под сопственост на Сони Компјутер Ентертеинмент кои се посветени на развивање на првокласни игри за сериите.Освен тоа,сериите се одликуваат со различни буџетски повторни издавања на наслови од страна на Сони со различни имиња за секој регион;овде се вклучени Најголемите хитови,Платина и Најдобрите подрачја на наслови.
Историја
[уреди | уреди извор]Почетоци
[уреди | уреди извор]Плејстејшн беше идеја на Кен Кутараги,директор на Сони кој само што излегол од хардверското инженерско одделение во тоа време и подоцна наименуван како "Таткото на Плејстешн".Конзолата датира уште од 1988та година каде што првобитно беше здружен проект помеѓу Нинтендо и Сони за да се создаде ЦД-РОМ за Супер Нинтендото.Плејстешнот дебитираше на Електронското шоу на потрошувачите(ЕШП) во јуни 1991та година кога Сони ја обелодени конзолата Супер Фамиком/СНЕС со вграден ЦД-РОМ драјвер(кој ја соедини Грин Бук технологијаа или ЦДИ).Сепак,ден по известувањето на ЕШП,Нинтендо најави раскинување на партнерството со Сони,избирајќи го Филипс но дека ќе продолжи да ја користи истата технологија.Нинтендо го раскина договорот поради немање можност да се дојде до спогодба како да се подели приходот помеѓу двете фирми.Раскинот на партнерството го збесна претседателот на Сони Норио Охга,кој одговори со поставување на Кутараги како главен и одговорен во развивање на соперничкиот проект против Нинтендо.Во тоа време преговорите меѓу Нинтендо и Сони беа сè уште активни,со тоа што Нинтендо упати понуда до Сони за улога на "не-играчка".земајќи го предвид новото партнерство со Филипс.Кутараги кој се соочуваше со зголемени критики околу неговата работа со цел влегување во индустријата за видео игри внатре во Сони,навремено ја го одби предлогот.Службено преговорите завршија во мај 1992та година и со цел да се одлучи судбината на проектот Сони Плејстејшн,во јуни 1992та година се одржа состанок помеѓу претседателот на Сони Охга,раководителот Кутараги и неколку постари членови на управниот одбор на Сони.Кутараги на состанокот на одборот му го го разоткри сопствениот систем заснован на ЦД-РОМ на којшто тој работел и кој вклучува играње видео игри со 3Д графика.Претседателот на Сони Охга најпосле реши да го врати проектот по потсетувањето од Кутараги за претрпеното понижување од Нинтендо.Меѓутоа,поради силно спротивставување на мнозинството присутно на состанокот исто така како и распространета внатрешна спротивставеност кон проектот од постарата генерација на извршните органи на Сони,Кутараги и неговиот тим мораа да бидат сменети од делокругот на Сони во Сони Мјузик,што е една целосна одделна финансиска единка во посед на Сони,за да се врати проектот и одржат односите со Филипс за развивање на проектот ММЦД(што помогна до создавањето на ДВД технологијата)
Создавање на Сони Компјутер Ентертеинмент
[уреди | уреди извор]Во Сони Мјузик Кутараги работеше близу до главниот извршен уредник на Сони Мјузик,Шигео Марујама и Акира Сато за на 16 Ноември 1993 да го основаат www.scei.co.(СКЕИ).Комплекс згради на СКЕИ беше неговото почетно партнерство со Сони Мјузик што му помогна на СКЕИ да привлече креативен кадар во компанијата и исто така да му потпомогне за изработување,продажба и производство на дискови,нешто што Сони Мјузик веќе го правеше со Музички Дискови.Двајцата последни клучни членови на СКЕИ беа Тери Токунака,претседателот на СКЕИ од раководството на Сони и Олаф Олафсон.Последниот беше главен извршен уредник и претседател на Сони Интерактив Ентертеинмент со база во Њујорк што беше матичната компанија за Американскиот Сони Компјутер Ентертеинмент(АСКЕ) формиран за 1994 година. Првиот проект на СКЕИ,Плејстејшн,по долгогодишно развивање конечно доби зелено светло од страна на директорите на Сони во 1993 година.Освен тоа во таа година човекот кој подоцна стана претседател Сони Компјутер Ентертеинмент Ворлдвајд Студиос,Фил Харисон беше регрутиран во СКЕИ за да привлече развивачи и издавачи да произведуваат игри за нивната нова Плејстејшн платформа.По покажувањето на планот на Сони за пласман како и техничките демоа на издавачите и произведители на игри во хотел во Токио 1994 година,голем број развивачи почнаа да пристапуваат кон Плејстејшн.Двајца од кои подоцна станаа нивни главни партнери Електроник Артс на западот и Намко[мртва врска] во Јапонија.Еден од факторите што ги привлече развивачите кон платформата е 3Д-способната конзола со ЦД-РОМ која беше многу поевтина и лесна за изработка во споредба со соперничките конзоли од Сега и Нинтендо кои користеа кертриџ системи.Проектот на крајот на краиштата ги наполни јапонските продавници во Октромври 1994 година и се здоби со енормна продажба поради пониската цена во однос на својот конкурент,Сега Сатурн.Популарноста на конзолата се прошири на светско ниво по издавањето во Северна Америка и Европа.
Конзоли
[уреди | уреди извор]Плејстејшн (1994)
[уреди | уреди извор]Првобитниот Плејстејшн издаден во декември 1994 година беше прв од најрасространетата серија на конзоли и рачни уреди за играње на Плејстејшн.Тука беа вклучени следбенички конзоли и надградби вклучувајќи го и Нет Јарозе(посебно црно Плејстејшн со алатки и упатства за програмирење на игри и апликации),"ПС Уан"(помала верзија на оригиналот)и Покетстејшн(рачен уред што ги подобрува игрите на Плејстејшн и делува како мемориска картичка).Беше петта верзија на конзоли за видеоигри во натпревар против Сега Сатурн и Нинтендо 64.До 31 Март 2005 година,Плејстејшн и ПС Уан заедно испорачаа вкупно 102.49 милиони примероци,станувајќи првата конзола за видеоигри што продала 100 милиони примероци.Ќ
ПС Уан (2000)
[уреди | уреди извор]Пуштена во продажба на 7 Јули 2000 година,истовремено со неговиот следбеник Плејстејшн 2,ПС Уан беше значајно помала,редизајнирана верзија на оригиналната конзола за видеоигри Плејстејшн.ПС Уан продолжи да ги надмине во продажба сите други конзоли,вклучувајќи го и следбеникот низ остатокот од годината.Се одликуваше со две главни промени од неговиот претходник,првата козметичка промена и втората имајќи главно мени со Графички кориснички интерфејс.
