Прејди на содржината

Чинар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Чинар или платан (Platanus Orientalis) вид дрво кое е распространето во југоисточните подрачја на Балканскиот Полуостров, Мала Азија, Средна Азија, сè до Хималаите.

Чинарот петставува големо шумско дрво високо до 40 метри и дебело до 3 метри. Кората се лупи во вид на тенки неправилни лушпи кои опаѓаат со што се добива шарен изглед. Многу често, во понискиот дел од стеблото, кората напукнува во вид на подлабоки неправилни мали плочки. Пупките се конусни и долги до 9 мм, покриени со една покривна лушпа при што се целосно опфатени со основата на лисната дршка, поради што се гледаат по опаѓањето на лисјето. Лисната плојка е широка до 20 см., длабоко всечена на 5-7 дела и со клиновидна основа. Лисната дршка е долга до 7 см. По својата форма не се разликува лисјето од кусорастите и долгорастите. Цутењето се одвива едновремено со пролистувањето, кое се случува во текот на април. Цутовите се собрани во топчести соцутија, наредени машки и женски околу оски, со тоа што оските со машки и женски цутови е одвоени. По цутењето, машките соцутија се сушат и опагаат, а женските се развиваат во топчести соплодија и созреваат во есен, истата година. Нивниот број по секоја оска се држи 2-8, а средно 3-4. Тие се распагаат на почетокот на пролетта, следната година.

Плодови и листови од чинар

Платанот е светлољубив, топлољубив и хигрофилен вид. Оптимални услови за својот развој наоѓа по крајречните наноси, без оглед на нивниот состав и структура.

Платанот продуцира тврдо дрво кое е слично на буковото и може да најде најразлична примена.

Познати чинари

[уреди | уреди извор]
  • Охридски чинар — во чаршијата на Охрид; според едно предание, засаден од Климент Охридски

Чинарот како тема во уметноста

[уреди | уреди извор]
  1. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 55-56.