Прејди на содржината

Хју Далас

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хју Далас (роден на 26 октомври 1957 во Алантон) е пензиониран фудбалски судија. Тој судел на Светското првенство 1998 година како и на Светското првенство во фудбал 2002, каде бил назначен за четврти судија во финалето. Тој исто така судел и на Летните олимписки игри во Атланта 1996, во финалето на Купот на УЕФА 1999 и голем број на натпревари од Лигата на шампионите.

Од јуни 2009 до ноември 2010 тој бил делегат на судиите во Шкотската фудбалска асоцијација.[1]

  1. „Dallas appointed as SFA's Head of Referee Development“. Tribalfootball.com. 2009-06-13. Архивирано од изворникот на 2013-02-04. Посетено на 2010-06-29.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]