Ума
Ума | |
Поглед на влезот во селото | |
Координати 41°11′9″N 22°19′35″E / 41.18583° СГШ; 22.32639° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Гевгелија |
Област | Влахомеглен |
Население | 4 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1480 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 06034 |
Надм. вис. | 820 м |
Слава | Свети Пантелејмон |
Ума на општинската карта Атарот на Ума во рамките на општината | |
Ума на Ризницата |
Ума или Хума — село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, во околината на градот Гевгелија.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено на падините на планината Кожуф.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 850 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 20 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 42,3 км2.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Ума било христијанско влашко село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.
Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]
Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Ума порано било село со околу 500 Власи со христијанска вероисповед. Денес, тоа е практично иселено и функционира како викенд-населба.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ума имало 490 жители, сите Власи.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ума имало 480 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[7]
Селото во 1961 година имало само еден жител, а во 1994 година било целосно раселено.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Ума имало 2 жители, од кои 1 Влав и 1 Бошњак.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, од кои 1 Македонец и 3 Власи.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 390 | 480 | 380 | 225 | 44 | 7 | 1 | 1 | 0 | 2 | 4 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.
Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Горничет, во која влегувале селата Горничет, Конско, Моин и Ума.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Гевгелиска градска општина, во која покрај селото Ума се наоѓале градот Гевгелија и селата Горничет, Конско, Моин и Мрзенци.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 360 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на деловен објект - продавница на селото Серменин.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[15]
- Црква „Св. Пантелејмон” — главна селска црква
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Секоја година во почетокот на август се одржуваат панаѓурски денови по повод Св. Пантелејмон, кога во селската црква се организира неделен курбан.
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Ума
- Иван Антонов (1924-1983) — новинар
- Петар Атанасов — лингвист
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Ампиратова чешма сместена под селото
-
Асфалтниот пат до селото
-
Главната селска црква „Св. Пантелејмон“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 309. Посетено на 11 јуни 2017.
- ↑ Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јуни 2017.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|