Прејди на содржината

27 фустани

Од Википедија — слободната енциклопедија
„27 фустани“
Театарскиот постер
РежисерЕн Флечер
ПродуцентГери Барбер
Роџер Бирнбаум
Џонатан Гликмен
Џефери Силвер
СценаристАлајн Брош МекКенал
Главни улогиКетрин Хајгл
Џејмс Марсден
Малин Акерман
Едвард Брнс
Џуди Грир
МузикаРенди Едилмен
КинематографијаПитер Џејмс
МонтажаПрисила Нид-Френдли
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера18 јануари 2008
Времетраење111 минути
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$30 милиони
Бруто заработка$159,633,944

27 фустани е филм од 2008 по жанр романтична комедија режиран од Ен Флечер и напишан од Алајн Брош МекКенал. Главни улоги во филмот се Кетрин Хајгл како Џејн и Џејмс Марсден како Кевин.

Heigl in a grey and silver dress, behind her several woman wearing the same white dress from the film poster
Кетрин Хејгл на премиерата на филмот во Вествуд, Лос Анџелес

Филмот бил прикажан 10 јануари 2008 во Австралија. Прикажан е во САД на 18 јануари 2008 и во Велика Британија и Ирска на 27 март 2008.[1]

Ана Флечер

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Џејн Николс (Кетрин Хајгл) била деверуша на дваесет и седум свадби. Една вечер таа учествува на две свадби како деверуша скоро истовремено. На едната свадба во обид да го фати бидермаерот, луѓето ја буткаат на земја и таа се онесвестува.

Згоден маж и помага да се освести и и се претставува како Кевин (Џејмс Марсден). И помага да влезе во таксито и ја носи до дома. За време на возењето со таксито тие се караат за свадби. Џејн си оди дома но не забележува дека си го заборавила нејзиниот организатор. Кевин го зема и почнува да го проучува. Џејн почнува да го мрази Кевин бидејќи тој и се претставува како човек кој мрази веселби а поготово свадби. Излегува дека Кевин всушност не е тоа што се претставува тој ја пишува рубриката за свадби и свршувачки за Њујорк џернал, под уметничкото име Малком Дојл, што случајно излегува дека тоа е единствената рубрика која Џејн со задоволство ја чита и си го замислува мажот од своите соништа да биде чувствителен како писателот на рубриката. Како и да е, тој се обидува да ја остави рубриката за свадби и да почне да пишува „реални“ вести и истражителни делови. Откако го виде планерот на Џејн, тој решава да пишува за „доживотната деверуша“ за да ја подобри кариерата.

Следниот ден, Кевин и праќа цвеќиња на работа, но таа не знае од кого се. Нејзината најдобра пријателка и соработничка, Кејси (Џуди Грир), потврдува дека Џејн е на свршувачката на нивната откачена и затворена рецепциониска, Џина, таа вечер. Се открива дека Џејн е заљубена во нејзиниот шеф, Џорџ (Едвард Брнс) и дека тој е единствениот од местото каде работи Џејн што не е запознаен со нејзините чувства. Помладата сестра на Џејн, Тес (Малин Акермен), доаѓа да ја посети од нејзината работа како модел во Милано. Џејн ја поканува на забавата. Тес најпрвин сака да оди на пијалак со пријателите, но подоцна решава да оди на забавата. На забавата, Џорџ ја прашува Џејн дали тоа што го оставил на нејзината маса е во ред, дали нивниот нов вид на врска е во ред со нив. Џејн помислува дека тој ги испратил цвеќињата и нејзината пријателка Кејси ја охрабрува да му каже што чувствува. Како што оди Џејн по подот накај Џорџ, Тес пристигнува на забавата. Тес и Џорџ се воодушевени од самите себе на прв поглед и Џејн полудува. Џејн ги запознава и открива дека тој и оставил алишта за перење на масата. Кевин се појавува и и го враќа организаторот. Таа открива дека тој го испишал своето име и број насекаде во организаторот, се налутува и му се јавува.

