Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ова е статија за една од неколкуте цркви во Охрид посветени на Свети Никола. За другите видете Црква „Св. Никола Болнички“, Црква „Св. Никола Чудотворец“ и Црква „Св. Никола Геракомија“
Свети Никола

Црквата Свети Никола во Охрид

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Деветта охридска
Местоположба

Карта

Место Охрид
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1863 година
Зограф Драган Ристески и Дичо Зограф
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Света Николамакедонска православна црква која се наоѓа во Охрид, на улицата Партизанска и Спас Банџов, во Долна Влашка Маала близу Охридати. Според преданието кога Џеладин бег го запалил Москополе поголем дел од влашкото население се доселило во Охрид и ја подигнало оваа црква.[1] Според натписот на грчки јазик кој стои над влезната врата во црквата, таа е изградена во 1863 година.

Црквата е изградена од цврст материјал: камен и варов малтер, сите ивици се направени од делкан камен, а апсидата изобилува со прекрасни арки од делкан бигорен камен. Таа е еднокорабна засводена со две слепи кубиња, и е невообичаено за тој временски период што не е фрескоживописана. Фрескоживописот кој денес може да се забележи е од раката на Драган Ристески од село Сирула. Иконостасот на црквата е правен од раката на Дичо Зограф од Тресонче и допојасните престолни икони. Инересно е да се напомне дека дверите на иконостасот, и распетието, не се вклопуваат според стиловите, па поради тоа има мислење дека Распетието, и дверите, се донесени од изгорената црква во Москополе.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „„Св. Никола" - Охрид“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2012-04-09. Посетено на 2012-03-17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]