Прејди на содржината

CV

Од Википедија — слободната енциклопедија

Curriculum vitae (преведено како животен тек) нуди преглед на животот и квалификациите на лицето. Од резимето се разликува затоа што е наменето за академска или медицинска кариера, и е поразбирливо. CV-то дава образложение за образованието во поголема мера отколку резимето. Резимето е специјално направено за работното место за кое се аплицира. Зависи од работата и од целта. Една од клучните одлики на резимето е концизноста.

Употреба

[уреди | уреди извор]

Во Соединетите Американски Држави и Канада, во CV-то треба да има сеопфатна список на професионална историја, вклучувајќи го секое вработување, академските квалификации, публикации, придонеси или значајни достигнувања. Кај одредени професии, може да се вклучат примероци од трудови и може да достигне голем број страници.

Во Европската Унија имаше обид да се создаде стандардизиран модел на CV познат како Еуропас (во 2004г. од страна на Европскиот Парламент и Европската Комисија) и промовиран од страна на ЕУ за да се олесни миграцијата на квалификувани работници помеѓу земјите-членки, иако тоа не е широко применето во сите контексти.

Стандардно британско CV може да ги вклучи следниве точки:[1]

  • Лични детали најгоре на страната, како што се име, напишано со задебелени букви, адреса, броеви за контакт и е-адреса, доколку лицето поседува. Слики не се потребни, доколку не се тоа не се побара. Модерните CV се пофлексибилни.
  • Личен профил, напишан или во прво или во трето лице, краток параграф за апликантот. Тоа треба да се заснова на факти и не треба да содржи какви било лични мислења за квалитетите на оној кој го пишува, како на пример „ентузијаст“, или „силно мотивиран“ итн.
  • Само листа со наброени главни способности на апликантот или професионални одлики не е многу софистициран начин.
  • Хронолошка листа во обратен редослед на образовните квалификации на апликантот и работното искуство, вклучувајќи ја и моменталната позиција. CV-то треба да дава информации за целосната кариеа на апликантот. Делот кој се однесува на историјата на кариерата треба да ги опише достигнувањата наместо обврските. Почетокот на кариерата може да биде опишан во кратки црти, додека моменталната работа треба да биде илустрирана со концепти, планови, достигнувања, задачи.
  • Хронолошката листа во обратен редослед на образование и обука на апликантот, вклучувајќи список на неговите/нејзините квалификации, односно академски и професионални квалификации.
  • Ако апликантот неодамна го завршил образованието, работното искуство и образованието се во обратен редослед. Датум на раѓање, пол, поседување на возачка дозвола, се стандардни работи, но не и задолжителни и не треба да трошите простор за ситници. Работодавачот кој беспотребно бара датум на раѓање или пол, може да се судри со новата антидискриминаторска легислатива.
  • Хоби и интереси на апликантот (опционално)

Задолжително е да биде искуцано или компјутерски обработено, а не рачно напишано. Има неколку гафови поврзани со CV:

  • CV-то е подолго од две страници А-4 формат. (Ова правило не важи за академски позиции, каде што CV-то најчесто вклучува целосна список на публикации. CV-то за работни места за истражување и академска администрација може да има каква било должина.)
  • Пишување негативни работи за други лица или бизниси.
  • Ако се аплицира за одредена позиција, без да се напише писмо се кое ќе се објасни зошто Вие сте соодветни за таа позиција.
  • Наведување на вештини кои не ги поседувате.

Како и кај резимето, и кај CV-то постојат одредени трендови, како на пример:

  • Во земји од германско говорно подрачје, сликата беше задолжителен дел од CV-то подолг период.
  • На огромниот индиски пазар на трудот, слики и добар изглед се голема предност во услужната индустрија
  • Фотографија од апликантот не се препорачува во САД затоа што тоа сугерира дека работодавачот може да врши дискриминација врз основа на изгледот – возраст, раса, пол, привлечност, и сл. Театарската и модната индустрија се исклучоци и таму треба резимето да вклучува фотографии;
  • Кога се наведуваат неакадемски вработувања во САД, најновите податоци се секогаш на прво место (обратно хронолошки).
  • Употреба на „објективна изјава“ на почетокот на документот (како на пр. „Се бара пошетна позиција во продавници“) се препорачуваше во САД во средните 90-ти, но беа исфрлени во доцните 90-ти. Но, со напливот на резимеа дистрибуирани преку интернет во доцните 90-ти, „објективен“ и/или изјава со „преглед на способности“ стана се почеста појава за да им помогнат на работодавачите да определат дали кандидатот е соодветен. На други места ова не е толку често.
  • Профилната изјава се воведе од страна на агенциите за работа во доцните 80-ти. Многу кандидати денес го започнуваат своето ЦВ со таква изјава. Тоа може да биде мал параграф или наведување под точки најдобрите способности и искуства на кандидатот.
  • Листа со компјутерски способности (како што е високо ниво на познавање на софтвер за документи) беше новост во 80-тите, но стана стандардно за професионални позиции во 90-тите.
  • Во 80-тите и раните 90-ти во САД беше тренд да не се дозволува резимето да биде подолго од една страна. Во доцните 90-ти ова ограничување се занемари и се зачестија резимеа од две до три страни.

Споредба со резиме

[уреди | уреди извор]

Сurriculum vitae се разликува од резиме затоа што е соодветно за медицински или академски кариери и е далеку поразбирливо. CV-то обрнува повеќе внимание на образованието, одошто резимето.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. McGee, Paul; Writing a CV that works, Dec 2002

еn:CV