Плејстејшн 2 (2000)
[уреди | уреди извор]Пуштена во продажба во 2000 година,петнаесет месеци по Дримкаст и година пред другите конкуренти,Ексбокс и Нинтендо Гејм Кјуб,Плејстејшн 2 е дел од шестата генерација на конзоли за видеоигри и е способен да се прилагоди на постари игри а со тоа со повеќето оригинални игри за Плејстејшн.Како и неговиот претходник,доби потенок редизајн и издаде вграден чип за ПСИКС ДВР и Сони БРАВИЈА КДЛ22ПИКС300 ХДТВ.Ова е најуспешната конзола во светот со продадени повеќе од 150 милиони примероци до 31 Јануари 2011тата година.На 29 Ноември 2005 година,ПС2 стана конзола која најбрзо достигна број од 100 милиони испорачани примероци,остваруваќи подвиг за време од пет години и девет месеци од лансирањето.Ова достигнување се случи побрзо од она на неговиот претходник Плејстејшн.на кој му требаа девет години и шест месеци од лансирањето за да ја достигне истото.
Модел Слимлајн (2004)
[уреди | уреди извор]Пуштен во продажба во 2004 година,четири години по лансирањето на оригиналниот Плејстејшн 2,Плејстејшн 2 моделот Слимлајн беше првиот негов поголем редизајн.Во споредба со неговиот претходник, Слимлајн моделот беше помал,потивок и исто така поседуваше вграден Етхернет приклучок(во некои пазари има интегриран модем).Во 2007та година,Сони започна со испорака на изменета верзија на Слимлајн моделот кој беше полесен од оригиналниот модел заедно со полесен АЦ полнач. Во 2008-та година Сони издаде уште понова изменета верзија на Слимлајн моделот што го ремонтираше внатрешниот дизајн што го внесе доводот на енергија внатре во самата конзола како што е во оригиналниот Плејстејшн 2 што резултираше со уште по намалена тежина на конзолата.
Плејстејшн 3 (2006)
[уреди | уреди извор]Пуштено во употреба на 11ти Ноември 2006 година,Плејстејшн 3 е третото и тековно повторување во серијата.Во конкуренција е со ЕксБокс 360 и Вии во седмата генерација на конзоли за видеоигри.Тоа е првата конзола во серијата што најави употреба на управување преку движење во игрите со со користење на безжичниот СИКСАКСИС[мртва врска] управувач заедно со други одлики,како што е Блу-Реј Дискот(БД) и можност за целосна високо дефинирана графичка резолуција. Плејстејшн може да има 20 гигабајти,40 гигабајти,60 гигабајти,80 гигабајти,120 гигабајти.160 гигабајти,250 гигабајти и 320 гигабајти,со што денес актуелни модели се оној со 160 и 320 гигабајти.Како и неговиот претходник, беше издаден потенок редизајниран модел.Според Сони Компјутер Ентертеинмент,Плејстејшн 3 има распродадено 70.2 милиони примероци ширум светот до 30 септември 2012та година.
Тенок модел (2009)
[уреди | уреди извор]Пуштен во продажба во 2009 година,редизајнираниот модел на Плејстејшн 3 единствениот модел во производство.Редизајнираниот модел е помал за 33 проценти,полесен за 36,и заштедува од 34 до 45 проценти повеќе енергија од претходните модели.Освен тоа,се одликува со редизајниран систем за ладење и помал ќелијски процесор што беше преместен во постапка на изработка од 45 нанометри.Распродаде преку милион примероци во првите три недели на распродажба.Новиот дизајн се одликува со поддршка за Електронска контрола на потрошувачите(попознат по марката на изработка на БравијаСинк[мртва врска],ВИЕРА Линк,Изи Линк и други)што овозможува управување на конзолата врз ХДМИ[мртва врска] со користење на далечински управувач како џојстик.Тенкото ПС3 работи потивко и е поладно од претходните модели заради ќелијата од 45нанометри.Овој модел повеќе го нема прекинувачот на енергија(слично на тенкиот модел на Плејстејшн 2)како претходните модели на ПС3,што се наоѓаше на задниот дел на конзолата.Службено беше пуштен во продажба на 1 Септември 2009 година во Северна Америка и Европа,а во Јапонија,Австралија и Нов Зеланд на 3 Септември 2009 година.
Супер Слим (2012)
[уреди | уреди извор]Во 2012та година Сони откри нов "Супер Слим" Плејстејшн 3.Новата конзола која има целосно редизајнирана кутија со лизгачка врата што го покрива уредот за дискетите(преместен на врвот на конзолата) тежи два килограм и е скоро три килограми и тристашеесет грама полесен од претходниот тенок "слим" модел.Конзолата е достапна со тврд диск или од 250 гигабајти или 500 гигабајти.Достапни се неколку пакети што вклучуваат Супер Слим ПС3 и избор на игри.
Систем за следната генерација (ТБА)
[уреди | уреди извор]Следната Плејстејшн конзола Плејстејшн 4 или Плејстејшн Орбис дека до Април 2012та година била во развој и од крајот на 2009 почетокот на 2010 година се шпекулира дека ќе биде откриена за време на или пред Е3 2013 Сони на прес конференцијата во Лос Анџелес помеѓу 11ти и 13 јуни 2013 година.Според видеогамер.цом се смета дека конзолата подлежи на истражување и развој уште од Август 2010 година.На мрежната страница на Сони Компјутер Ентертеинмент,оддел под името "Орбис"што го презентирајќи ги информациите за опремата за развој, предложи внатрешното име на конзолата да биде Орбис.На втори Ноември 2012та година беше соопштено покажувањето на опремата за развој на различни развивачи на игри,што се служат со АМД Фјужн АПУ чипсет.Поранешениот постар потпретседател на Сони[мртва врска], Скот Род,на 6 Јуни 2012та година изјави дека тие треба да претстават голем број игри на пазарот и дека имаат позначајни приоритети во однос на ПС4.Тој исто така потврди дека Плејстејшн 2 продолжи добро да се распродава во некои делови од светот(и игрите за него продолжија да се издаваат),затоа Сони сè уште го поддржуваше.
