Штитоцветни
Штитоцветни | |
---|---|
Целер (листови и цветчиња), морков (стебло), морач (соцветија), влавец (соцветија) и магдонос (корен) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Штитовидни |
Семејство: | Штитоцветни Lindl. |
Типски род | |
Целер (Apium) L. | |
Потсемејства | |
| |
Синоними | |
Umbelliferae |
Штитоцветни (науч. Apiaceae) или Apiaceae) — семејство на ароматични растенија со шупливи стебла. Тука спаѓа кимот, магдоносот, морковот, коријандерот, копарот, кимот, анасонот, дивиот копар (сминдот), пашканатот, целерот и некои други видови. Ова е големо семејство со околу 300 родови и повеќе од 3000 видови. Првичното име Umbelliferae доаѓа од соцветието кое е во форма на сложен умбел, односно штит, збор што има ист корен со umbrella (чадор), поради очигледни причини.
Опис
[уреди | уреди извор]Малите цветови се радијално симетрични со 5 мали чашки, 5 венечни и 5 прашници. Семејството вклучува неколку високотоксични растенија, како што е кониумот. Многу растенија во ова семејство, како дивиот морков, имаат естрогенски својства и се користеле во народната медицина за контрола на раѓањето. Најпознат вид кој се користел за оваа намена е изумрениот џиновски див копар - силфион.
Ова семејство е тесно поврзано со Araliaceae и границите помеѓу овие фамилии останува нејасни. Некое скорешни класификациски системи ја вклучуваат Araliaceae во проширена Apiaceae, но ова не е прифатено од многу научници. Родовите Hydrocotyle и Trachymene, традиционално сместувани во Apiaceae, сега се дел од Araliaceae.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Штитоцветни на Ризницата ?
- UVSC Herbarium - Apiaceae
- Umbellifer Resource Centre
- Umbellifer Information Server Архивирано на 4 мај 2005 г.
- Family Apiaceae Архивирано на 23 март 2016 г. - Flowers in Israel
- Apiaceae of Chile, by Chileflora
|
|