Прејди на содржината

It's a Hard Life

Од Википедија — слободната енциклопедија
„It's a Hard Life“
Сингл од Квин
од албумот The Works
Издаден 16 јули 1984
Формат Грамофонска плоча
(7", 12")
Снимен 1983 година
Жанр Рок
Должина 4:08 (Албумска верзија)
5:05 (12" продолжена верзија)
Издавачка куќа EMI / Capitol
Композитор Фреди Меркјури
Продуцент Квин и Мек
Хронологија на синглови на Квин
"I Want to Break Free"
(1984)
"It's a Hard Life"
(1984)
"Hammer to Fall"
(1984)

"It's a Hard Life" e песна на британскиот рок бенд Квин, напишана од главниот пејач Фреди Меркјури. Била издадена на нивниот албум The Works од 1984 година, и била третиот сингл од тој албум. Стигнала до местото број 6 на британската сингл листа и била нивни трет последователен Топ 10 сингл од албумот. Исто така песната се искачила и до местото број 2 во Ирска, како и до место број 20 во Холандија.

Композиција

[уреди | уреди извор]

Стиховите на почетокот на песната и мелодијата на It's a Hard Life се засновани на стихот "Ridi, Pagliaccio, sul tuo amore infranto!" (Смеа, кловн, кон твоето скршено срце) од аријата "Vesti la giubba, од операта Паљачо на Руџеро Леонкавало. Меркјури е познат по својата љубов кон операта, која има силно влијание во многу песни на бендот Квин. (на пример Bohemian Rhapsody).

Музички, песната повторно го создава чувството од „Play the Game“, со цел да ја надополни приказната, исползувајќи го свирењето на Меркјури на пијаното и карактеристичната техника на бендот од повеќеслојни хармонии. Била снимена во традицијата на претходните албуми на Квин кои не вклучувале синтисајзери. Од снимањето на The Game од 1980 година па се дотогаш бендот користел синтисајзери при снимањето и затоа потегот на враќање кон традиционалниот звук на Квин бил утешителен за некои обожаватели.

Музичко видео

[уреди | уреди извор]

Видеото на Тим Поуп кое ја пропратува песната, било создадено во оперски стил, каде бендот и додатоците се појавуваат во костими во „оперски-стил“. Видеото исто така вклучувало како Меј свири несекојдневна гитара направена од „череп и коски“ која чинела повеќе од 1.000 фунти, и која може да се види на опаковката на синглот.

На бендот костимите им биле непријатни и топли, а „очите“ на облеката на Меркјури била исмевана од другите, кои велеле дека тој им наликува на „големо морско ракче“. И Брајан Меј и Роџер Тејлор се пожалиле на видеото кога било пуштено во позадина додека давале интервју за колекцијата Greatest Video Hits 2.

Тејлор рекол дека тоа било „најлошото музичко видео дотогаш“. Меј, пак, попозитивно истакнал дека видеото е иронично и го претставува Меркјури како богат човек кој пее за тоа како се тешки животот и љубовта, а во тоа време Меркјури во својот вистински живот поседувал големо богатство но сè уште трагал по љубов.

Роџер тејлор, од негова страна забележува дека тој всушност ја обожава песната, но го мрази видеото. И покрај ова видеото било постирано на официјалниот канал на бендот на YouTube.

Една од глумиците во видеото е германската глумица, Барбара Валентин.

Позиција на топ-листите

[уреди | уреди извор]
Табела (1984) Највисока
позиција
Британски Синглови (The Official Charts Company)[1] 6
Австралија (Kent Music Report)[2] 65
Германија (Media Control AG)[3] 26
Холандија (Мега Сингл Топ 100)[4] 20
Холандија (Холандски Топ 40)[5] 4
Белгија (Ultratop 50 Фландрија)[6] 31
Нов Зеланд (RIANZ)[7] 30
Ирска (IRMA)[8] 2
САД Билборд Хот 100[9] 72
  1. "July 1984 Archive Chart" UK Singles Chart. The Official Charts Company. Retrieved 23 јули 2013.
  2. Кент, Дејвид (1993). Australian Chart Book 1970–1992 (doc)|format= бара |url= (help). Australian Chart Book, St Ives, N.S.W. ISBN 0-646-11917-6.
  3. "Die ganze Musik im Internet: Charts, News, Neuerscheinungen, Tickets, Genres, Genresuche, Genrelexikon, Künstler-Suche, Musik-Suche, Track-Suche, Ticket-Suche - musicline.de" (на германски). Media Control Charts. PhonoNet GmbH. Retrieved 23 јули 2013.
  4. "Dutchcharts.nl – Queen – It's A Hard Life" (на холандски). Mega Single Top 100. Hung Medien / hitparade.ch. Retrieved 23 јули 2013.
  5. "Nederlandse Top 40 – Queen search results" (in Dutch) Dutch Top 40. Stichting Nederlandse Top 40. Retrieved 23 јули 2013.
  6. "Ultratop.be – Queen – It's A Hard Life" (на холандски). Ultratop 50. Ultratop & Hung Medien / hitparade.ch. Retrieved 23 јули 2013.
  7. "Charts.org.nz – Queen – It's A Hard Life". Top 40 Singles. Hung Medien. Retrieved 23 јули 2013.
  8. Irish charts search. irishcharts.ie. Accessed on 23 July 2013. In the box under Search by Song Title, type in It's a Hard Life. Then click search. Accessed on 23 July 2013.
  9. ERROR: Billboard chart was invoked without providing an artist id. Artist id is a mandatory field for this call."Queen Album & Song Chart History" Billboard Хот 100 for Queen. Prometheus Global Media. Retrieved 23 јули 2013.