Роксана (317 Роксана, меѓун. 317 Roxane) — астероид од астероидниот појас со пречник од околу 19 км. Откриен е на 11 септември 1891 г. од францускиот астроном Огист Шарлоа во Ница. Името му го дал Ф. Бидшоф, помошник во Виенска опсерваторија, по барање на Шарлоа; Бидшоф избрал да го нарече по кралицата Роксана, сопругата на Александар Македонски.[2][3][4]
Во 2008 г. стручна екипа утврдила дека овој астероид највеќе скептроскопски одговара на метеоритот „Пења Бланка Спрингс“ паднат во Тексас во 1946 г. што би значело дека тој е парче откршено од Роксана.[5]
Во 2009 г. во опсерваторијата „Џемини Север“ е откриена месечина која кружи околу Роксана, користејќи телекоп со адаптивна оптика. Месечината е наречена Олимпија, по мајката на Александар Македонски и свекрва на Роксана. Пред да добие име, ја носела привремената ознака S/2009 (317) 1.[6] Таа има пречник од 5 км и кружни на растојание од 245 км од Роксана, исполнувајќи еден круг за 13 дена.[7]