Филис Фокс
Филис Ен Фокс | |
---|---|
Роден(а) | 1923 Колорадо |
Државјанство | Американка |
Установи | Џенерал Електрик Курантски институт за математички науки МИТ Њуџерсиев институт за технологија Белови лаборатории |
Образование | Велсли Колорадски универзитет МИТ |
Теза | „За употребата на координатни растројувања во решавањето на физичките проблеми“ (1954) |
Докторски ментор | Лин Цејацјао |
Познат по | ДИНАМО ЛИСП ПОРТ математичка субрутинска библиотека |
Филис Ен Фокс (англиски: Phyllis Ann Fox; 13 март 1923 – 23 мај 2017) — американска математичарка и компјутерски научник.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Фокс пораснала во Колорадо.[2] Таа ги завршила до-дипломските студии на колеџот Велесли, стекнувајќи диплома за уметност по математика во 1944 година.[3]
Од 1944 до 1946 работела за Џенерал Електрик како оператор, за нивниот проект за диференцијален анализатор. Добила втора диплома, Диплома за Наука по електротехника, на Универзитетот во Колорадо во 1948 година.[1][2] Потоа таа се преселила на пост-дипломски студии на Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ), добивајќи магистратура за наука во 1949 година во областа на електротехниката, како и докторат, доктор за наука по математика во 1954 година, под надзор на Чиа-Чиао Лин.[1][2][4] За тоа време, таа исто така работела и како асистент на проектот Вител во МИТ, под водство на Џеј Форестер.[1]
Од 1954 до 1958 година, Фокс работел на бројчено решение за парцијалните диференцијални равенки на Унивак, за компјутерскиот центар на комисијата за атомска енергија на Соединетите Американски Држави, во Институтот за математички науки, Курант, на Универзитетот во Њујорк. Во 1958 година, следејќи го својот сопруг, таа се вратила во истражувачката група на Форестер за динамика на системот, во МИТ, каде што станала дел од тимот, кој го напиша програмскиот јазик ДИНАМО.[1][2][5] Таа потоа станала соработник на првиот ЛИСП преведувач, како и главен автор на првиот прирачник за ЛИСП.[6]
Во 1963 година, таа се преселила од МИТ во Колеџот за инженерство во Њуарк, каде што станала редовен професор во 1972 година. За тоа време, таа исто така била консултант и за Бел Лабс, каде што се преселила во 1973 година, за да работи на високо пренослива библиотека со броеви (ПОРТ) . Таа се пензионирала од Бел Лабс во 1984 година.[1][2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Resume and brief autobiography for Phyllis Fox, for Wellesley College Class of 1944 Record Book, Jan 1974, SIAM history website [1].
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Haigh, Thomas (interviewer) (2005). „Phyllis Fox“ (PDF). The History of Numerical Analysis and Scientific Computing - Oral Histories. Society for Industrial and Applied Mathematics. Посетено на 12 May 2010. l first = Nancy l last = Rosenberg
- ↑ „The History of Numerical Analysis and Scientific Computing“. history.siam.org. Посетено на 2018-09-27.
- ↑ Phyllis Ann Fox at the Mathematics Genealogy Project
- ↑ "Origin of System Dynamics", www.systemdynamics.org [2] Архивирано на 20 јуни 2017 г. Access date 11 May 2010
- ↑ McCarthy, J.; Brayton, R.; Edwards, D.; Fox, P.; Hodes, L.; Luckham, D.; Maling, K.; Park, D.; Russell, S. (March 1960). „LISP I Programmer's Manual“ (PDF). Boston, Massachusetts: Artificial Intelligence Group, M.I.T. Computation Center and Research Laboratory of Electronics at MIT{{inconsistent citations}} Наводот journal бара
|journal=
(help) Accessed May 11, 2010.
|