Рачни системи
[уреди | уреди извор]Плејстејшн Портабл (2004)
[уреди | уреди извор]Пуштена во продажба во март 2005 година,Плејстејшн Портабл(ПСП) беше првата рачна конзола која конкурираше на конзолата на Нинтендо ДС.Конзолата е прва која користи ново сопствен оптичко средство за складирање познато како Универзал Медиа Диск (УМД),што може да зачувува и игри и филмови.Содржи внатрешен флеш мемориски складиштен простор од 32 мегабајти,што може да се прошири преку Мемори Стик Про Дуо картичките.Има сличен распоред за управување како ПС3 со копчето со логото на Плејстејшн и копчињата триаголник,круг,икс.и квадрат.
Моделите 2000 и 3000
[уреди | уреди извор]Пуштен во продажба во септември 2007та година,ПСП Слим и Лајт (уште познат и како ПСП-2000) беше првото поголемо хардверско коригирано издание на Плејстејшн Портабл.Слим и Лајт беше 33 проценти полесен 19 проценти потенок од оригиналниот Плејстејшн Портабл.Издржливоста на батеријата исто така беше намален за една половина,но времето на активна работа остана исто со претходниот модел поради ниската потрошувачка на енергија.Батериите на постарите модели сè уште би работеле и тие го зголемуваат времето на активно играње.ПСП Слим и Лајт има нови сјајни завршетоци.Неговиот сериски уред исто така беше изменет со цел да се стави на располагање нов видео излез(додека овозможување на постарите ПСП далечински управувачи е несоодветно).На ПСП-2000,игрите за ПСП ќе се приклучуваат единствено на надворешни монитори или телевизори во постепен начин на скенирање,така што телевизорите кои не поддржуваат ваков метод нема да ги прикажуваат игрите за ПСП;не играчко видео ќе биде вклучено во постепен или испреплетен начин.Полнење преку УСБ уред исто така стана возможно.Наводно, копчињата на Слим и Ласт се многу почувствителни.Во 2008 Сони издаде ново хардверско коригирано издание наречено ПСП-3000 што вклучуваше неколку својства што Слим и Лајт ги немаше,како што се вграден микрофон и надграден екран,исто така и можноста да се вклучат игри за ПСП во испреплетен начин(интерлејс).
Моделот ПСП Гоу (2009)
[уреди | уреди извор]Моделот ПСП Гоу кој беше пуштен во продажба во октомври 2009 година е најголемиот редизајн на Плејстејшн Портабл до денес.Спротивно на претходните ПСП модели,ПСП Гоу не вклучува УМД драјвер но затоа има внатрешна флеш меморија од 16 гигабајти за зачувување игри,видеа и други податоци.Тоа може да се продолжи дури до 32 гигабајти меморија преку употреба на Мемори Стик Микро (М2) флеш картичката.Исто така спротивно на претходните модели на ПСП,батеријата на полнење на ПСП Гоу корисникот не може да ја отстрани или замени.Моделот е 43 проценти полесен и 56 проценти помал во однос на ПСП-3000. Поседува 3.8" 480 х 272 ЛЦД(во споредба со поголемиот 4.3" 480 х 272 пикселен ЛЦД на претходните модели на ПСП).За откривање на главните управувања екранот се лизга нагоре.Целокупниот облик и лизгачки механизам се слични на интернет уредот мило-КОМ 2 во што е во посед на Сони.Моделот ПСП Гоу се произведува и продава истовремено со неговиот претходник ПСП-3000,иако нема да го замени.Сите игри за ПСП Гоу мора да се набават и симнат од продавницата на Плејстејшн,Плејстејшн Стор бидејќи рачниот модел не одговара со оригиналните физички дискови,Универсал Медиа Диск.Преку блутут врска,рачниот модел овозможува поврзливост со СИКСАКСИС и Дуалшок 3 управувачите на Плејстејшн 3.
Модел Е1000
[уреди | уреди извор]ПСП-Е1000 е буџетски фокусиран модел кој спротивно на претходните ПСП модели, не се одликува со Ви-Фи или стерео звучници(заменети со единствен моно звучник) и има густ "јаглено црн" завршеток слично на тенкиот Плејстејшн 3 модел.Е-1000 беше најавен на Гејмском 2011 и достапен низ ПАЛ(Линија со наизменична фаза) областа за цена од 99.99 евра.
Плејстејшн Вита (2011)
[уреди | уреди извор]Пуштен во продажба во декември 2011та година,Плејстешн Вита претходно беше именуван како Портабл за Следната Генерација(ПСГ).Се одликува со 5 инчен ОЛЕД екран на допир,два аналогни стикови,страничен уред осетлив на допир,Сиксаксис сетило за движење и процесор АРМ Кортекс-А9 МПјадро со 4 јадра.Сони ја разотрки Плејстејшн Вита службено на 27 Јануари 2011та година на Состанокот на Плејстејшн истата година.
Друг хардвер
[уреди | уреди извор]ПС-ИКС (2003)
[уреди | уреди извор]Пуштен во продажба само во Јапонија во 2003 година,Сони ПС-ИКС беше целосно интегриран дигитален видео рекордер и Плејстејшн 2 конзола за видеоигри.Моделот беше првиот производ на Сони што го користеше ЕксросМедиаБар графичкиот интерфејс(ЕМБ) и може да се поврзе со Плејстејшн Портабл за пренос на видеа и музика преку УСБ.Исто така се одликува со софтвер за уредување видеа,слики и аудио.ПС-ИКС поддржува играње на игри на интернет користејќи внатрешен адаптер за широкопојасен интернет.Игри кои го употребуваат тврдиот диск на ПС2(на пример Финал Фантази ХИ)се исто така поддржани.Тоа е првиот производ издаден од Сони под марката на Плејстејшн што не вклучуваше управувач заедно со самиот уред.