По една ноќ танцувајќи со Џорџ, Тес се враќа дома кај Џејн во утрото, сè уште облечена по старо. Брзо по ова, Тес и Џорџ почнуваат да излегуваат. Тес дознава од Џејн дека Џорџ е вегетаријанец, сака животни и надворешни спортови. Иако Тес не сака ниту една од овие работи, се преправа дека ги сака овие работи за да тој ја засака. По кратко време што прави да ја боли Џејн толку колку што ја задоволува Тес тие се свршуваат. Г-дин Николс, таткото на Џејн и Тес, и го дава невестинскиот фустан на мајка им да го носи, иако треба Џејн да го носи. Џејн почнува да ја планира свадбата од соништата на сестра и со човекот кој таа го сака, Џејн дознава дека Тес ја резервирала куќата на брод што Џејн отсекогаш ја сакал за нејзината свадба и дека свадбата е за само три недели.

Некој доаѓа да ги интервјуира Тес и Џорџ за рубриката за свадби и Кевин е откриен како „Малком Дојл“. Џејн е шокирана. Тес му кажува дека Џејн е негов најголем обожавател и дека му ги сече сите статии и ги лепи насекаде од што ги сака. Џејн мисли дека Кевин е циник и мрази свадби и кога дознава што тој пишува, таа е шокирана од неговите чувствителни статии.

Кевин ја тера Џејн да ги облече сите фустани во нејзиниот плакар и ја слика Џејн носејќи ги. Подоцна тој пишува напис за тоа, и го испраќа кај неговата шефица. Таа пак, се согласува статијата да стои на насловната страница, но Кевин бара да се одложи тоа за следната недела.

Во меѓувреме, додека купува работи за свадбата, Џејн не сакајќи открива дека извор на цинизмот на Кевин е тоа што жена му го оставила за да се омажи со пријател од факултет. За да се извини за откривањето, Џејн решава да одбере грди работи за свадбата.

Џејн и Џорџ се сретнуваат да разговараат за храната на свадбата. Кевин влегува во просторијата во истиот момент и сфаќа дека Џејн е вљубена во Џорџ. Тој се обидува да замине незабележан, но тие го забележуваат. Тој сѐ уште е љубоморен, мо инсистира да му помогне за нешто на Џорџ за да може Џорџ да биде со неговото семејство пред свадбата. Додека е во кола со Џејн, Кевин ја принудува да признае за нејзините чувства кон Џорџ. Џејн одрекува, излудува и почнува да вози пребрзо по голема бура, што прави да колата закочи и се заглави во кал. Двајцата одат во најблискиот бар да најдат телефон и бидејќи таму нема никаков телефон, тие пијат неколку пијалаци заедно.

Кевин и Џејн разговараат и почнуваат сфаќаат дека имаат едно нешто заедничко: Нивниот омилен дел од свадбите. Тие двајцата сакаат да гледаат во младоженецот кога невестата влегува во салата, и тогаш можат да го видат изразот на неговото лице. Двајцата се опиваат и завршуваат како играат на маса на песната „Bennie and the Jets“. Откако се враќаат во колата, Кевин и признава на Џејн дека тој има плачено на една свадба за која тврдел дека ја има заборавено и потоа се бакнуваат. Работите се згустуваат и во колата тие имаа секс.

Следното утро Џејн кажува дека таа „никогаш не го направила тоа до сега“ и нештата стануваат многу незгодни. Тие одат на појадок. Таму, Џејн го здогледува написот во весникот за неа бидејќи шефицата на Кевин решила да го објави каков што е, само исполнет со сите слики. Џејн е посрамотена и лута и го напушта Кевин. Кевин и се налутува на шефицата, но е потсетен дека изборот да се објави не бил негов. Тес полудува кога гледа дека и таа е спомената во статијата како одвратна и лоша невеста нешто како Годзила, но во сета таа збрка, решава да и „прости“ на Џејн за статијата. Џејн ги прифаќа работите такви какви што се и простува (во себе) на сестра и сè додека не забележи дека Тес го искинала целиот фустан на мајка и и направила нешто друго а деловите ги зачувала. Џејн полудува во продавницата за фустани, уценувајќи ја Тес дека ако таа не му каже на Џорџ која е и што е, Џејн ќе му каже.

  1. „27 Dresses (2008) - Release dates“. Internet Movie Database. Посетено на 2008-01-18.