Прејди на содржината

One Outs

Од Википедија — слободната енциклопедија
Првата корица на томот танкобон, вклучувајќи го Тоа Токучи

One Outs (јапонски: ワンナウツ, буквално: Еден излегува) — манга на Шинобу Каитани, објавена во Business Jump од 1998 до 2006 г. Била повторно пуштена на 1 октомври 2008 г.[1] Студиото Madhouse објавило истоимена аниме-серија од 25 епизоди заснована на мангата.[2][3]

Главниот лик е Тоа Токучи (јап. 渡久地 東亜) — надарен фрлач што завршува во професионалната бејзболска екипа „Ликаонс“.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Саитамската екипа „Ликаонс“ е најслабата во Јапонската бејзболска лига. Хиромичи Коџима, ѕвездениот удирач (англ. batter) на „Ликаонс“, се упатува во тренинг-кампот во Окинава за да се подготви за својата последна шанса во 21-годишната кариера да ѝ донесе шампионска титула на екипата. Фрлачот што му фрлал на тренинг се повредува и заедно со тренерот одат да бараат заменик, но наместо тоа учествуваат во американската коцкарска игра „One Outs“, каде фрлач (англ. pitcher) и удирач играат еден на еден. Меѓу другите, тука игра и Тоа Токучи, најдобриот и непобедлив бејзболски играч за пари. Откако двапати го играл, Коџима го носи Токучи во „Ликаонс“ за повеќе да не игра бејзбол за пари. Меѓутоа, Токучи потпишува договор „One Outs“ со сопственикот на екипата, според кој добива 5 милиони јени за секој изваден удирач, но губи 50 милиони за изгубен бод.

  1. One Outs manga to relaunch in October, Anime News Network“. Архивирано од изворникот на 2019-04-22. Посетено на 2011-06-17. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. One Outs TV anime announced at AnimeNation Архивирано на 11 декември 2008 г..
  3. One Outs baseball manga to get TV anime this October at Anime News Network“. Архивирано од изворникот на 2019-05-21. Посетено на 2011-06-17. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]