Покетстејшн
[уреди | уреди извор]Покетстејшн беше минијатурна играчка конзола создадена од СКЕ како периферен удед за оригиналниот Плејстејшн.Ексклузивно пуштен продажба во Јапонија на 23 Декември 1999 година,се одликуваше со еднобоен ЛЦД дисплеј,звучник,часовник со обработка во реално време и способност за инфрацрвена комуникација.Со приклучување во меморискиот отвор на Плејстејшн може да се користи како стандардна мемориска картичка.Во Јапонија беше мошне популарно и на почетокот Сони планираше да го пушти во продажба и во Обединетите Држави но на крај планот беше укинат поради разновидни проблеми во понудата и побарувачката.
Телевизиски комплети
[уреди | уреди извор]Пуштен во продажба во 2010 година,Сони БРАВИА КДЛ22ПХ300 е 22 инчен 720п (сигнален формат)телевизор којшто вклучува Плејстејшн 2 конзола,заедно со 4 ХДМИ приклучоци. Кон крајот на 2011та година во продажба беше пуштен 24 инчен 1080п 3Д Плејстејшн телевизор со заштитен знак,службено наречен Плејстејшн 3Д Дисплеј. Одлика на овој телевизор е СимулВју.Кога се играат мултиплеер(игри за повеќе играчи истовремено)секој играч го гледа својот соодветен екран(во целосно ХД)на телевизорот преку нивните соодветни 3Д очила,наместо да гледаат во поделен екран(на пример еден играч на ќе му се покаже екран за еден играч преку неговите 3Д очила)
Сони Ериксон Експериа Плеј
[уреди | уреди извор]Експерија Плејот е паметен телефон со Андроид со лизгачки уред за играње што наликува на ПСП Гоу развиен од Сони Ериксон кој е наменет за гејмери,и е првиот што се здоби со логото Плејстејшн Сертифајд.Исто така може да симнува апликации за Плејстејшн Суит.
Сони Таблет С и П
[уреди | уреди извор]Ова се андроидни графички табле(таблет),пуштени во продажба во 2011та и 2012та година.Тие нудат поврзливост со управувачите на Плејстејшн 3 и се интегрира со мрежата на Плејстејшн користејќи сопствена апликација.
Игри
[уреди | уреди извор]Секоја конзола има разновидност на игри.Повеќето од издадените игри на оригиналниот Плејстејшн можат да се играат непосредно на следбеникот,Плејстејшн 2,ПС-ИКС и Плејстешн 3.Дел од овие игри исто воедно може да се играат и на Плејстејшн Портабл но мора да се набават и симнат од список на ПС Уан Класикс од Плејстејшн Стор.Игрите издадени за Плејстејшн 2 моментално може да се играат само на оригиналната конзола како и на ПС-ИКС[мртва врска] и почетните модели на Плејстејшн 3 коишто исто така се надолно компатибилни.Плејстејшн 3 има два вида на игри,оние издадени на Блу-Реј дискови и игри кои можат да се симнат од Плејстејшн Стор.Плејстејшн Портабл се состои од голем број игри достапни на физичката медиа,како и на Универзал Медиа Диск и на Дигитал Даунлоад од Плејстејшн Стор. Сепак,некои игри се достапни само на УМД додека други се достапни само на Плејстејшн Стор.Портабл за Следната Генерација ќе се состои од игри достапни на неговата физичката медиа,на НВГ Картичката и на Дигитал Даунлоад на Плејстејшн Стор.
Првата партија игри
[уреди | уреди извор]Сони Компјутер Ентертеинмент Ворлдвајд Студиос е група на развивачи на видеоигри во сопственост на Сони Компјутер Ентертеинмент.Посветена е на развивање на видеоигри исклучително само за серијата на конзоли на Плејстејшн.Серијата има произведено неколку најпродавани лиценци како што е серијата на Гран Туризмо на тркачки видеоигри,како и одобрените наслови Анчартед 2:Амонг Тивс.Во другите значајни лиценци спаѓаат Ејп Ескејп,Гад оф Вор,Твистед Метал и најновите ЛитлБигПланет и МоторСторм.
Повторно издадени верзии
[уреди | уреди извор]Најголемите Хитови(Северна Америка),Платина Рејнџ(територии на ПАЛ) и Д Бест (Јапонија и Азија) се видеоигри за Сони Плејстејшн,Плејстејшн 2, Плејстејшн 3 и Плејстејшн Портабл конзолите што службено Сони повторно ги издаде по пониски цени.Секоја област има свои квалификации за да влезе во програмот за повторно издавање.На почетокот.во текот на ерата на Плејстејшн,една игра мораше да распродаде најмалку 150.000 примероци (подоцна 250.000) и да се најде на пазарот барем една година за да влезе во дострелот на Најголемите Хитови.Во ерата на Плејстејшн 2 побарувањата за најмал број продадени копи се зголеми на 400.000 и играта мораше да остане на пазарот најмалце девет месеци.За Плејстејшн Портабл игрите мораа да останат на пазарот барем девет месеци и со распродадени 250.000 или повеќе примероци.Денес,игра за Плејстејшн 3 на пазарот мора да се задржи десет месеци и да распродаде најмалку 500.000 примероци за да го задоволи критериумот на Најголемите Хитови.ПС Уан Класикс беа игри што се издаваа првично за Плејстејшн и повторно се издаваа на Плејстејшн Стор за Плејстејшн 3 и Портабл.Класикс ХД се компилации на игри за Плејстејшн 2 што се прилагодени за Плејстејшн 3 на само еден диск со дадатни својства како што се графика со зголемена резолуција,Плејстејшн Мув поддршка,3Д поддршка и трофеи на Плејстејшн Мрежата.Плејстејшн Мобајл (поранешен Плејстејшн Суит) е повеќе наменски софтверски систем што има за цел снабдување на содржината на Плејстејшн,моментално оригиналните игри за Плејстејшн преку неколку уреди вклучувајќи ги уредите на Плејстејшн Сертифајд Андроид и Плејстејшн Вита.
