Прејди на содржината

Чимор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кралство Чимор
Чимор
900–1470
Location of Кралство Чимор
Главен градЧан Чан
Говорени јазицикигнам, мочик
Уредувањен/п
Крал на Чимор 
• 900?-960?
Такајнамо
• 960?-1020?
Гвакрикаур
• 1020?-1080?
Њанкемпинко
• 1440?-1470
Минчанкаман
Историја 
• Основана
900
1470
Претходници
Наследници
Вариска Империја
Тавантинсују

Чимор или Кралство Чимор била политичката заедница на културата Чиму. Кралството владеело со северниот брег на Перу од околу 850 до 1470 година. Чимор било најголемо кралство во доцниот среден период и зафаќало 1,000 км брег. Денес, најголемо археолошко наоѓалиште е стариот град Чан Чан.

Особености

[уреди | уреди извор]

Чиму прераснале како посебна цивилизација од културата Моче. Првите долини на кралството доброволно се приклучиле кон државата, а Сиканската култура била освоена преку војна. Чуми имале видно влијание и од Кахамарка и Вари. Според легендатата, Чам Чам бил основан од Тајканамо кој дошол во регионот преку море.

Чимор било последното кралство кое дало отпор на Тавантинсују. Тупак Инка Јупанки започнал поход за освнојување на Чимор во 1470-те и го поразил водачот Минчанкаман. Чимор целосно бил под владеење на Инките со доаѓање на престолот на Хуајна Капак.

Поврзано

[уреди | уреди извор]