Non-return-to-zero
Во телекомуникации, без повраток на нула (анг. Non-return-to-zero, NRZ) линиско корирање е бинарен код во кој 1 претставува една состојба (обично позитивен напон), а 0 претставува друга состојба (обично негативен напон), без неутрална или состојба на одмор. Пулсевите имаат повеќе енергија од враќање на нула (анг. Return-to-zero, RZ) кодирањето. За разлика од RZ, NRZ нема состојба на одмор. NRZ не е инхерентен самосинхронизациски код, па така некои дополнителни синхронизациски техники треба да се употребат за да се избегне губење на битови. За дадени податоци стапката на сигнализација, односно протокот за кодирањето на NRZ бара половина од пропусниот опсег којшто би бил потребен за Манчестер кодирањето. Кога се претставуваат податоци во асинхрона комуникациска шема, отсуството на неутрална состојба бара други механизми за обновување на податоци, замена на методи кои се користат за детекција на грешки кога се користат синхронизирани информации кога одделен часовен сигнал е на располагање.
NRZ сам по себе не е синхронизирачки систем туку кодирање кое може да се користи и во синхронизирани и во несинхронизирани средини за пренос т.е. може да се користи со или без одреден сигнален часовник. Поради оваа особина не е строго потребно дискутирањето за тоа како кодот ги кодира настаните „на часовничкиот раб“ или „додека трае временскиот циклус“ бидејќи сите транзиции се случуваат за даденото време и ги репрезентираат актуелните или подразбирливите интегрирани временски циклуси. Вистинкото прашање е во врска со семлирањето односно земањето примероци и дали тогаш високата или ниска состојба ќе бидат примени коректно?
Униполарен Без повраток на нула код
[уреди | уреди извор]„Еден“ е претставено со едно физичко ниво а „нула“ е претставена со друго (најчесто позитивен напон).
Според часовникот, „еден“ транзициите остануваат на високо ниво без разлика на претходниот бит, а „нула“ транзициите се секогаш на ниско ниво или обратно. Ова овозможува долги серии без да бидат променети битовите (на пример кога имаме многу единици една по друга или многу нули) и тоа води кон потешкотии при овозможување на синхронизацијата. Едно решение е да не се праќаат битови без транзиции.
Биполарен Без повраток на нула код
[уреди | уреди извор]„Еден“ е претставен со едно физичко ниво (обично негативен напон). „Нулата“ е е претставена со спротивното ниво (обично позитивен напон). Според часовникот, кај биполарен NRZ напонот се менува од позитивен кон негативен во зависност од претходниот бит кој бил испатен. Пример за тоа е RS-232, каде „еден“ е од −5V до −12V и "нула" е од +5 до +12V.
Инвертиран без повраток на нула (NRZI)
[уреди | уреди извор]Инвертиран без повраток на нула (NRZI) е метод на мапирање сигнал (изразен преку бинарен систем) во физички сигнал со цел пренос на податоци преку некој медиум за пренос. The two level NRZI signal has a transition at a clock boundary if the bit being transmitted is a logical 1, and does not have a transition if the bit being transmitted is a logical 0. Со „еден“ имаме премин на почетокот на интервалот, а со „нула“ немаме премин на почетокот на интервалот. NRZI исто така може да има долги серии од нули и да има тешкоти при синхорнизација.
Поврзано
[уреди | уреди извор]„Non-return-to-zero“ на Ризницата ? |
- Bipolar encoding
- Enhanced Non-Return-to-Zero-Level E-NRZ-L
- Return-to-zero
- Line code
- Universal asynchronous receiver/transmitter
- Manchester code
Наводи
[уреди | уреди извор]- Brey, Barry. The Intel Microprocessors, Columbus: Pearson Prentice Hall. ISBN 0-13-119506-9