Чипровци
Чипровци Чипровци | |
---|---|
град | |
Поглед на плоштадот во Чипровци | |
Местоположба на Чипровци во Бугарија | |
Координати: 43°23′04″N 22°52′57″E / 43.384551° СГШ; 22.882484° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Монтана |
Општина | Чипровци |
Управа | |
• Градоначалник | Пламен Петков (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 65,467 км2 (25,277 ми2) |
Надм. вис. | 505 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 1,571 |
• Густина | 24/км2 (62/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 3460 |
Повик. бр. | +359 09554 |
Мреж. место | chiprovtsi.bg |
Чипровци (бугарски: Чипровци) — гратче во северна Бугарија, административен центар на општината Чипровци во Монтанската Oбласт. Има население од околу 1.571 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Чипровци се наоѓа на 505 m надморска височина во тесна долина во Западна Стара Планина долж горниот тек на реката Огоста, опкружена со Чипровска Планина на југозапад и Јазова Планина. Гратчето се наоѓа на 49 км северозападно од регионалниот центар Монатана.
Историја
[уреди | уреди извор]Чипровци уште од средниот век бил рударско-металуршки центар[2], еден од најзначајните рударски центри за сребро и злато на Балканот[3]. Во првите векови од османлиското владеење, рудниците кај Чипровци привлекувале католички германски рудари − главно дунавски Германци.[4] Заедно со рударите, фрањевските монаси дојдоле во Чипровци и градот станал просперитетен мисионерски центар на католичката вера со првиот манастир во оваа област. Во овој период градот економски се развивал, а османлиските власти му дале поголеми права и слободи од кој било друг центар во Бугарија во тоа време.
Во 1688 година жителите на градот организирале Чипровското востание кое завршило со пораз − турските трупи го срамниле градот со земја, жителите биле убиени или заробени.[2] Градот останал ненаселен 30 години. На почетокот на 18 век, градот повторно се родил и станал центар на традиционалното производство на килими.[2][3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Leslie Strnadel, Patrick Erdley: Bulgaria (Other Places Travel Guide). Other Places Publishing, 2012, s. 115-116. ISBN 978-0-9822619-9-6.
- ↑ 3,0 3,1 Dorling Kindersley Ltd: DK Eyewitness Travel Guide: Bulgaria. Dorling Kindersley Ltd, 2011, s. 182. ISBN 978-1-4053-6852-0.
- ↑ Charles A. Frazee: Catholics and Sultans: The Church and the Ottoman Empire 1453-1923. Cambridge University Press, 2006, s. 109. ISBN 978-0-521-02700-7.