KY Лебед
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 (ICRS) | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 25м [1] | 58,05с
Деклинација | +38° 21′ [1] | 07,6″
Прив. величина (V) | 11,14[2] (10.60 - 11.74[3]) |
Особености | |
Спектрален тип | M3-4I[4] (M3.5Ia[5]) |
U−B Боен показател | +2,91[2] |
B−V Боен показател | +3,39[2] |
Променлив тип | Lc[5] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: –3,574[6] млс/г Дек.: –6,279[6] млс/г |
Паралакса (π) | 0.9151 ± 0.0920[6] млс |
Оддалеченост | ~5,000 сг (1,580[2] пс) |
Апсолутна величина (MV) | −8,18[4] |
Податоци | |
Маса | 25[7] M☉ |
Полупречник | 1.420 (2.850?)[4] R☉ |
Површ. грав. (log g) | −0,5 (−0,9?)[4] |
Сјајност (болометриска) | 138.000[2]–273.000 (1.107.000?)[4] L☉ |
Температура | 3.500[4] K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
KY Лебед — црвен суперџин од спектрална класа M3,5Ia сместена во соѕвездието Лебед. Станува збор за една од најголемите и најсјајни ѕвезди, со сјајност од околу 300.000 или повеќепати од онаа на Сонцето и полупречник поголем за 1.000 пати од оној на Сонцето. Доколку е сместена во центарот на Сончевиот Систем, ќе се протега зад орбитата на Јупитер (или Сатурн). Се наоѓа на растојание од околу 5.000 светлосни години.
Набљудувања
[уреди | уреди извор]KY Лебед се наоѓа во близина на расеаното јато NGC 6913, но не е негов член. Местоположбата е во близина на светлата ѕвезда γ Лебед.[8] Препознаена е како променлива ѕвезда во 1930 година,[9] и подоцна е именувана како KY Лебед.[10] Спектралната калсификација ја сместува воо класата M3 Ia, и оттогаш се направени мали исправки.[11]
KY Лебед е крајно темноцрвено обоен поради згаснувањето, губејќи вообичаено 7,75 светлосни величини во видливото подрачје. Ѕвездата ќе може да се набљудува со човеково око доколку немаше светлосна загуба.[4]
Својства
[уреди | уреди извор]KY Лебед е голем сјаен ладен суперџин со силен ѕвезден ветер. Губи маса со еден од најголемите познати чекори за црвен суперџин и се опишува како ладен хиперџин.[2][12]
Неговите својства се непознати, но температурата е околу 3.500 K и сјајноста преку 100.000 L☉. Модел според инфрацрвениот сјај на K-зоната дава сјајност од околу 273.000 L☉, што соодвествува на полупречник од 1.420 R☉. Друг модел заснована на видливата сјајност дава неочекувана голема сјајност од 1.107.000 L☉, каде разликата воглавно се должи на претпоставките за нивото на згаснувањето. Полупречникот според оваа повисока сјајност ќе изнесува 2.850 R☉. Овие параметри се поголеми и посјајни од очекуваните за кој и да е црвен суперџин, што наведува дека истите се сомнителни.[4] Неодамна, вкрстувањето на спектралните енергетски распределби низ цел распон на бранови должини во U-зоната до 60 микронскиот микробранов флукс обезбедува пониска сјајност од 138.000 L☉.[2]
KY Лебед е променлива ѕвезда со голема амплитуда, но без јасна периодичност. Во одреден период брзо се менува сјајот, а во други е стабилна на подолги периоди.[8] Фотографската величина се менува меѓу 13,5 - 15,5,[5] додека видливата меѓу 10,60 - 11,74.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Cutri, R. M.; Skrutskie, M. F.; Van Dyk, S.; Beichman, C. A.; Carpenter, J. M.; Chester, T.; Cambresy, L.; Evans, T.; Fowler, J.; Gizis, J.; Howard, E.; Huchra, J.; Jarrett, T.; Kopan, E. L.; Kirkpatrick, J. D.; Light, R. M.; Marsh, K. A.; McCallon, H.; Schneider, S.; Stiening, R.; Sykes, M.; Weinberg, M.; Wheaton, W. A.; Wheelock, S.; Zacarias, N. (2003). „VizieR Online Data Catalog: 2MASS All-Sky Catalog of Point Sources (Cutri+ 2003)“. VizieR On-line Data Catalog: II/246. Originally published in: University of Massachusetts and Infrared Processing and Analysis Center. 2246: 0. Bibcode:2003yCat.2246....0C.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 3,0 3,1 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 5,0 5,1 5,2 KY Cyg, database entry, The combined table of GCVS Vols I-III and NL 67-78 with improved coordinates, General Catalogue of Variable Stars Архивирано на 20 јуни 2017 г., Sternberg Astronomical Institute, Moscow, Russia. Accessed on line November 12, 2010.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil) Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
- ↑ List of Largest Stars Gets 3 New Chart Toppers, Robert Roy Britt, space.com, 10 January 2005. Accessed on line November 12, 2010.
- ↑ 8,0 8,1 Romano, G. (1969). „Researches with the Schmidt telescopes. III. Variable stars in the field of gamma Cygni“. Memorie della Società Astronomia Italiana. 40: 375. Bibcode:1969MmSAI..40..375R.
- ↑ Hoffmeister, Cuno (1930). „Relative Koordinaten, Oerter und Karten neuer Veraenderlicher“. Mitteilungen der Sternwarte zu Sonneberg. 17: 1. Bibcode:1930MiSon..17....1H.
- ↑ Ahnert, P.; Van Schewick, H.; Hoffmeister, C. (1941). „Die Veraenderlichen Sterne der noerdlichen Milchstrasse. Teil II“. Kleine Veroeffentlichungen der Universitaetssternwarte zu Berlin Babelsberg. 6: 4.1. Bibcode:1941KVeBB...6....4A.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Stickland, D. J. (1985). „IRAS observations of the cool galactic hypergiants“. The Observatory. 105: 229. Bibcode:1985Obs...105..229S.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- http://jumk.de/astronomie/big-stars/ky-cygni.shtml
- http://www.astronomy.com/asy/default.aspx?c=a&id=2772