Служби на интернет
[уреди | уреди извор]Играњето на интернет на Плејстејшн прво започна во јули 2011та година со издавањето на безимената интернет служба на Плејстејшн 2 во Јапонија.Подоцна,во август 2002 година беше повторно издадена во Северна Америка,проследено од издавање во Европа во јуни 2003.Службата е сè уште активна и продолжува да се употребува од страна на гејмерите. Издадена во 2006 година,Плејстејшн Мрежата е служба на интернет што се фокусира на мултиплеер играње на интернет и доставување на дигитална медиа.Службата е овозможена и под водство на Сони Компјутер Ентертеинмент во корист на конзолите за видеоигри Плејстејшн 3 и Плејстејшн Портабл.Службата моментално брои над педесет милиони корисници ширум светот.Сони Ентертеинмент Мрежата овозможува други предности како што се Плејстејшн Хоум,Плејстејшн Стор и Трофеи.
Плејстејшн Стор
[уреди | уреди извор]Плејстејшн Стор виртуелна пазар на интернет достапен за корисниците на Плејстејшн 3 и Плејстејшн Портабл конзолите за игри преку Плејстејшн Мрежата.Продавницата користи физичка валута и Плејстејшн мрежни картички.Играчката содржина на Плејстејшн Стор се ажурира секој Вторник и нуди како материјал за симнување и купување така и несплатен материјал.Достапната содржина вклучува целосни игри,наставки,демоа за играње,теми и трејлери за игри и филмови.Службата е пристапна икона на ХМБ на ПС3 и ПСП.Во продавницата на ПС3 може да се пристапи со ПСП преку врската Ремоут Плеј на што ја има на ПС3.ПСП продавницата е исто така достапна преку компјутерската апликација Медиа Гоу.Од 24 Септември 2009 година,имаше преку шесто милиони симнувања од интернет ширум светот од Плејстејшн Стор. Видео материјали како што се филмови и телевизиски шоуа се исто така достапни од Плејстејшн Стор за Плејстејшн 3 и ПСП и ќе бидат достапни на некои нови телевизори Сони БРАВИА,ВАИО лап топ компјутери и Сони Блу-Реј Диск плеери од Февруари 2010 година.
Животот со Плејстејшн
[уреди | уреди извор]Живот со Плејстејшн е ФолдингЖхоум апликација достапна за ПС3 што се поврзува со истата апликација на дистрибуираната компјутерска мрежа на Универзитетот Стенфорд и им дозволува на корисницте да ги донираат на проектот резервните работни циклуси од своите конзоли.Универзитетот Стенфорд го поддржува ФолдингЖхоум и доброволците придонесуваат кон општеството со донирање на компјутерска енергија на овој проект.Истражување изведено од страна на проектот на крајот може да донесе до создавање на витални лекови.Апликацијата-клиент ФолдингЖхоум беше развиена од Сони Компјутер Ентертеинмент во соработка со Универзитетот Стенфорд.Живот со Плејстејшн исто така се состои од 3Д виртуелен поглед на Земјината топка содржи тековни информации за времето и новости од различни градови и држави од целиот свет.Тука спаѓа и каналот Ворлд Херитиџ којшто нуди историски информации за историски градови,и каналот Јунајтед Вилиџ којшто е проект дизајниран за споделување на информации за заедници и култури ширум светот.
Плејстејшн Плус
[уреди | уреди извор]Плејстејшн Плус е претплатнича служба на Плејстејшн Мрежата,со должна почит на стандардната ПСМ.Вклучува својство на автоматско симнување што на конзолата и дозволува автоматски да симнува продолженија за игрите софтверски надополнувања на системот.Претплатниците исто така добиваат првичен или исклучителен пристап до некои бета верзии,демоа од игри,премија за преземачка содржина (како на пример проби од целосни малопродажни игри како Инфејмос и ЛитлБигПланет) и други предмети од Плејстејшн Стор,како и бесплатна претплата на Кор.Другите преземачки предмети вклучуваат попусти во Плејстејшн Стор и бесплатни игри од Плејстејшн Мрежата,ПС Уан Класикс,Плејстејшн Минија,теми и аватари.
Плејстејшн Блог
[уреди | уреди извор]Плејстејшн Блог е интернет блог фокусиран на играње којшто е дел од Плејстејшн Мрежата.Беше лансиран на 11ти Јуни 2007та година и од тогаш се појави на многу интервјуа со компании на трети лица како што е Скуер Еникс.Освен тоа има и мислења од високо рангирани директори на Сони Компјутер Ентертеинмент како меѓу кои Џек Третон,претседател и главен извршен уредник на СКЕ.Под-страна на блогот со име Плејстејшн Блог Шер беше лансиран на 17ти Март 2010 година и им овозможи на читателите и корисниците на блогот да поднесат идеи до тимот на Плејстејшн за било што поврзано со Плејстејшн и да гласаат на идеате на другите поднесители.
Плејстејшн Ап
[уреди | уреди извор]Плејстејшн Ап е апликација издадена 11 Јануари 2011та година во неколку европски земји за ИОС (верзија 4 и погоре) и за Андроид (верзија 1.6 и погоре). На корисниците им дозволува преглед на своите трофеи,да видат кои од нивните мрежни пријатели се на интернет и да читаат најнови информации за Плејстејшн.Не се одликува со никаква играчка функционалност.
Плејстејшн Мобиле
[уреди | уреди извор]Плејстејшн Мобиле (поранешно Плејстејшн Суит) е софтверска конструкција што се користи за да обезбеди преземачки содржини за Плејстејшн за уредите што работат со Андроид 2.3 и погоре, исто како и Плејстејшн Вита.Конструкцијата ќе биде повеќе наменска(ќе работи на голем број програми и уреди),нешто што Сони го нарекува "неутрален хардвер".Тековно треба да се издаде пред крајот на календарската 2011та година.Покрај тоа,Андроидните уреди што беа уредени за на нив да може да се игра содржина од Плејстејшн Суит,ќе бидат беспрекорно потврдени од Плејстејшн Сертифајд уверението.
