Црква на Англија
Црква на Англија Church of England | |
---|---|
Врховен управник | Чарлс III |
Поглавар | Џастин Велби, Архиепископ Кантербериски |
Седиште | Черч Хаус, Вестминстер, Лондон |
Територија | Англија Ман · Каналски Острови Гибралтар · континентална Европа |
Верници | 41,337,554 милиони покрстени[1] |
Мреж. место | www.churchofengland.org |
Црквата на Англија или Англиканска црква (англиски: Church of England) е христијанска црква[2] во Англија и матична црква на англиканските цркви ширум светот.
Црквата на Англија се смета себеси и за католичка и за реформирана (протестантска): католичка е бидејќи смета на својот континуитет од апостолските и средновековните времиња и се потпира на најраните учења на првите црковни татковци, особено на Апостолскиот, Никејскиот и Атанасијскиот Завет.[3] Покрај тоа, таа е и реформирана бидејќи го примила влијанието на некои доктринарни начела од реформацијата од XVI век. Ова се гледа од 39-те прописи воспоставени од кралицата Елизабета I како дел од помирувањето на религијата во Англија. Обичаите и литургијата во Англиската црква се засноваат на постарите католички традиции, но се осовременети под влијанието на реформацијата.[3]
Црквата на Англија се осамостоила од католичката во времето на кралот Хенри VIII, и оттогаш англискиот монарх го назначува Архиепископ Кантербериски кој е поглавар на црквата. Моментален архиепископ е Џастин Велби (2013-).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Гледхил, Рут (6 Јули 2024). „Католиците ќе ги надминат англиканците како водечка црква во Британија“. The Times. Лондон. Архивирано од изворникот на 2011-09-18. Посетено на 2013-02-18. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) (англиски) - ↑ „Историја на Црквата на Англија“. Совет на Архиепископот на Црквата на Англија. Архивирано од изворникот на 2010-02-21. Посетено на 24 мај 2006. (англиски)
- ↑ 3,0 3,1 http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf
|