Општествени служби на интернет за мрежно работење
[уреди | уреди извор]Плејстејшн Хоум
[уреди | уреди извор]Плејстејшн Хоум е служба за социјално играње и вмрежување заснована на ниво на заеднца,на Плејстејшн 3 на ПСМ.Достапна е диреткно од Плејстејшн 3 ЕксросМедиаБар.Членството е бесплатно,и потребна е само сметка на ПСМ.Хоум е во изработка уште од почетокот на 2005 година и започна отворен јавен бета тест на 11ти Декември 2008 година.Хоум овозможува корисниците да создадат прилагоден аватар,што може да се направи за да одговара на тоа што го бараат корисниците.Корисниците можат да ја декорираат личната собата на аватарите("Хоум Спејс") со номинални,купени или освоени предмети.Тие можат да патуваат низ светот на Хоум(освен преминатите области),што Сони и партнерите постојано го ажурираат.Секој дел од светот е познат како простор.Јавните простори можат да бидат за дисплеј,забава или средби со луѓе.Хоум се одликува со многу мини-игри кои се играат поединечно или мултиплеер.Корисниците може да купуваат нови предмети за да се искажат себеси преку нивните аватари на ХоумСпејс.Хоум се одликува со видео екрани за рекламирање на повеќе места,но главната видео содржина се покажува во забавниот театар.Хоум е домаќин на разни посебни настани со доделување на награди до забавни настани.Корисниците исто така можат да го употребат Хоум за поврзување со пријателите и прилагодување на материјалот.ИксИ,поранешна значајна предност на Хоум,е првата светска конзола заснована на Игра со Алтернативна Реалност што зазема место во тајните области на Хоум и беше создадена од нДримс.
Соба за Плејстејшн Портабл
[уреди | уреди извор]"Роом"(службено спелувано како Р∞М со големи букви и симболот на бесконечност на местото на "оо") беше бета тестирана во Јапонија од Октомври 2009 до Април 2010 година.Развивањето на Соба беше спречено на 15 Април 2010 година поради негативните коментари од општеството.Најавена на Токио Гејм Шоу 2009 година,требаше да биде слична служба како онаа на Плејстејшн Хоум и се развиваше за ПСП.Исто така требаше да се оспособи дирекно лансирање преку отсекот Плејстејшн Нетворк на ХМБ.Исто како и во Хоум,сопствениците на ПСП би биле во можност да поканат други сопственици во нивните соби да "уживаат во комуникација во реално време".2009 година во Јапонија на КЈУ4 започна бета тест од затворен карактер.
Софтвер
[уреди | уреди извор]ЕксросМедиаБар
[уреди | уреди извор]ЕксросМедиаБарот,првично користен на ПС-ИКС,е графички кориснички интерфејс што моментално го користи Плејстејшн 3 и Плејстејшн Портабл,како и од страна на многу други уреди на Сони.Интерфејсот се одликува со икони поставени хоризонтално низ екранот.Иконите се движат со навигација наместо со показник. Овие икони се употребуваат како категории за организирање на опциите достапни на корисникот.Кога се одбира икона на хоризонталната лента,ветикално се појавуваат уште неколку,над и под неа (избирлива од насоките за горе и долу на уредот за насочување). Иако со одредени забрани,во ХМБ може да се влезе за време на игра и им дозволува на играчите да пристапат кон посебни области на ХМБ менито од внатрешноста на играта и единствено е досапно за Плејстејшн 3.Иако со ова дополнување се додаде можноста корисниците да пуштаат сопствени музика за време на играње,ова својство зависи од развивачите на игрите кои мораат или да ја овозможат оваа одлика на своите игри или да ги надоградат постоечките игри.
ЛајвЕриа
[уреди | уреди извор]Дизајнирана да се користи на Плејстејшн Вита,ЛајвЕриа е графички кориснички интерфејс направен да вклучи различни општествени својства за вмрежување преку Плејстејшн Мрежата.Дизајнирана е специјално како кориснички интерфејс со екран осетлив на допир за корисниците.
Оперативни системи Линукс
[уреди | уреди извор]Линукс за Плејстејшн 2
[уреди | уреди извор]По експериментот за оригиналниот Плејстејшн Нет Јароз,Сони во 2002та година во употреба го пушти првиот корисен и целосно функционален оперативен систем за конзола за видеоигри.Опремата која вклучуваше внатрешен погон за тврд диск и неопходните софтверски алатки,го претвори Плејстејшн 2 во целосно развиен компјутерски систем што користи Линукс.Корисниците може да употребат мрежен адаптер да го поврзат Плејстејшн 2 на интернет,потоа мониторен кабелен адаптер за да го поврзат Плејстејшн 2 со компјутерски монитори,како и УСБ тастатура и глувче што може да се користат за контролирање на линуксот на Плејстејшн 2.
Линукс за Плејстејшн 3
[уреди | уреди извор]Плејстејшн 3 (не вклучувајќи го Плејстејшн 3 Слим) исто така поддржува употреба на Линукс оперативен систем на фирмвери пред 3.21 без потреба за купување на додатни хардверски набавки.Јелоу Дог Линукс обезбедува службени системи што може да се преземаат од интернет, и други системи како што се Федора,Гентоо[мртва врска] и Убунту[мртва врска] успешно се инсталираат и функционираат на конзолата.Употребата на Линукс на Плејстејшн 3 им овозможи на корисниците да пристапат до шест од седумте Синергетски обработки на елементи,Сони спроведе хипервизор забранувајќи пристап до РСХ.Во најновото надоградување на фирмверот се отстрани можноста да се инсталира втор оперативен систем на Плејстејшн 3.
Управувачи
[уреди | уреди извор]Почетни управувачи за Плејстејшн
[уреди | уреди извор]Уред за контролирање на Плејстејшн е првиот управувач направен и издаден за изворниот Сони Плејстејшн.Поседуваше основен уред за насочување,четири главни копчиња за избор('зелен триаголник') ('црвен круг'),('син икс') и ('розов квадрат'), старт и селект копче на преднот дел."Копчиња на рамењата" се вклучени на горниот дел од управувачот(Л1,Л2,Р1,Р2) (именувани според страната Л=Лефт Р-Рајт) и 1 и 2 (на врвот и на долниот дел).Во 1996 година Сони го издаде Аналогниот Џојстик за употреба при игри со летачко симулирање. Дуал Аналог 1997та година го замени првобитниот дигитален управувач,што додаде два аналогни стикови врз основа на истата потенциометарска технологија како кај Аналогниот Џојстик.Подоцна Дуал Шок го наследи овој управувач.
Серијата Дуал Шок и Сиксаксис
[уреди | уреди извор]Управувачот Дуал Шок издаден во 1998та година го наследи својот претходник Дуал Аналог,и ќе продолжи до станување серија управувачи за марката Плејстејшн која издржила најдолго.Освен тие влезни уреди на првобитниот дигитален управувач (Л1, Л2, Р1, Р2, Старт,Селецт и Д-пад) и Дуал Шокот се одликуваше со два слични аналогни стикови на претходниот управувач Дуал Аналог,кој исто така може да се притисне за да се активираат копчињата Л3 и Р3. Серијата Дуал Шок се состои од три управувачи: четвртиот издаден Дуал Шок за Плејстејшн,единствениот стандареден управувач издаден за Плејстејшн 2-Дуал Шок 2,и Дуал Шок 3 вториот и сегашен управувач издаден за Плејстејшн 3.Сиксаксис е првиот официјален управувач за Плејстејшн 3 и е заснован на истиот дизајн како и серијата Дуал Шок(но со недостиг на вибрациски мотори од Дуал Шок серијата на управувачи). Како кај Дуал Аналог управувачот,Дуал Шок и Дуал Шок 2 вбројуваат копче "Аналог"помеѓу аналогните стикови што ги вклучува или исклучува стиковите (за употреба при игри што поддржуваат само дигитален влезен уред на оригиналниот управувач).На управувачите на Плејстејшн 3 Сиксаксис и Дуал Шок 3,аналогните стикови секогаш се овозможени.Почнувајќи од Сиксаксис,на управувачите им е додадено 'Плејстејшн копче'(кое го има логото на ПС и по функција е слично на копчето 'Водич' Екс-Бокс 360).Плејстејшн копчето го заменува Аналогното копче на Дуал Шок и Дуал Шок 2 управувачите.Со притискање на ПС копчето на ПС3 се отвора ЕксросМедиаБар,додека со држење на истото се отвораат системски поставки (како што се напушти игра,смени ги поставките на управувачот,исклучи го системот и исклучи го управувачот.)
Плејстејшн Мув
[уреди | уреди извор]Плејстејшн Мув е управувачка платформа за играње осетлива на движење за конзолата за видеоигри Плејстејшн 3 од Сони Компјутер Ентертеинмент (СКЕ).Заснован на рачниот скиптар за движечко управување,Плејстејшн Мув ја користи Плејстејшн Ај веб-камерата за да ја следи позицијата на скиптарот и инерциските сензори во скиптарот за да го открие неговото движење.Најпрвин откриен на втори Јуни 2009 година,Плејстејшн Мув беше лансиран на Кју3/Кју4[мртва врска] во 2010 година.Лансираниот веќе достапен хардвер ги вклучи Плејстејшн Мув движечки управувач или изборниот Плејстејшн Мув под-управувач.Иако Плејстејшн Мув е имплементиран на постоечката конзола на Плејстејшн 3,Сони констатира дека го користи дебито на Мув како свое поголемо "лансирање на платформа",планирајќи активна маркетиншка кампања за поддршка.Покрај поединечното продавање на управувачите,Сони планира да обезбеди неколку различни пакетни избори за хардверот на Плејстејшн Мув; вклучувајќи почетна опрема со ПС Ај,Мув двиежечки управувач и демо диск со цена помала од сто американски долари;целосен конзолен пакет со ПС3 конзолата,Дуал Шок 3 уред за играње,ПС Ај,и движечки управувач Мув; и пакети на Мув движечки управувачи со избор на игри.
Медиуми
[уреди | уреди извор]Списанија
[уреди | уреди извор]Брендот на Плејстејшн има широка серија на списанија од различни континенти,што опфаќаат статии и приказни поврзани со Плејстејшн.Голем дел од овие списанија се во тесна соработка со Сони и затоа често одат во пакет со демо дискови за игри за Плејстејшн,на пример Официјалното Плејстејшн Списание на САД издаде демо дискови за Фајнал Фантази ВИИ.Имено Плејстејшн моментно има три списанија кои сè уште кружат,а тоа се:Плејстејшн:Официјалното Списание, Плејстејшн Официјало Списание и Официјалното Списание на Плејстејшн(Австралија).Меѓутоа,низ годините многу списанија на Плејстејшн се размножија додека неколку згаснаа,како на пример Официјалното Плејстејшн Списание на САД,Официјалното Плејстејшн Списание на Обединетото Кралство и Официјалното Плејстејшн 2 Списание на Обединетото Кралство.
Списание ЦД-РОМ
[уреди | уреди извор]Плејстејшн Андерграунд беше нетрадиционално списание што Сони Компјутер Ентертеинмент Америка го произведуваше и издаваше од пролетта 1997 до пролетта 2001та година.Претплатниците добиваа две цедеа за Плејстејшн заедно со брошура шарено пакување на секој четврти број.Цедеата содржеа интервјуа,измами за игрите,потези на програмерите,демоа за игри и уникатни снимања на Меморските картички.Неколку изданија покажаа како се создава игра од почетен дизајн сè до конечен производ.Бидејќи цедеата можеа само да се пуштаат на Плејстејшн,тоа се покажа како успешна маркетинг алатка што предизвика издавање на Плејстејшн Андерграунд Џем Пекс Демо цедеа и што содржеа мислења од претходните изданија на Плејстејшн Андерграунд, и навидум заедно со онолку демоа за игри колку што едно цд може да собере. За разлика од Плејстејшн Андерграунд тие беа достапни во повеќе од продавниците по цена од 4.95 долари,се издаваа двапати годишно и тоа во Лето и Зима и обично во центарот на вниманието ги земаа ново издадените игри или оние кои допрва доаѓаа.Од 2001 ва година,Сони одлучи да го укине Андерграунд за да се фокусира на ЏемПекс[мртва врска] со издавањето на Плејстејшн 2.Денес главно дисковите од Плејстејшн Андерграунд се во рацете на колекционерите.
Маркетинг
[уреди | уреди извор]Плејстејшн-от е познат по неколку маркетиншки кампањи.
Пароли
[уреди | уреди извор]Маркетиншки пароли употребени за секоја низа конзоли на Плејстејшн посебно: Плејстејшн • "Енос Ливес" (првата буква "Е" е отпечатена во црвено да го означи зборот спремен.Енос стоеше за Спремен, Деветти Септември) • "У Р нот Е" (буквата "Е" е отпеачатена во црвено да го означи зборот Спремен,како што е во Ти не си спремен) • "Живеј во својот свет.Играј во нашиот" • "Не ја потценувај моќта на Плејстејшн. "(од С.А.П.С.-Општество против Плејстејшн-серија на реклами) ПС Уан • "Било кога,Било кога,Засекогаш." Плејстејшн 2 • "Почетокот. " • "Живеј во твојот свет,Играј во нашиот. "(употребени се челните икони од копчињата на Плејстејшн за да се означат одредени букви) • "(Добредојде на) Третото Место" • "Забава,Некој? " Плејстејшн Портабл • "ПСП Хелз Јеа"(серијата ПСП-1000) • "Друже,купи си и ти... "(серијата ПСП-2000) • "Секаде станало уште подобро"(сериите ПСП-3000 и ПСП гоу) • "Време е за Гоу"(ПСП гоу) • "Целиот твој свет во твоите раце"(на териториите на Обединетото Кралство и Европа) • "Повиши ја твојата игра"(на територијата на САД,сериите ПСП-3000 и ПСП гоу) Плејстејшн 3 • "Чекањето заврши" • "Добредојде промено"(цханг3. Бројот 3 се користи за да означи 'Е'и се печати во црвено) • "Ова е живеење" • "Играј на другата страна"(б3ѕонд бројот 3 се користи за да означи 'Е'и се печати во црвено) • "Прави само се"(рекламните пораки во САД) • "Играта е само почетокот.Вклучи го ПС3"(Обединетото Кралство и Европските земји) • "Долго да живее играта" • "Никогаш не престанувај со играње" Плејстејшн Мув • "Ова менува се" • "Движи се кон акцијата" Плејстејшн Мрежа • "Преземи,играј,поврзи се." Плејстејшн Вита • "Никогаш не престанувај со играње. " • "Светот е во игра."(само во Европа)
Истакнати рекламни кампањи
[уреди | уреди извор]Прави само сѐ
[уреди | уреди извор]Најистакнатата реклама од последните реклами за Плејстејшн е серијата на "Прави само сî" која се одликува со измислен лик Кевин Батлер кој е потпретседател кај Плејстејшн.Овие рекламни пораки обично го огласуваат Плејстејшн 3 и неговите игри низ серија на комични одговори на прашањата "Драг Плејстејшн".Овие реклами се здобија со популарност кај гејмерите,иако нивната прва појава се соочи со критики од страна на Ниеријската влада поради спомнување на 419 измами кои потекнуваат од Нигерија.Сони испрати извинување и прозиведе нова верзија на рекламата со промена на навредувачкиот дел. Се издаде нов осврт на кампањата за Плејстејшн Портабл кој вклучува слични реклами за кампањата наречена "Повиши ја твојата игра" која исто така вбројува измислен тинејџерски лик под името Маркус Ривер со слична улога на Кевин Батлер,но одговарајќи ги прашањата "Драг Плејстејшн" за ПСП.
Реклами за бело керамички ПСП во Холандија
[уреди | уреди извор]Во Јули 2006 година во Холандија се издаде рекламна кампања во која се употребија белец целосно облечен во бело и црн модел целосно облечен во црно за да ги споредат новиот бело керамички ПСП на Сони и првобитниот пијано црн ПСП.Серијата реклами ја отслика борбата помеѓу двата модела и привлече медиумски критики поради расизам,иако Сони е едноличен во тоа дека рекламата немала никаква расистичка порака.
ПСП е сè што сакам за Божиќ
[уреди | уреди извор]Во Ноември 2006 година,маркетинг компанија ангажирана од Американското одделение на Сони создаде мрежно место под името "ПСП е сè што сакам за Божиќ",дизајнирана да го промовира ПСП на со вирусна маркетинг техника.Страна содржи блог кој наводно го напишал тинејџерот "Чарли",кој се обидува да ги убеди родителите на неговиот пријател Џереми да му купат ПСП,и правејќи "музичко видео" од еден од нив двајца како "рапуваат" за ПСП.Посетителите на мрежната страница брзо дознаваат дека страната е регистрирана во маркетинг компанија,што ја разоткрива кампањата на страни како што се www.youtube.com и диг[мртва врска].Сони беше приморан да признае дека всушност страната е маркетинг кампања и во едно интервју со неџт-ген.биз, Сони призна дека "лошо ја изведе идејата".
Прием
[уреди | уреди извор]Во 2005 година Австралискиот весник Ди Ејџ напиша статија за брендот на Плејстејшн.Во бројните интервјуа спроведени со различни ликови од индустријата се најде и интервју со Д-рЏефри Бренд,помошен професор за комуникација и медиуми на Универзитетот Бонд кој истакна, "Плејстејшн повторно ја подгреа нашата фантазија преку видеоигри"Дизајнерите на игри како што е Јошики Омамотого брендот го нарече "револуционерен-Плејстејшн го смени начинот на играње,пласманот,продажбата,имиџот и друго".додека Еван Велс од Ноти Дог истакна: "Плејстејшн е одговорен што играњето игри е толку одлично" ВиТру Инк. Во 2009 го рангираше брендот на Плејстејшн на тринаесеттото место на нивниот "Ви Тру 100:Врвни општествени брендови за 2009."Поредувањето се базираше на различни гледишта,главно фокусиран на популарно општествени медиумски страни во аспект на Општествено Вмрежување,Споделување на Видео материјали,Споделување на фотографии и Блогови. Во 2010 година,блогот Гизмодо изјави дека брендот на Плејстејшн е еден од последните производи на Сони кои се издвојуваат од своите конкуренти,тврдејќи дека "доколку на улица прашате просечна личност кој е нејзиниот омилен производ од Сони,најчесто ќе го добиете одговорот Плејстејшн"Од Април 2012та година,брендот Плејстејшн е "најпроследуван"на општествената страна за вмрежување,www.facebook.com,со повеќе од 22 милиони обожувачи и следбеници што вкупно е повеќе од било кој друг бренд во забавната индустрија.Истражување н Гринлајт Ентертеинмент Ритејл исто така покажа дека брендот на Плејстејшн е најинтерактивен достигнувајќи 634 коментари и твитови на социјалните мрежни страни Фејсбук и www.twitter.com[мртва врска]